fbpx
Таг: вода

таг: вода

Собрани 401.598 евра на солидарната сметка на Црвен крст и од телефонските броеви

На сметката на Фондот на солидарност на Црвен крст до сега има собрано 9.630.333 денари (156.590 евра), а од донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 до сега се собрани 8.918.000 денари (145.008 евра) велат од таму за „Мета“. Со вчерашната уплата на „Пивара Скопје“ и компанијата „Кока Кола“ вкупните средства изнесуваат 401.598 евра. - Денеска ќе...

„Пивара Скопје“ и „Кока Кола“ донираа 100.000 евра за настраданите во поплавите

„Пивара Скопје“ и компанијата „Кока Кола“ донираа 100.000 евра, вода и волонтерска помош за настраданите во поплавите. Од компанијата соопштија дека донираат по еден камион пакувана вода дневно од почетокот на поплавата, која се дистрибуира до населението во најпогодените населби. - Трагичните поседици од оваа катастрофална поплава длабоко не трогнаа сите. Нашата првична реакција беше да се обратиме до нашите долгорочни партнери во...

ЈП „Водовод“: Водата во кризните подрачја е исправна за пиење

Водата за пиење во местата погодени од саботното невреме во Скопје е санитарно исправна покажаа првичните резултати од сите мерења, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Tимови на ова претпријатие биле вонредно ангажирани, при што извршиле теренски мерења и зеле примероци од водата за пиење на територијата на целиот град Скопје, но со акцент на кризните подрачја. По направените истражувања, се...

Средства за хигиена и лекови им се најпотребни на поплавените

Гумени чизми, средства за хигиена посебно за дезинфекција, запакувана или конзервирана храна, свеќи, светилки-батерии им се потребни на жителите од поплавените подрачја. Она на што посебно се апелира е да се донираат алкохол (75 проценти), јод, стерилни завои и гази, гумени медицински ракавици, ножици, сапуни, средство „дезинтал“, тоалетна хартија, хигиенски влошки, пелени за бебиња, средства за чистење, антибактериски марамици и гел...

Пронајдено и телото на Дејан Стоилков, нема траги на насилство

Нуркачите попладнево, околу 18 часот, во водите на акумулацијата Калиманци го пронајдоа телото на 41-годишниот Дејан Стоилков од селото Дулица кај Македонска Каменица. Од полицијата информираат дека телото го нашле во возилото „форд фокус“, во кое последен пат вчера биле видени сопружниците Тања и Дејан Стоилкови. Стоилкова, чие тело беше пронајдено вчера во Калиманци, според обдукцискиот наод, починала од давање во...

Штетите од невремето во Tетовско и по една година не се санирани

Една година по катастрофалните поплави што го зафатија Тетовскиот Регион, состојбата на терен не е сменета. Ниту штетите од невремето се санирани, ниту, пак, е почната реализацијата на акциониот план за превенција од нови поплави, кој предвидува регулација на речни корита и на водотеци, санирање на брани и слично. Тетовци велат дека ниту едно ветување на властите во врска со...

Загадена е водата за пиење на Попова Шапка

Водата за пиење на туристичкиот центар Попова Шапка е фекално загадена, покажа последните испитувања на Центарот за јавно здравје Тетово кои откриле присуство на ешерихија коли. Микробиолошкото загадување е резултат на неодржување на резервоарите на водата за пиење на Попова Шапка, изјавија од центарот. - Резервоарите на водата за пиење треба редовно да се дезинфицираат, во спротивно може да дојде...

Во село Моин нема редовно вода, а и таа е нечиста

Жителите на гевгелиското село Моин се најблиску до бунарите од водоводниот систем на Гевгелија, но тоа не им е предност во однос на испораката на водата и на нејзиниот квалитет. Велат, иако е отровна, со арсен, ја немаат редовно во домовите ниту за основна хигиена. - Можеш да се разбудиш во пет часот наутро за работа, а да не можеш...

Водата во Тетово е чиста и безбедна за пиење

Последните анализи на Центарот за јавно здравје Тетово покажаа дека водата е исправна за пиење. - На повеќе мерни места резултатите од направените анализи покажаа дека  физичко-хемиските и микробиолошките својства на водата се исправни - изјави д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија, вработен во Центарот за јавно здравје Тетово. Водата од тетовскиот градски водовод три дена беше заматена поради градежни...

Втор ден тетовската вода е заматена

Водата од тетовскиот градски водовод втор ден е неисправна за пиење. Последните направени мерења покажале заматување, поголемо од дозволените граници. Од Центарот за јавно здравје Тетово велат дека на едно мерно место заматеноста изнесува 1,6 единици, а дозволено е 1,5 единици на заматеност, па затоа не ја препорачуваат за пиење. - Се врши редовна дезинсекција на водата каде има присуство на...

