fbpx
Таг: вода

таг: вода

Продолжуваат рестрикциите за вода во Тетово

Рестрикциите за вода во Тетово продолжуваат. Обилниот дожд кој заврна изминатите денови не успеа значително да ја поправи хидролошката состојба во реонот. Стабилизацијата на времето и остуството на дожд, како најава на метеоролозите за следниот период, ги уриваат надежите за прекин на рестрикциите. Низ чешмите на тетовци во едно деноноќие вкупно шест и пол часа не протекува вода. Како што појасни...

Давчевски: „Рудници и железарница АД – Услуги“ да плаќа вода како и другите правни субјекти

Советничката група на СДСМ и коалициските партнери, денеска на градоначалникот на Град Скопје му доставува претставка за да се спречи прогласување на незаконска одлука на штета на граѓаните на Скопје. На последната седница на Советот на Град Скопје, мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука со која се овозможува на „Рудници и железарница АД - Услуги“ да користи чиста вода за...

Градоначалникот на Гевгелија во прифатниот пункт донираше по 1.500 пакети вода и кроасани

Општина Гевгелија денеска во прифатниот пункт за бегалци, што е во изградба, во близина на Гевгелија, донираше 1.500 пакети вода и 1.500 пакети кроасан. Донацијата ja предаде градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, а ја примија претставници на УНХЦР и Меѓународниот Црвен Крст.  

Водата во тетовско Џепчиште е исправна за пиење

Водата за пиење во тетовското населеното место Џепчиште, кое беше зафатено со поплавите, е исправна за пиење, соопшти Министерството за здравство. „По извршеното чистење и дезинфекција на резервоарот, добиени се резултати дека водата одговара на прописите за безбедност на вода, односно е исправна за пиење, со задолжително продолжување на континуираните мерки за одржување на ова ниво на безбедност и воведување...

Поплавените села добија чиста вода за пиење

Селата на Шар Планина и на нејзиното подножје зафатени од невремето, добија чиста вода за пиење. Анализите на Центарот за јавно здравје, покажаа техничка и бактериолошка исправност, во дел од резервоарите во овие населени места. Градоначалничката на Тетово Теута Арифи која одржа заедничка прес конференција со Министерот за животна средина Нурхан Изаири, изјави дека при крај се и со...

Во Тјенцин нивото на цијанид 350 пати поголемо од нормалното

По серијата експлозии во сладиштето со опасен материјал во кинескиот град Тјенцин, нивото на цијанид во водата е 350 пати поголемо од дозволената гранција. Властите на локалната Канцеларија за заштита на животната средина, детектирале хемикалии на 25 точки за проверка на состојбата на вода во околината на складиштата. „Нивото на цијанид кое го пронајдовме на осум локација е 356 пати поголемо...

Водата во Шипковица е исправна за пиење

Водата за пиење во Шипковица е исправна. Ова го покажале најновите резултати од испитувањата на водата за пиење во подрачјата во тетовскиот регион кои беа зафатени од поплавите. Претходно, Министерството за здравство информираше дека водата може да се пие и во Тетово, Лешок и Непроштено. Инаку во населените места на овој регион континуирано се дистрибуираат едукативи флаери со препораки за заштита...

Ќе се нормализира водоснабдувањето на Пелагонија

Изградбата на алтернативниот канал на хидросистемот „Стрежево“ се покажа како успешно решение за надминување на големиот проблем што ова лето ги остави и Битола и пелагониските ниви без вода, а проблем се јави и со доводот на технолошка вода до РЕК-Битола. Бај-пас на каналот, сега се очекува да ги задоволи потребите за водоснабдување на Пелагонија, изјави Марјан Ѓероски, директор на ЈП „Стрежево“. -...

„Ајде“ донираше вода за настраданите од поплавите во Тетовско

Граѓанската платформа „Ајде“ и Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, денеска донираа 1,4 тони вода за настраданите од поплавите во село Шипковица, Тетовско. „Локалното население, организирано преку кризниот штаб, постојано е на терен и трага по шестгодишното исчезнато девојче, организира помош која тековно пристигнува и ги расчистува наносите од камења, дрва и од шут кои уништија голем дел од селото. Речиси и...

Невремето во Тетовско може да донесе заразни болести

Институтот за јавно здравје по направениот увид во тетовскиот регион, констатирал дека невремето што го зафати Тетовско може да предизвика појава на заразни болести, пред сè, цревни заболувања. Според Институтот, постојат голем број фактори што можат да предизвикаат ширење зараза кај населението. - Како прво, во тетовскиот регион има села кои се погодени од поплавите. Жителите од тие села се снабудваат со вода...

