fbpx

За да се соберат повеќе кликови, во објава на Фејсбук се вели дека ќерката на Путин се сретнала со Зеленски

-

Кога ќе се прочита насловот на објавата, веднаш се помислува дека ќерката на рускиот претседател Путин се сретнала со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. И тоа не би било необично, доколку Укрина со месеци не се бори против воената агресија на Путин, односно на Русија. Но, кога ќе се отвори написот кој се споделува, веднаш ќе се види дека ќерката на Путин, всушност, се сретнала со нејзиното момче Игор Зеленски, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук кој манипулира со јавноста, наведувајќи дека ќерката на Путин се сретнала со Зеленски. За да се драматизира настанот уште повеќе, во постот се нагласува дека „обезбедувањето ги нашло во хотелот, а татко ѝ знаел сè“.

Кога ќе се прочита ваков наслов, веднаш се помислува дека ќерката на рускиот претседател Владимир Путин се сретнала со претседателот на Украина Володимир Зеленски. И тоа не би било толку необично, доколку Укрина со месеци не се бори против воената агресија на Путин, односно на Русија.

Но, кога ќе се отвори написот кој се споделува во постот, веднаш ќе се види дека ќерката на Путин се сретнала со Зеленски, но не со Володимир, туку со нејзиното момче Игор Зеленски.

Протечените документи докажуваат дека Владимир Путин знаел и ги финансирал патувањата на неговата ќерка Катерина Тихонова и нејзиното момче Игор Зеленски во неколку европски градови, се вели на почетокот од текстот.

Понатаму, и во самиот текст се појаснува дека Катерина, по распадот на бракот со рускиот милијардер Кирил Шамалов, започнала врска со балетската ѕвезда Игор Зеленски, кој не е поврзан со украинскиот претседател и дека парот има ќерка.

Постот свесно споделува напис со клик бејт наслов, со цел да ја манипулира јавноста и да привлече што е можно повеќе кликови. Оттука, може да се заклучи дека на постот му недостига контекст, односно прецизирање во насловот и објаснување, со кој Зеленски, всушност, се сретнала ќерката на Путин.

 

***

Овој напис е изработен во рамките проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...