Во Гевгелија промовиран „Арсеновиот столб на вистината“

-

Граѓанската иницијатива „Арсена“ во соработка и „Центарот за современи уметности“ од Скопје, вчера попладне во Гевгелија го промовираше „Арсеновиот столб на вистината“, на кој се претставени резултатите од извршените анализи на примерок вода од гевгелискиот водовод, во кој е детектирано енормно количество од отровниот елемент арсен.

Во гевгелискиот водовод во април оваа година детектирани се 21,3 микрограми арсен на еден литар вода, во споредба со 14,56 микрограми на еден литар вода во 2013 година.

Портпаролката на „Арсена“, Јованка Дојранлиева, посочи дека резултатите од анализите на водата покажуваат дека арсенот е сè уште присутен.

Таа истакна дека јавното комунално претпријатие не ја почитувало забраната за употреба на токсичната вода изречена од Агенцијата за храна и ветеринарство и продолжила експлоатацијата на вода од бунарите кај Моин.

– Во 2012 година, кога е изречена забраната за употреба на водата од бунарското подрачје Моин, производственото ниво е два милиони метри кубни вода, а во 2015 година изнесува 2,35 милиони метри кубни. Ако експлотационите количества на вода се во пораст, значи дека мерката за забрана за употреба на водата од бунарското подрачје Моин ЈПКД „Комуналец“ не ја почитува. Присуството, пак, на арсенот во извршените анализи покажува дека комуналното претпријатие не обезбедило нови извори за водоснабдување на граѓаните ниту, пак, набавило деарсенификатор за вода, според препораките на специјалистот по хигиена од Институтот за јавно здравје на РМ – вели Дојранлиева.

„Арсеновиот столб на вистината“ е дел од проектот „Граѓаните и „Арсена“ до здрава вода за пиење за Гевгелија и населените места“ во мерките за информирање на граѓаните заради нивна самозаштита, но и потсетување на надлежните дека не ги извршиле своите законски обврски, а тоа е снабдување на жителите од општина Гевгелија со чиста вода за пиење.

Од „Арсена“ најавија дека ќе поведат постапка пред Управен суд против ценовникот за вода на „Комуналец“, според кој водата загадена со отровниот елемент арсен се наплаќа како чиста вода.

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Казна затвор од дваесет години денеска му беше изречена на Љ.К. од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги лишил од живот сопствениот брат и снаата од другиот брат. Првостепената...

Поради руско влијание поништени резултатите од првиот круг претседателски избори во Романија

Уставниот суд во Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори неколку дена откако беа декласифицирани извештаи кои тврдат дека Русија водела координирана онлајн кампања за промовирање на екстремно...

Големи протести во Србија под мотото “Застани Србијо“ организирани поради несреќата во Нови Сад

Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и во други градови во Србија денес се застануваше на 15 минути во протестна акција за оддавање почит на 15-те загинати во трагедијата на железничката...

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска рече дека на Министерството му се потребни уште неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот на наставата во ОУ „Лазо...

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Казна затвор од дваесет години денеска му беше изречена на Љ.К. од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги лишил од живот сопствениот брат и снаата од другиот...