fbpx

Премиерот на Австралија најави нова реконструкција на владата

-

Австралискиот премиер Малком Турнбул денеска најави нова реконструкција на владата откако три министри поднесоа оставка, а двајца најавија дека нема да учествуваат на претстојните избори.

Тоа ќе биде втора реконструкција на владата од септември 2015 година, кога Турнбул ја презеде функцијата премиер.
Според премиерот, новите измени во владата треба да им пружат шанса на младите министри.

– Станува збор за транзиција, промена и тоа е особено важно – рече Турнбул.

Еден министер поднесе оставка во декември, по скандал поврзан со неговото однесување во бар во Хонгконг. Двајца министри минатата недела поднесоа оставка – еден поради обвиненија дека службеното патување во Пекинг го искористил за лични интереси, додека другиот поради скандал поврзан со илегален увид во дневникот на претседателот на Долниот дом на Парламентот на Австралија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...