Водата во Тетово е забранета за пиење

Водата од тетовскиот градски водовод е неисправна за пиење. Мерењата направени попладнево покажале голема заматеност на водата. Параметарот на заматеност изнесувал 60 единици, иако дозволената граница за заматеност е  1,6 единици. За два часа заматеноста на водата се намалила и моментално нејзиниот параметар изнесува 16 единици. Од Центарот за јавно здравје Тетово препорачуваат водата да не се користи за пиење, сè додека не...

Интернет-петиција: Тодоров да се напие вода од Дојранско Езеро

Изјавата на министерот за здравство, Никола Тодоров, дека водата во Дојранското Езеро е исправна, поттикна интернет-петиција со која се бара тој да се напие чаша вода од езерото. „Бидејќи делата се погласни од зборовите, бараме министерот да стави крај на дилемите на граѓаните и со свечено пиење чаша вода од Дојранско Езеро да ни покаже дека ова лето безгрижно може да...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ неосновано шири страв и паника за Дојранско Eзеро

Водата во Дојранско Езеро е комплетно исправна за капење и не претставува опасност по здравјето на граѓаните, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ по тврдењата на СДСМ дека министерот за здравство Никола Тодоров го доведува во директна опасност здравјето на граѓаните со тоа што тврди дека водата во езерото е исправна. „Мерењата покажуваат дека во водата во Дојранско Езеро воопшто не се...

Во поплавите во Кина исчезнаа 181 лице

По повеќедневните обилни дождови, нивото на водата во централните и во источните делови на Кина почна да опаѓа. Поради надојдената вода, реките пробија брани, ги поплавија градовите и селата, го сопреа јавниот превоз, а најмалку 181 лице загинале или се исчезнати. Кинескиот премиер Ли Кечијанг ги посетил најзагрозените подрачја повикувајќи ги локалните власти да се справат со поплавите, да ги...

Во Гевгелија промовиран „Арсеновиот столб на вистината“

Граѓанската иницијатива „Арсена“ во соработка и „Центарот за современи уметности“ од Скопје, вчера попладне во Гевгелија го промовираше „Арсеновиот столб на вистината“, на кој се претставени резултатите од извршените анализи на примерок вода од гевгелискиот водовод, во кој е детектирано енормно количество од отровниот елемент арсен. Во гевгелискиот водовод во април оваа година детектирани се 21,3 микрограми арсен на еден литар вода,...

Тетовци жедни, новиот водовод сè уште се гради

Граѓаните на Тетово и ова лето ќе го поминат жедни. Новиот градски водовод, иако беше најавено дека ќе се заврши во октомври минатата година, сè уште не е изграден. Капацитетот на изворите од кои тетовци се снабдуваат со вода за пиење се намалуваат. Кај дел од граѓаните, чешмите веќе секнуваат. - Веќе се чуствува недостиг од вода за пиење. Летово ќе...

Опасност од поплави во Бугарија

Бугарскиот Национален институт за хидрологија денеска соопшти дека од утре се очекува значително зголемување на нивоата на реките во Западна Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. Во соопштението на институтот се наведува дека е неопходно „зголемено внимание“ на реките. Ваквото предупредување се должи на зголемениот обем на врнежи во Бугарија, што може да предизвика пораст на нивоата на реките во следните два дена.  

Саудиски министер разрешен поради поскапување на водата

Кралот на Саудиска Арабија, Саламан бин Абдулазиз, го сменил државниот министер за вода и за струја, Абдула ел Хусеин, поради реакциите што во јавноста ги предизвика со зголемување на цената на водата, известуваат медиумите од таа земја. Кралот Салман вчера издал указ на кој се наоѓа смената на Хусеин, кoj привремено ќе биде заменет од министерот за земјоделство, Абдел Рахман ел Фадил. Неговата смена...

Водата во Чифлик и во Облешево е неисправна за пиење

Неисправна е водата за пиење во Чифлик и во Облешево, а во Чешиново е хемиски и бактериолошки исправна за употреба, покажаа анализите направени од Центарот за јавно здравје од Кочани. - Мострата земена од чешмата во училиштето „Страшо Пинџур“ во селото Чешиново, покажа дека таа е хемиски и бактериолошки исправна за употреба. Анализите земени од чешмата во училиштето „Климент Охридски“...

Браната Калиманци закана за домовите во селото Чифлик

Испуштените води од браната „Калиманци“ го зголемиja водостојот на реката Брегалница што претставува закана за десетина куќи во кочанското село Чифлик, каде според општината Чешиново–Облешево нема заштитни бедеми. Водата е дојдена до дворовите на куќите, а жителите реагираат дека таа требало да се испушти порано, пред врнежите. Раководителот на Регионалната водостопанска организација, Никола Гацов, информира дека се испуштаат 49 кубни метри вода во секунда...

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...