Гостивар утре ќе остане без вода

Утре, Гостивар ќе остане без вода за пиење. Прекинот во водоснабдувањето се прави поради зафати за приклучување на филтер-станицата.

Како што соопштуваат од Јавното претпријатие „Комуналец“, вода в понеделник ќе немаат градот и околните населени места, кои се снабдуваат преку главниот водоводен систем.

„Водата ќе се прекине поради извршување градежни работи и технички интервенции за приклучување на изворот со пречистителната станица во село Вруток. Се надеваме на разбирање од граѓаните за овој неопходен зафат“, стои во соопштението на комуналното претпријатие.

Ова се последните подготовки за пуштање во употреба на филтер-станицата за вода преку која од чешмите на гостиварци, конечно, ќе протече чиста вода за пиење.