fbpx

Водата за пиење во Кавадарци, Неготино и Росоман да се преврива

-

Пред употреба задолжително да се проврива водата за пиење во Кавадарци, апелираат од Центарот за јавно здравје. Апелот доаѓа откако по обилните врнежи од дожд се замати водата од водоводниот систем „Лукар“. Поради тоа водата е со жолта боја.

„Поради заматувањето на водата од „Лукар“ при мерењето беше констатирано отсуство на резидуален хлор поради што се почна со максимално хлорирање. Во функција е ставен и вториот хлоратор. Очекуваме до крајот на денот проблемите да се надминат. Потоа ќе бидат земени нови мостри на вода и ќе се направат нови анализи“, соопштуваат од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Препораката за провривање на водата важи и за жителите на Неготино и Росоман бидејќи и тие со вода за пиење се снабдуваат од системот Лукар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...