Турците денеска на протест пред Владата и пред „Сител“

-

Tурците во Македонија денеска пред Владата организираат протест по вчерашната навреда од уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ – Латас, кој на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, му се обрати со зборовите „лажеш како Турчин“.

Во повикот објавен на „Фејсбук“ стои дека дрскоста на Драган Павловиќ – Латас нема крај, паниката и нервозата е видлива и прекумерна.

„Во денешниот дневник (10.02.2016 г., н.з.) во кој гостуваше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, уредникот на дневникот, Драган Павловиќ – Латас ме навреди мене и сите припадници од турска националност, според законот за граѓанска одговорност за изречена клевета или навреда. Ве повикувам сите слободоумни граѓани утре (четврток) точно напладне, на мирен протест пред Влада на Република Македонија да го изразиме нашиот револт против дрската навреда кон нас Турците, а во 13 часот пред телевизија „Сител“. Протестот има цел да побара: Владата да се огради од коментарот на Драган Павловиќ – Латас (поради тоа што таа е најголем финансиер на „Сител“), бараме сите партии со предзнакот „турски“ да излезат од коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, бараме пратениците во Собранието на Република Македонија да побараат одговорност од „Сител“. На истиот протест ќе се договориме за да поднесеме групна тужба против уредникот на дневникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ – Латас, во согласност со законот за граѓанска одговорност за изречена клевета или навреда“, стои во повикот.

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги нудат домашните...

Огромен број граѓани на протестот во Белград, пристапот до Собранието отежнат, силно полициско присуство

Додека протестот во Белград се разгорува, атмосферата останува напната, пишува српски Данас.рс. Студентите во блокада, кои го повикаа протестот, објавија дека главниот собир ќе се одржи пред Собранието на Србија, како...

Мицкоски не очекува прелевање од Србија, но подготвен е да помогне ако некој побара помош

Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со големиот...

Напната атмосфера во Белград – распоредена полиција, но и воени ветерани, има инциденти

Реки луѓе се слеваат кон центарот на српскиот главен град, додека големиот се интензивира, а во градот се распоредени големи полициски сили. Денес во 16 часот ќе започне протестот пред Народното...

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги...