fbpx

Водата во ОУ „11 Октомври“ е хемиски и бактериолошки исправна

-

Водата во ОУ „11 Октомври“ во општина Центар е хемиски и бактериолошки исправна за пиење, соопшти портпаролот на ЈП „Водовод и канализација“, Благоја Филиповски.

Ова го покажале резултатите од испитувањето на шест мостри од водата од шест различни места во училиштето, кои биле испратени во Центарот за санитарна контрола и надзор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Дел од земените мостри биле од одделот каде што биле пријавени најмногу ученици дека биле затруени.

Основно училиште „11 Октомври“ e затворено за настава поради зголемениот број болни деца. Училиштето ќе биде затворено додека целосно не се утврди причината за сè почестите случаи на заболувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...