fbpx

Груевски: Треба, мора и ќе успееме да имаме избори на 24 април

-

„Треба, мора и ќе успееме да имаме фер, слободни и демократски избори на 24 април. Тоа е желба на мнозинството граѓани и на најголемите политички партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во вестите на телевизија „Сител“.

– Со изборите на 24 април ќе ѝ се стави крај на политичката криза, која нè влече назад и која му штети на народот. Моето мислење е дека Зоран Заев и СДСМ имаат погрешна политика и за државата и за нивната партија. Тие сакаат да ги убедат сите дека поради нешто друго не сакаат избори. Тие минатата година побараа избори, ние веднаш се согласивме. Заеднички потпишавме договор со претставниците на меѓународната заедница. Сите потпишавме за избори на 24 април. Нејасно ми е тоа што велат дека ние, ВМРО-ДПМНЕ, сме донеле еднострана одлука за одење на избори. Како може да е еднострано кога потпишавме договор на кој го одредивме датумот на избори? Освен тоа, сите партии во Собранието изгласаа закон со кој е предвиден датумот за избори – рече Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека има сосема доволно време за прочистување на избирачкиот список, дури и дека има „резерва“ ако се сака да се работи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...