fbpx

Дождовите отсекоа село во Кочанско

-

Надојдените води од околните ниви го отсекоа од општината Чешиново – Облешево селото Теранци. Водата, според Општината, го поплави патот и влезот во мостот што води до селото, па сега жителите го користат подолгиот пат преку Зрновци.

Водата полека се повлекува, но патот сè уште е затворен. Како што соопшти портпаролката на Општината Чешиново – Облешево, Катерина Постолова, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство обезбедило пумпи за испумпување на водата во случај на нови врнежи.

Во кочанскиот крај привремено е затворен патот меѓу Долни Подлог и Облешево поради насобраната вода. Патот на делови е прекопан за да може водата да се разлие.

Тешка механизација го проби патот меѓу Истибања и Калимаци каде имаше огромни карпи, но сè уште не е ставен во употреба магистралниот пат Кочани – бугарска граница.

Екипите на „Македонија пат“ треба да поминат уште еднаш и да ги исчистат остатоците од одроните. Техничкиот директор на регионалниот центар на „Македонија пат“, Киро Коцев, не можеше да потврди дека до вечер овој пат ќе биде во функција. На месатата каде се наоѓаа големите одрони, направено е проширување, а дел од одроните остануваат како заштита од нови.

Умерениот ден со врнежи во Источна Македонија донесе пад на водостојот во реката Брегалница. Од утринските 312 сантиметри кај штипско Ново Село, попладнево нивото падна на 304 сантиметри. Се очекува трендот на пад на водостојот да продолжи со оглед на тоа дека помали врнежи имаше само во крајниот дел на Источна Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...