fbpx
Таг: влада

таг: влада

ДС: Владата да изгради јасен став за мигрантската криза

Сите активности што ги презема Република Македонија во врска со мигрантската криза треба да бидат усогласени, пред сè со соседните држави, Грција и Србија, како и со Европската унија, велат од партијата на пратеникот Павле Трајанов, Демократски сојуз. Во спротивно, велат од партијата, земјава би се довела во безизлезна состојба, со тешки последици по нејзината безбедност и стабилност. „Прифатот на мигрантите...

Украинските пратеници собраа потписи за гласање доверба на владата

Пратениците на украинскиот парламент собрале околу 150 потписи, неопходни за гласање доверба на владата на премиерот Арсениј Јацењук, соопштија двајца членови на парламентот. Украинското собрание во моментот се подготвува за дебата за ефикасноста на владата. Еден од пратениците е член на фракцијата на претседателот Петро Порошенко, која е најголема во парламентот, а другиот е независен пратеник. Лидерот на фракцијата на Порошенко, Јури...

Заврши распитот на Гордана Јанкулоска во Кривичниот суд

Заврши неколкучасовниот распит во Кривичниот суд на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Ниту таа, ниту нејзиниот адвокат Никола Додевски не сакаа пред новинарите да коментираат за исходот од распитот. Судијата треба да одлучи дали ќе го прифати или отфрли барањето на Специјалното јавно обвинителство и дали ќе одреди мерка притвор или не. Претходно на распит беа и поранешниот министер за...

Стотици граѓани излегоа на протестот „Колку чевли останаа неизносени“

Неколку стотини граѓани денеска се собраа пред Владата на Република Македонија на протестот насловен „Колку чевли останаа неизносени“, организиран од граѓанската иницијатива „Заслужуваме подобро“. - И покрај дождливото време денеска, тука, пред Владата, се собраа неколку стотици граѓани и околу илјада рала чевли, за да го изразиме нашиот револт поради современиот егзодус, масовното иселувањето од Македонија. Тоа го покажуваат и податоците...

Премиерот на Австралија најави нова реконструкција на владата

Австралискиот премиер Малком Турнбул денеска најави нова реконструкција на владата откако три министри поднесоа оставка, а двајца најавија дека нема да учествуваат на претстојните избори. Тоа ќе биде втора реконструкција на владата од септември 2015 година, кога Турнбул ја презеде функцијата премиер. Според премиерот, новите измени во владата треба да им пружат шанса на младите министри. - Станува збор за транзиција, промена...

Жан Марк Еро е новиот шеф на француската дипломатија

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, го именуваше поранешниот премиер, Жан Марк Еро, за министер за надворешни работи. Еро беше премиер на Франција од 2012 до 2014 година. Во рамки на помалата реконструкција на владата, Оланд, исто така, го именуваше членот на Француската партија на зелените, Емануел Коса, за министер за домување. Уште двајца политичари од партијата на зелените беа именувани за потсекретари...

Владата го одбила предлогот на Спасовски да им се попушти на автошколите

Владата на синоќешната седница го одбила предлогот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да се одложи обврската на автошколите за поставување на камери во возилата за обучување за кандидатите, брифираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Формулацијата на Владата, како што велат од МВР, била дека прелог-законот на Спасовски не е утврден, а објаснувањето било дека повеќето автошколи веќе...

Турците денеска на протест пред Владата и пред „Сител“

Tурците во Македонија денеска пред Владата организираат протест по вчерашната навреда од уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, кој на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, му се обрати со зборовите „лажеш како Турчин“. Во повикот објавен на „Фејсбук“ стои дека дрскоста на Драган Павловиќ – Латас нема крај, паниката и нервозата е видлива и прекумерна. „Во денешниот дневник (10.02.2016...

СДСМ: Граѓаните немаат за леб, а ВМРО-ДПМНЕ ги позлатува оградите на Владата

Додека здравствениот ситем во Македонија се распаѓа и згаснуваат млади човечки животи поради криминално-тендерски политики, а животниот стандард е под секое човечко достоинство, ВМРО-ДПМНЕ поставува златни круни на оградата на Владата, обвинува Стефан Богоев, лидерот на Социјалдемократската младина. „Златните украси и оваа ограда граѓаните ги чинат неверојатни 690.000 евра. За лекувањето на малата Тамара беа потребни дваесет пати помалку од овие пари,...

Владата попушти, автошколите го прекинаа протестот

Автошколите, кои цел месец ја блокираа улицата пред Влада, го прекинаа протестот откако на средбата со претставници на извршната власт им било кажано дека Министерството за внатрешни работи веќе доставило предлог за одложување на мерката за снимање на обуката со сопствена опрема. - Нашето барање е членот да се одложи една година, период во кој ние, со докази, со факти и со аргументи...

