fbpx

Саудиски министер разрешен поради поскапување на водата

-

Кралот на Саудиска Арабија, Саламан бин Абдулазиз, го сменил државниот министер за вода и за струја, Абдула ел Хусеин, поради реакциите што во јавноста ги предизвика со зголемување на цената на водата, известуваат медиумите од таа земја.

Кралот Салман вчера издал указ на кој се наоѓа смената на Хусеин, кoj привремено ќе биде заменет од министерот за земјоделство, Абдел Рахман ел Фадил.

Неговата смена се случува откако владата во Ријад ги намали субвенциите за струја, вода и за други комунални услуги.

Во декември минатата година, Ријад усвои низа реформски мерки затоа што земјата силно ја погоди остриот пад на глобалната цена на нафтата во последните две години.

Принцот престолонаследник, Мохамед бин Салман, кој се смета за архитект на реформите, треба утре да ја објави економската програма, чија цел е диверзификација на економијата бидејќи 70 отсто од државниот приход зависи од нафтата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...