fbpx
Таг: Владимир Путин

таг: Владимир Путин

Путин ја обнови главната дезинформациска мантра – војната ја почнала Украина, а Русија војува за мир

Рускиот претседател Владимир Путин, говорејќи на два одвоени настана во Санкт Петерсбург, ја обнови главната дезинформација што ја шири Москва како оправдување за нејзината агресија врз Украина што започна на 24.02.2022 година: за војната се виновни Украинците затоа што од превратот во 2014 година трае геноцидот врз руското население во Донбас, па на Русија не ѝ остана ништо друго...

Цел свет знае кој е Путин – остри реакции од САД и ЕУ до Република Српска која го одликува рускиот претседател

Доделувањето на највисокото одликување – „Орденот на Република Српска“ на Владимир Путин, претседателот на Руската Федерација, е за осуда, а застанувањето на страната на Путин во такви околности, значи меѓународно изолирање на Република Српска и нејзините лидери. Вака реагираа амбасадата на САД во Сараево и Европската Унија, откако претседателот на Република Српска, Милорад Додик на 9 јануари 2023 година...

Зеленски со пркосна божиќна порака, Путин изјави дека Русија е подготвена да преговара околу Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот народ да истрае пред руските напади додека земјата го слави Божиќ. Во пркосниот говор во саботата Зеленски рече дека слободата има висока цена, но ропството - уште повисока, јави Би-би-си. Опишувајќи ја Русија како „терористичка земја“, Зеленски ги обвини руските војници дека убиваат заради заплашување и задоволство. Во објава на социјалните мрежи тој...

Контраспин: Кој е агресор и кој води хибридна војна во Украина?

На Самитот на групата најразвиени земји Г20 во Бали, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров одржа прес конференција, на која изнесе позната пропагандистичка реторика, која досега била повеќепати повторувана, но, пред сè, неговиот наратив содржеше голем број спинови во однос на преговорите меѓу Русија и Украина, за тоа кој, всушност, ја почнал хибридната војна во Украина други, пишува „Вистиномер“. Текстот...

Русија го суспендира договорот за извоз на украинско жито, во Кијив редици за вода за пиење

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија го суспендира договорот за извоз на украинско жито, но и дека нема да прекине да учествува во договорот којшто овозможува безбеден транспорт со бродови. Тој изјави дека Украина морала да гарантира дека нема да биде закана за цивилните бродови или руските бродови за снабдување. Официјална Москва изјави дека ќе се повлече од...

Вашингтон Пост: Европските партнери на САД стравуваат дека изборите може да ја секнат поддршката за Украина

Сојузниците на САД во Европа стануваат сѐ позагрижени дека заедничкиот фронт на Западот насочен против руската инвазија на Украина би можел бргу да се намали ако Републиканците победат на парламентарните избори следниот месец, со што би му се овозможила предност на рускиот претседател Владимир Путин токму во времето кога Украина остварува напредок на бојното поле, пишува американскиот весник „Вашингтон...

Путин објави воена состојба во четирите „анектирани“ региони на Украина

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека потпишал закон со кој се прогласува воена состојба во четирите региони на Украина коишто официјална Москва ги анектираше, односно регионите Херсон, Запорижја, Донецк и Луханск. „Референдумите“ за отцепување од Украина на четирите региони организирани од руските сили и подоцнежната нивна анексија од Русија досега не ги признала ниту една држава, јави Си-Ен-Ен. Иако во моментот...

Британско-руски аналитичар го толкува говорот на Путин: Неизбежно е разбивање на хегемонијата на Западот

Константин Кисин, руско-британски комичар и политички коментатор кој пишува за голем број светски мејнстрим медиуми, на Твитер даде свое гледиште во однос на говорот на Путин, обидувајќи се да го преведе на јазик за секој да може да ги разбере дури и скриените пораки на рускиот претседател, откако тој ја објави анексијата на четирите украински региони, пишува „Вистиномер“ во...

МНР на Украина: Анектирањето на нуклеарката „Запорижја“ ги зголемува нуклеарните закани

Откако рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека ги потпишал законите за анектирање на четирите украински региони Луханск, Донецк, Запорижја и Херсон, односно нивно припојување на Руската федерација, но и посебен указ со кој нуклеарната електрана „Запорижја“ се прогласува за руски имот, Министерството за надворешни работи (МНР) на Украина предупреди дека станува збор за уште едно злосторство што уште повеќе...

Путин прогласи анексија на Луханск, Донецк, Херсон и Запорижјa

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи анексија на „четири нови региони“. Тој во говорот во Кремљ во петокот ја истакна руската анексија на Луханск, Донецк, Херсон и Запорижјa, региони кои силите на Москва делумно ги зазедоа за време на седуммесечниот конфликт со Украина, пренесе Ројтерс. „Луѓето од овие региони донесоа одлука. Резултатите од референдумите се познати, добро познати. Сигурен сум дека...

