fbpx

МНР на Украина: Анектирањето на нуклеарката „Запорижја“ ги зголемува нуклеарните закани

-

Откако рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека ги потпишал законите за анектирање на четирите украински региони Луханск, Донецк, Запорижја и Херсон, односно нивно припојување на Руската федерација, но и посебен указ со кој нуклеарната електрана „Запорижја“ се прогласува за руски имот, Министерството за надворешни работи (МНР) на Украина предупреди дека станува збор за уште едно злосторство што уште повеќе ги зголемува нуклеарните ризици и закани.

„Долгиот список на злосторства и груби прекршувања на меѓународното право од страна на Русија од почетокот на нејзината агресија од големи размери врз Украина, денес е дополнет со уште едно злосторство – незаконски обид да се преземе контролата врз нуклеарната централа Запорижја. Релевантниот указ на претседателот на РФ за овој настан го сметаме за ништовен“, порачува украинското МНР.

Министерството ги повика сите држави „да се придржуваат до доследен став за обезбедување на обврзувачки политички, економски и правни последици за терористичката држава за сите нејзини злосторни и незаконски дејствија“.

Украинското МНР повика Европската Унија, земјите од Г7 и другите партнери веднаш да размислат за воведување санкции против руската државна корпорација „Росатом“, која според указот, ќе го преземе управувањето со „Запорижја“, но и против компании и институции поврзани со Росатом, како и против други клучни фактори на руската нуклеарна енергетска индустрија.

Истовремено, украинското МНР повика сите земји-членки на Меѓународната агенција за атомска енергија да ја ограничат соработката „во рамки на какви било проекти со Русија, која прибегнува кон нескриена нуклеарна уцена на целиот свет“.

Украина истовремено ги предупреди сите руски државјани што ќе ги извршуваат постапките од рускиот обид за преземање на нуклеарката дека ќе имаат кривична одговорност.

„Ги предупредуваме граѓаните на Русија кои ќе извршуваат злосторничките наредби во врска со присвојувањето на објекти на цивилната нуклеарна инфраструктура на Украина за кривична одговорност за нивните незаконски дејствија и неповратноста на казните“, порача МНР на Украина.

Тоа побара од руската страна да ги гарантира безбедноста и физичкиот интегритет на украинските граѓани кои продолжуваат да вршат критични функции во нуклеарната централа.

МНР на Украина побара максимално ангажирање на меѓународната заедница за да се обезбеди што побрзо враќање на нуклеарката „Запорижја“ под контрола на Украина „како единствен начин за елиминирање на сегашните закани во областа на нуклеарната безбедност“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...