fbpx

Во поплавите во Кина исчезнаа 181 лице

-

По повеќедневните обилни дождови, нивото на водата во централните и во источните делови на Кина почна да опаѓа. Поради надојдената вода, реките пробија брани, ги поплавија градовите и селата, го сопреа јавниот превоз, а најмалку 181 лице загинале или се исчезнати.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг ги посетил најзагрозените подрачја повикувајќи ги локалните власти да се справат со поплавите, да ги обезбедат главните брани и да го заштитат локалното население.

Претседателот Си Џинпинг нареди војската и полицијата да се испратат како поддршка на погодените области.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...