Путин денеска анектира региони од Украина, во ракетен напад врз колона бегалци загинаа најмалку 23 лица

Во ракетен напад врз конвој бегалци во близина на украинскиот град Запорижја (Запорожје) загинаа најмалку 23 цивили, а 28 лица се повредени, јавува Гардијан. Конвојот се состоел од цивили кои со возила оделе да ги соберат од граничните пунктови своите роднини кои сакале да избегаат од украинските региони окупирани од Русија. Украинските власти тврдат дека конвојот од цивили бил погоден...

Путин можеби в петок ќе објави анексија на окупираните украински региони по квази-референдумите

Британското Министерство за одбрана објави дека рускиот претседател Владимир Путин веќе во петок би можел да објави анексија на окупираните територии на Украина, објави Гардијан. Ваквите информации доаѓаат на последниот ден од одржувањето на квази-референдумите во окупираните региони Херсон, Запорожје, Донецк и Луганск. Путин во петок ќе се обрати пред двата дома на рускиот парламент, и тоа по објавувањето на...

Кремљ во расцеп на сопствената пропаганда и сѐ погласните критики за реалната загубена иницијатива во Украина

Последиците од најновиот развој во Украина за Кремљ сè уште е нејасни, но, експертите велат дека ако украинската контраофанзива продолжи со слично темпо, на Путин ќе му биде сè потешко да се претстави како силен стратег. Тој повеќе од две децении градеше слика за себе како силен воено-политички и двигател на меѓународната политичка сцена стратег кој може да ги надмудри...

Зеленски: Пронајдена е „масовна гробница“ во Изиум

По повлекувањето на руските трупи, во украинскиот град Изиум е пронајдена „масовна гробница“, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Преземени се неопходните процесуални дејства“, рече Зеленски во својата вчерашна видео порака, пренесе Ројтерс. Украинскиот претседател кој го посети Изиум во средата, го спореди откритието со наводните воени злосторства на руските сили врз цивилите во Буча, на периферијата на главниот град Кијив...

Соработник на Путин загинал во мистериозна несреќа со брод

Извршниот директор на руската корпорација за развој на Далечниот Исток и Арктикот, Иван Печорин, починал во чудни околности, паѓајќи од брод во движење, само неколку дена откако присуствуваше на економски форум со рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Си-ен-ен. Смртта на Иван Печорин е потврдена од Корпорацијата, каде што тој работел како директор за авијација и бил задолжен за развој на...

За да се соберат повеќе кликови, во објава на Фејсбук се вели дека ќерката на Путин се сретнала со Зеленски

Кога ќе се прочита насловот на објавата, веднаш се помислува дека ќерката на рускиот претседател Путин се сретнала со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. И тоа не би било необично, доколку Укрина со месеци не се бори против воената агресија на Путин, односно на Русија. Но, кога ќе се отвори написот кој се споделува, веднаш ќе се види дека...

Новата британска премиерка Лиз Трас ја презема функцијата соочувајќи се „Путиновата“ енергетска криза

Лиз Трас стана новa британскa премиеркa по поканата од кралицата Елизабета Втора на состанокот во Балморал, Шкотска, на 6 септември. Таа се соочува со предизвици кои вклучуваат енергетска криза и одржување на поддршката од јавноста за силниот одговор на Западот на руската инвазија на Украина, пренесе РСЕ на англиски јазик. Таа посочи дека еден од нејзините први чекори ќе биде...

Илјадници Руси му оддадоа последна почит на Михаил Горбачов, Путин не присуствуваше на погребот

Илјадници луѓе во Русија излегоа денес да оддадат последна почит на последниот советски лидер, Михаил Горбачов кој почина во вторникот на 91 година. Би-би-си јавува дека редици луѓе чекаа со часови да поминат покрај ковчегот во историската сала каде почиваат претходните советски лидери. Сепак човекот кој го надгледуваше распадот на СССР и кој стави крај на студената војна не доби државен...

САД нудат десет милиони долари за информации поврзани со Пригожин и изборите во САД

Стејт департментот понуди награда од 10 милиони долари за информации за надворешни обиди за мешање во процесот на избори во САД. Департментот ги издвои руската ИРА (Агенција за истражување на Интернет) и нејзиниот лидер Евгениј Пригожин, кој е клучен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Според американскиот Стејт департмент, Пригожин е руски државјанин кој обезбедува средства за ИРА преку компании...

Шефот на МИ6: Способноста на Путин да шпионира во Европа се намали на половина

Шефот на британската надворешна разузнавачка служба МИ6 верува дека Русија ја губи силата во инвазијата на Украина и ја изгубила способноста да шпионира во Европа „на половина“, по протерувањето на повеќе од 400 руски разузнавачи од градовите низ Европа и апсењето на неколку шпиони со длабоко покритие кои се претставуваат како цивили, објави Си-ен-ен. Ричард Мур, шефот на МИ6, за...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...