fbpx

Водата во Тетово е чиста и безбедна за пиење

-

Последните анализи на Центарот за јавно здравје Тетово покажаа дека водата е исправна за пиење.

– На повеќе мерни места резултатите од направените анализи покажаа дека  физичко-хемиските и микробиолошките својства на водата се исправни – изјави д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија, вработен во Центарот за јавно здравје Тетово.

Водата од тетовскиот градски водовод три дена беше заматена поради градежни работи што се изведуваа во скијачкиот центар Попова Шапка.

Механизација работеше на изградба на нов ски-лифт на само 30-тина метри до изворите од градската водоводна мрежа.

Давидовски вели дека водата може пак да биде загадена, ако имаме поголеми врнежи од дожд.

– Сега се најавуваат нови врнежи од дожд, а на местото на Попова Шапка каде се изведуваа градежните работи има ископано голема дупка за новиот ски-лиф. По таа дупка можат да се слее атмосферската вода и да се измеша со изворската вода од која се снабдува Тетово. Затоа сите мораме да бидеме претпазливи во врска со овој проблем и граѓаните да внимаваат, но и институциите да ја следат состојбата – изјави Давидовски.

На Попова Шапка поради случајот со заматувањето на водата, моментално не се изведуваат градежни активности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...