fbpx

Владата се откажа од продажбата на Офицерскиот дом во Битола

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во вчерашниот дневник на телевизија „Сител“, најави дека ќе се запре продажбата на Офицерскиот дом во Битола затоа што „граѓаните биле против таа одлука“.

– Гледаме дека граѓаните на Битола не го поддржуваат тој проект. Размисливме уште еднаш добро и одлучувме од понеделник да се запре тој процес – додаде Груевски.

Владата пред неколку дена објави дека ќе го продава еден од најпрепознатливите објекти во Битола, кој е споменик на културата заштитен со закон.

Одлуката за продажбата на Офицерскиот дом беше неприфатлива за жителите на Битола, а реакции имаше и од културни работници и од опозициските советници. Се покрена и петиција за собирање потписи за поништување на одлуката, а во план беа и протести.

По објавената намера за продажба на битолскиот Офицерски дом, Здружението на граѓани „За нас се работи“ упати барање до градоначалникот на Битола, Владимир Талески, јавно да го искаже својот став за ваквата одлука.

Одлуката за продажба Владата ја донела на 22 декември, а огласот беше објавен на 16 јануари. Почетната цена за електронското јавно наддавање кое требаше да се одржи на 19 февруари, беше 900.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...