Уште две мртви тела пронајдени во Голема Речица

Се зголемува бројот на жртвите од поплавите во тетовскиот регион. Според мештаните од селото Голема Речица, во нивното населено место пронајдени се две мртви тела, жители од шарпланинското село Лисец. Се претпоставува дека има уште жртви, а според жителите од Мала Речица, сè уште се трага по исчезнати лица. Во Голема и во Мала Речица во прекин е снабдувањето со вода. Жителите чекаат цистерни...

Битолчани жедни покрај вода

Битола во вечерните часови, сепак, остана без вода за пиење. Од славините во горниот дел на градот, па сè до центарот вода тече капка по капка поради дефектот во хидросистемот „Стрежево“ и свлечиштето покрај неколкуте главни доводи за вода. Битолчани утринава беа во паника, поради што потрошувачката на вода веќе е зголемена. Нивната загриженост, сепак, се покажа оправдана поради недостигот од вода. Од...

Го викнале во полиција затоа што барал вода за нивите

Марјан Атанасовски, земјоделец од селото Кравари, член на управниот одбор на новото здужение на земјоделци „Спас“, денеска бил повикан на распит во СВР Битола бидејќи, наводно, му се заканувал на директорот на ЈП „Стрежево“, Марјан Ѓероски, за проблемите со наводнувањето од хидросистемот „Стрежево“. Ова за „Мета“ го тврди Атанасовски, напоменувајќи дека притисоците од власта го достигнале дното. Земјоделецот вчера добил покана да...

Тетовски населби 24 часа без вода

Повисоките тетовски населби се соочуваат со прекини во водоснабдувањето во текот на целото деноноќие. Велат дека мора секојдневно да полнат шишиња и буриња со вода, кај нивни роднини и пријатели што живеат во долниот дел на Тетово, каде вода има само неколку часа во текот на денот. - Јас живеам во горниот дел на градот, ние немаме вода и зиме, но сега...

„Стрежево“ ја остави жедна Пелагонија

На пеколна температура од 40 Целзиусови степени, земјоделците во Пелагониско се без вода, нивите им горат на силното сонце, а родот им пропаѓа, обвинуваат земјоделци. - Сè што вложивме во нивите, во системите капка по капка, сè пропадна. „Стрежево“ наместо да ни донесе вода по нивите, ни донесе сиромаштија. Системите не ни се исплатени, а веќе родот ни пропаѓа. На...

Обука за поголема безбедност на вода по британски стандарди

Црвен крст од Охрид, под водство на инструктори за безбедност на вода од „Операција Флориан“, од Велика Британија, во водите на Црн Дрим во Струга и во Охридско Езеро, спроведе обука за спасување и за извлекување давеници од брзи води. Центарот за безбедност на вода при Црвен крст од Охрид, со тоа се здоби со тренери и со спасители на...

Храна и вода за новинарите што ја следат средбата Хан-Груевски-Заев

Повеќе од три часа трае средбата на еврокомесарот Јоханес Хан со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, во резиденцијата на Европската унија на Водно. Новинарските екипи немаат пристап во резиденцијата и средбата ја следат од улица. По повеќечасовно чекање, од мисијата на ЕУ на новинарите, фоторепортерите и на камерманите им донесоа храна и вода. Ваквиот потег предизвика дилеми кај...

Прилеп ја подобрува водоводната инфраструктура

Нови четири општини ќе користат средства од Програмата за инвестирање во животната средина за подобрување на квалитетот на водите. Договорите ги потпишаа денеска градоначалниците на Прилеп, Дојран, Сарај и на Битола со министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири. Во општина Прилеп ќе се спроведува проектот „Делница за водовод од населено место Галичани до населеното место Кадина“. Во Дојран ќе...

Обезбедени 20 тони вода за митингот на опозицијата

Граѓани  почнаа да се собираат за митингот на опозицијата, кој за еден час треба да почне пред Владата. Според информации од СДСМ, за следење и за известување од митингот акредитирани биле повеќе од 150 новинари од земјата и од странство. За граѓаните  се обезбедни околу 20 тони амбалажирана вода. Во моментов настапува групата „Репортерс“, а свој настап ќе имаат и „Белизе бенд“, Бени Шаќири (Бени...

Забранета водата за пиење во гевгелиско Ума

Водата за пиење од каптираниот извор на гевгелиското планинско село Ума е забранета за пиење, информираше Републичкиот институт за јавно здравје. Преку соопштение дистрибуирано од Регионалниот центар за управување со кризи, се информираат локалните жители на селото, граѓаните на општина Гевгелија, како и многубројните викенд-туристи и планинари, дека водата од изворот не одговара на законските и на стручните прописи во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...