петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: штети | 104 резултати

Ангелов: Додека не се утврдат точните штети, мостот „Беласица“ ќе остане затворен

мај 12, 2023

Мостот „Беласица“, кој го поврзува Ист гејт со железничката и автобуската станица ќе биде потполно затворен за пешаци и моторни возила додека се утврдат и санираат штетите од пожарот кој ноќеска го зафати долниот дел на мостот. Како што кажа директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, ваква одлука донесе Град Скопје, […]

Скопје денес: Откорнати покриви, поплавени објекти, оштетени автомобили – УХМР предупреди за ново невреме

август 31, 2022

Две лица се повредени, повеќе покриви на згради и куќи се откорнати и оштетени, голем број објекти, улици подвозници беа поплавени, стотици дрвја се откорнати и скршени. Ова е билансот од вчерашното невреме кое го зафати главниот град Скопје во попладневните часови со силен ветер, обилен дожд, град и грмотевици. Од Управата за хидрометеоролошки работи […]

Порталб: Владата не одговара зошто не помогна за штетите од поплавите во Тетово

август 29, 2022

Поплавите во последните неколку дена во Тетово и околните села им предизвикаа значителни штети на жителите. Но, иако имаше барање од Кризниот штаб на општина Тетово да им се помогне на жителите околу претрпените штети, Владата на Македонија не го прифати истото. На прашањето од Порталб.мк зошто не им се помогна на жителите при ваквата […]

Деветнаесет пожарникари работеле на санирање на штетите од невремето во Неготино

август 17, 2022

Деветнаесет пожарникари работеле синоќа до 23 часот на санирање на штетите од невремето во Неготино, кое беше проследено со силен ветер и поројни дождови. „Општина Неготино, од 16:10 до 16:30 часот, беше зафатена од силен ветер и поројни врнежи од дожд, се направени штети, паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии […]

УКРИНФОРМ: Украина потопи уште еден руски воен брод, досега уништени 38.000 објекти во земјата

мај 13, 2022

Во напад на украинската морнарица кај Змискиот остров, погоден е рускиот воен брод Всеволод Бобров, при што тој бил оштетен и бил испратен назад кон пристаништето во Севастопол, јавува Укринформ. Во одделен извештај, Би-би-си ги пренесува сателитските снимки од потопен друг руски воен брод кај Змискиот остров, како резултат на нападот на украинските сили на […]

Временските и климатски катастрофи кои ги погодија САД годинава чинат речиси 105 милијарди долари

октомври 13, 2021

Речиси 105 милијарди долари ги чинат Соединетите Американски Држави (САД) климатските промени, земајќи во предвид дека во првите девет месеци од годинава земјата ја погодиле 18 временски и климатски катастрофи, покажува извештајот на центарот при Националната управа за океани и атмосфера (NOAA), пренесува новинската агенција Анадолија.  Просечното време меѓу таквите катастрофи со штета од милијарди […]

Шумските пожари предизвикаа штети од 31,1 милион евра, за пошумување на уништеното ќе требаат две години

септември 4, 2021

Покрај тоа што се уништија едни од најубавите шумски предели во земјава и е предизвикана штета од околу 31,1 милиони евра, пожарите што годинава ја зафатија земјата предизвикаа катастрофа на шумскиот фонд, при што само за пошумување на уништените површини ќе требаат барем две години, велат за „Мета.мк“ од ЈП Национални шуми. Заклучно со 15 […]

Поради временски непогоди, Владата во просек годишно им исплаќа по 3,5 милиони евра на земјоделците

јуни 26, 2021

Климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство во земјава. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за штети при Владата на РСМ во просек годишно исплаќаат по 3,5 милиони евра на земјоделците на основ на штети од временски непогоди, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Долгите топлотни […]

АСО: Најголема исплатена штета лани е за осигурување имот и изнесува 382.000 евра

април 19, 2021

Граѓани, компании и институции од пријавени штети лани наплатиле вкупно 4 милијарди денари (65,1 милиони евра) што е на исто ниво како и во 2019 година. Од тоа, за штети по полиси за неживотно осигурување се исплатени 58 милиони евра, а исплатите на штети по основ на осигурување на живот изнесуваат 7,1 милион евра. Најголемата […]

ДЗС: Во јули за 94,9 отсто помалку странски туристи

септември 14, 2020

Туризмот во земјава продолжува да бележи катастрофални резултати како последица на ковид-кризата, која најмногу го погоди токму туристичко-угостителскиот сектор. Според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за месец јули 2020, бројот на домашните туристи, во однос на јули 2019 година, е намален за 4,8 отсто, а на странските за 94,9 отсто. Бројот на […]

