fbpx

Штетите од невремето во Tетовско и по една година не се санирани

-

Една година по катастрофалните поплави што го зафатија Тетовскиот Регион, состојбата на терен не е сменета. Ниту штетите од невремето се санирани, ниту, пак, е почната реализацијата на акциониот план за превенција од нови поплави, кој предвидува регулација на речни корита и на водотеци, санирање на брани и слично. Тетовци велат дека ниту едно ветување на властите во врска со справувањето со последици од невремето не е остварено.

Жителите на Мала Речица, Голема Речица и на Шипковица, села кои беа најпогодени од поплавите, велат дека регулацијата на речните корита во нивните села е најнеопходна мерка за превенција од нови поплави.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, вели дека реализацијата на акциониот план за превенција од нови поплави, кој изнесува 25 милиони евра, зависи од финансиите кои за него треба да ги одвои Владата. Таа, по повод една година од поплавите во Тетовско, денеска одржа говор во кругот на тетовската противпожарна единица, од каде уште еднаш апелираше Владата да помогне финансиски што поскоро да се имплементира планот.

– Апелираме Владата да одвои средства, затоа што и граѓаните на Тетово имаат право да ги користат дел од парите на буџетот на Македонија – изјави градоначалничката Арифи.

Во поплавите во Тетовско кои се случија на 3 август минатата година загинаа шест лица, а стотина домови претрпеа огромна материјална штета.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.