fbpx

Пронајдено и телото на Дејан Стоилков, нема траги на насилство

-

Нуркачите попладнево, околу 18 часот, во водите на акумулацијата Калиманци го пронајдоа телото на 41-годишниот Дејан Стоилков од селото Дулица кај Македонска Каменица. Од полицијата информираат дека телото го нашле во возилото „форд фокус“, во кое последен пат вчера биле видени сопружниците Тања и Дејан Стоилкови.

Стоилкова, чие тело беше пронајдено вчера во Калиманци, според обдукцискиот наод, починала од давање во вода, а биле констатирани повреди на главата, на десната надлактица и на долниот дел од грбот.

Врз телото на Стоилков немало траги на насилство, а смртта настапила од давење во водата.

Според информациите што ги добивме од МВР, вчера, околу 12.10 часот, мајката на Стоилкова во полиција пријавила дека ќерка ѝ и нејзиниот сопруг, со кого имале брачни проблеми, со возило се упатиле кон Делчево. Таа се јавила во полиција бидејќи, како што рекла, при комуникација со нејзината ќерка слушнала вресок и се посомневала дека нешто се случило.

Околу 17.45 часот, полициска екипа забележала тело на жена како плута во водите на Калиманци, а подоцна било утврдено дека ѝ припаѓа на 31-годишната Тања Стоилкова.

Во близина на езерото, како што информираат од МВР, биле забележани траги од возило кои воделе до езерото.

Обдукцијата на телото на Стоилкова била извршена во Делчево, од страна на патолог од штипската болница.

„Телото е идентификувано како 31-годишната Т.С. од село Дулица. Во близина на акумулацијата се пронајдени траги на автомобил, но сè уште не се пронајдени ниту автомобилот, ниту друго лице во водите на езерото. Надлежниот јавен обвинител интензивно работи на расветлување на причините за смртта“, соопштија вчера од Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...