Прилепските занаетчии претрпеа огромни штети поради состојбата со корона вирусот

мај 21, 2020

Околу 350 самостојни занаетчии од Прилеп претрпеа сериозни штети поради пандемијата со корона вирусот. Дел од дуќаните сè уште се со катанци на вратите, а голем број занаетчии кои и претходно не можеа да врзат крај со крај, два месеца немаат никаков приход. „Пандемијата предизвика сериозни штети, бидејќи ситуацијата со корона вирусот ни наметна сосема […]

Зонското паркирање е времено укинато во некои градови, во Скопје непречено работи

мај 8, 2020

Епидемијата на корона вирусот доведе до привремено укинување на зонското паркирање во некои од градовите во земјава. Во Охрид и Куманово платениот паркинг беше укинат со воведувањето на полицискиот час и мерките за заштита од Ковид-19 во текот на март, но во овие градови од неделава повторно ќе се наплаќа паркирањето за секој изминат час. […]

Одложено плаќање на даноците и субвенции се дел од економските мерки на државите поради корона вирусот

март 16, 2020

Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ ги претстави дел од фискалните мерки на голем број на држави, за справување со економските последици предизвикани од состојбата со корона вирусот. Најголем дел од мерките се однесуваат на одложено плаќање на даноците и субвенции за скратеното работно време. Одложено плаќање на данокот на додадена вредност (ДДВ) […]

Компаниите сѐ уште немаат пресметки за загубите што ги трпат од корона вирусот

март 13, 2020

Трговските и другите производствени домашни компании се уште немаат доставено до Стопанската комора на Македонија, СКМ, пресметки колкави загуби трпат поради состојбата со корона вирусот, односно намалениот промет како и број на вработени. Во каква состојба се најдоа во изминативе недели и дали ќе достават до СКМ конкретни пресметки и барања за интервенција од државата, […]

Министерството за економија ги повика туристичките здруженија да направат списоци за штетите од корона вирусот

март 11, 2020

Министерството за економија укажува дека  Македонија како и повеке земји во светот се наоѓа во ситуација на предизвици и последици како резултат на COVID-19, а дека штетите во туризмот ќе бидат најголеми, имајќи ги предвид и резултатите од другите земји. Како што соопштија од Министерството, според добиените информации од туристичките комори, има значителен број на […]

Ставен е под контрола пожарот на Осоговските Планини

август 9, 2019

Во текот на вечерта и ноќта се гаснеше пожарот на Осоговските Планини, што се закануваше да ги зафати околните села и туристичкиот центар Пониква кај Кочани. Непрекинато во текот на ноќта интервенираа Противпожарните единици на Кочани, Виница, Македонска Каменица и Штип, механизација на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“, служби од Полицијата и Македонски шуми од Скопје. […]

Се воведуваат дежурства за следење на пожарите во Македонска Каменица

март 13, 2019

Над сто хектари површина со сува трева и шума изгореа во пожарот кај Саса пред два дена. При тоа, беа зафатени и десет хектари на букова шума, а огнот зафати и површини преку границата со Бугарија. Ова беше најголемиот пожар од вкупно 12-те регистирани оваа година во Општината Македонска Каменица, а истоврмено и пожар со […]

Прекината исплатата за штетите од земјотресите во Охрид

јануари 9, 2019

Формирана е посебна комисија која ја чешла документацијата за исплатите од земјотресите во Охрид а покрената е и дисциплинска постапка против службеник во општината. Оваа информација од локаната самоуправа следи откако од ВМРО-ДПМНЕ обвинија за спорни плаќања на суми поголеми од настанатата штета. Исплатата на штетите од земјотресите што се случија летото во 2017 година […]

Усвоен елаборатот за проценка на штети од поплавите во Охрид

октомври 31, 2018

За обесштетување од невремето кое го зафати охридското крајбрежје на 17 март годинава ќе одлучува посебна комисија формирана во Владата. Елаборатот за проценка на штета кој го усвоија градските советници ќе биде испратен до Владата, односно до Републичката комисија за проценка на штети. За настаната штета од невремето кое беснееше со силен ветар со брзина […]

МЗШВ: Штетата од царината на Косово за земјоделските производи е околу 180.000 евра

август 7, 2018

Одлуката на Косово, со која царините за овошјето и зеленчукот од Македонија беа зголемени за 30 отсто, предизвика штета од околу 180.000 евра или 2.000 тони нереализиран извоз, одговори денеска на новинарско прашање, шефот на кабинетот во Министерството за земјоделство, Трајан Димковски. Тој додаде дека штетите се пресметани врз основа на извозот реализиран лани од 18 до 31 […]

Страна 1 од 5