„Република“: Шилегов изнесе груби лаги и невистини

Неделникот „Република“ ги демантираше информациите што денеска беа изнесени од портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. „Во врска со обвинувањата од портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, изнесени во изјава за медиуми, а во врска со, наводно, приходи од Владата на Македонија, „Прва Република“ д.о.о.е.л. Скопје најостро реагира и ги демантира ваквите тврдења. Шилегов изнесе груби лаги и невистини за непостојни приходи,...

Парите од граѓаните завршувале во провладините медиуми и во парцелите на Водно

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, објави документи од Централен регистар кои, според него, покажуваат дека пари на граѓаните завршувале во провладини медиуми. Според Шилегов, тоа е една од причините зошто без да се обезбедат услови за објективно известување во медиумите, не се можни фер избори и регуларен предизборен и изборен процес. - Според официјалните документи на Централен регистар, неделникот „Република“, во...

Побарано продолжување на вонредната состојба во Франција

Француската влада денеска побара тримесечно продолжување на вонредната состојба, прогласена по терористичкиот напад во Париз, извршен на 13 ноември минатата година, во кој беа убиени 130 лица. Мерката што владата ја предложи на денешниот состанок треба да ја одобри парламентот. Вонредната состојба веќе еднаш беше продолжена и треба да заврши на 26 февруари. Во соопштението, претседателот Франсоа Оланд вели дека тримесечното продолжувањето е оправдано...

Германската влада усогласила мерки за азил

Германската влада денеска одобри пакет мерки кои имаат цел да го намалат бројот на мигранти што во земјата бараат азил. Мерките минатата недела ги одобри владејачката коалиција на канцеларката Ангела Меркел, а тие вклучуваат користење посебни центри за брзо процесирање на мигрантите што имаат шанса да добијат азил, што значи дека некои Сиријци подолго ќе чекаат за да им се придружат роднините. На...

Вработените во ОХИС преку протест ги бараат заостанатите плати

Исплата на заостанатите 24 плати побараа вработените во државниот загубар ОХИС. Тие протестираа пред Владата, бидејќи со години чекаат на исплатата на тие пари. Државата досега распиша 11 тендери за продажба на ОХИС, но не успеа да најде купувач.

Владата се откажа од продажбата на Офицерскиот дом во Битола

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во вчерашниот дневник на телевизија „Сител“, најави дека ќе се запре продажбата на Офицерскиот дом во Битола затоа што „граѓаните биле против таа одлука“. – Гледаме дека граѓаните на Битола не го поддржуваат тој проект. Размисливме уште еднаш добро и одлучувме од понеделник да се запре тој процес – додаде Груевски. Владата пред неколку дена објави дека ќе го...

Кабинетот на Димитриев: Влада за спроведување избори или за исполнување желби

Изминативе неколку денови, Владата одобри вработувања, простории и возила за да ѝ обезбеди услови на Државната изборна комисија да може да работи, а од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа и сите забелешки што ги имаа за методологијата што ДИК ја подготви за прочистување на избирачкиот список. Владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ очигледно не сака да остави ниту едно нешто...

Хрватска доби нова влада

По 14 часа долга расправа, хрватскиот Сабор ја изгласа новата влада, а нов мандатар е Тихомир Орешковиќ. Досегашниот премиер Зоран Милановиќ му посака успех во работата. - Господинот Орешковиќ го доби мандатот, му посакувам сè најдобро. Нема да му биде едноставно, полесно е од пред четири години, но не и поедноставно - изјави Милановиќ. По примо-предавањето на власта, новиот премиер истакна дека...

Чичаковски: Не утврдивме датум до кога треба да се прочисти избирачкиот список

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, по завршувањето на средбата со техничкиот премиер за спроведување  на изборите, Емил Димитриев, и со членовите на Владата рече дека се разговарало за сите можности за соработка во процесот за подготовка на изборите во Македонија. Чичаковски рече дека приоритет е проверката на избирачкиот список. - Ги разгледавме сите можности за институционална соработка и утврдивме...

Членовите на ДИК ќе се сретнат со премиерот Димитриев

Членовите на Државната изборна комисија денеска ќе се сретнат со премиерот на преодната влада, Емил Димитриев. Средбата ќе се одржи во 12 часот, во Владата на Република Македонија. ДИК на вечерашната седница усвои одлука при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 13 институции, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата за јавни приходи (УЈП), Народна банка, Агенцијата...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...