fbpx
Таг: влада

таг: влада

Хрватска доби нова влада

По 14 часа долга расправа, хрватскиот Сабор ја изгласа новата влада, а нов мандатар е Тихомир Орешковиќ. Досегашниот премиер Зоран Милановиќ му посака успех во работата. - Господинот Орешковиќ го доби мандатот, му посакувам сè најдобро. Нема да му биде едноставно, полесно е од пред четири години, но не и поедноставно - изјави Милановиќ. По примо-предавањето на власта, новиот премиер истакна дека...

Чичаковски: Не утврдивме датум до кога треба да се прочисти избирачкиот список

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, по завршувањето на средбата со техничкиот премиер за спроведување  на изборите, Емил Димитриев, и со членовите на Владата рече дека се разговарало за сите можности за соработка во процесот за подготовка на изборите во Македонија. Чичаковски рече дека приоритет е проверката на избирачкиот список. - Ги разгледавме сите можности за институционална соработка и утврдивме...

Членовите на ДИК ќе се сретнат со премиерот Димитриев

Членовите на Државната изборна комисија денеска ќе се сретнат со премиерот на преодната влада, Емил Димитриев. Средбата ќе се одржи во 12 часот, во Владата на Република Македонија. ДИК на вечерашната седница усвои одлука при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 13 институции, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата за јавни приходи (УЈП), Народна банка, Агенцијата...

Груевски и понатаму се однесува како да е премиер

ВМРО-ДПМНЕ вчера организираше состанок за проектот (на Владата!)  „Купи куќа за млади“, кој се одржа во хотелот „Александар палас“ и на кој присуствуваше претседателот на партијата, Никола Груевски. На средбата присуствуваа градоначалници и министри. Проектот „Купи куќа за млади“ го промовираше Никола Груевски како премиер на 18 декември 2015 година, а почна да се реализира на 15 јануари 2016 година. И...

Спасовски и Ременски дадоа свечена изјава за министри

Министрите за труд и социјална политика и за внатрешни работи, Фросина Ременски и Оливер Спасовски, денеска во Собранието дадоа свечена изјава како министри во преодната влада предводена од Емил Димитриев. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, го поздрави, како што рече, враќањето на министрите. - Го поздравувам враќањето на опозицијата во Собранието и давањето свечена изјава на министрите. Мислам дека...

Ахмети: Ја поздравувам одлуката на СДСМ да остане во Владата и во Собранието

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на својот профил на „Фејсбук“ ја поздрави синоќешната одлука на опозицискиот СДСМ да остане дел од процесот на решавање на политичката криза во земјата преку активно учество во Собранието, Владата, како и во работните групи за спроведување на Договорот од Пржино. „Се надевам дека во следните денови сите политички партии ќе дадат свој придонес да се...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема да може да избега од волјата на народот

„Македонија мора да оди напред и не смее веќе да биде заложник на политичката криза и на агонијата која е создадена изминатиот период. Народот бара решенија за секојдневните проблеми, а не партиите како приоритет да ги имаат личните интереси на нивните раководства“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на заклучоците од централниот одбор на СДСМ. „Фер и демократски избори ќе има и тоа...

Заев: Не излегуваме од владата, на Договорот од Пржино му даваме шанса до 24 февруари

Опозицискиот СДСМ одржа централен одбор на кој едногласно била донесена одлука партијата да не учествува на изборите предвидени на 24 април, но да му се даде уште една шанса на Договорот од Пржино со тоа што техничките министри од СДСМ ќе останат во владата до денот кога Собранието ќе се распушти. Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, по завршувањето на централниот...

Кој ќе ги плати пералните и сушалните за студентските домови, ВМРО-ДПМНЕ или Владата?

Поранешниот премиер Никола Груевски, денеска во својство на претседател на ВМРО-ДПМНЕ, пред Унијата на млади сили на партијата порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи многу работи за младите. Меѓу другите проекти, Груевски вети и дека партија ќе им обезбеди бесплатен железнички превоз за викенд на младите до 27 години, како и дека ќе набави перални и сушални во сите студентски домови. - ВМРО-ДПМНЕ во...

Котевски: Груевски најавува проекти како лидер на партија што има мнозинство во Владата

Недоумица предизвика денешната најава на проекти на претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кои треба да ги спроведува Владата. Дали Груевски ги најавуваше проектите како поранешен премиер или како претседател на партија? Тој денеска пред Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ најави дека од март Владата за младите до 27 години ќе обезбеди бесплатен железнички превоз секој прв и трет викенд...

Спасовски денеска бил на работа, Ременски не се појавила

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се појавил на своето работно место, додека министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, не дошла на работа. Како што нè информираше Наталија Спирова-Кордиќ, началничка на одделението за односи со јавноста во МВР, Спасовски бил на работа и ги исполнувал своите работни обврски. - Зошто да не дојде на работа? Сè додека не...

Мета-ретроспектива: Влади се менуваат, а „Гисеке“ печати обрасци и предизборни афери

Германската фирма „Гисеке и Девриент“, која го има договорот за изработка на македонските лични докумети (пасоши, лични карти и возачки дозволи), по десет години повторно е во фокусот на медиумските конфронтации меѓу власта и опозицијата. Во 2005 година, пред изборите, таа го доби тендерот за новите лични документи, а МВР беше обвинето дека нетранспарентно ја одбрало таа компанија и дека „заиграла“...

Никола Груевски не е веќе премиер ниту на интернет

Дел од страниците на кои Никола Груевски и вчера, еден ден по оставката, се водеше како премиер, денеска се ажурирани и наместо доскорашната позиција сега во описот стои „политичар“. На официјалната веб-страница на Владата, сега како премиер стои Емил Димитриев. На официјалниот фејсбук-профил на Груевски вчера стоеше: Премиер на Република Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу информациите од работната биографија пишуваше дека е...

Иванов вечерва ќе му го врачи мандатот за формирање влада на Емил Димитирев

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во 19.30 часот ќе му го врачи мандатот за состав на Влада на Емил Димитриев, информираа од кабинетот на претседателот. Емил Димитриев, досегашен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во четвртокот беше избран од извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за премиер на преодната влада. Во петокот, Никола Груевски ја депонираше својата оставка до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, а денеска...

Вечерва обраќање на Груевски до јавноста

Премиерот Никола Груевски, вечерва во 19 часот ќе има обраќање до јавноста. Се очекува во обраќањето Груевски да ја соопшти својата одлука околу оставката на функцијата премиер, како што е предвидено со Договорот од Пржино, а во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 24 април. Денеска е последен ден до кога Груевски треба да поднесе оставка, а утре истекува рокот...

За избори на 24 април, Груевски најдоцна денеска треба да си даде оставка

На 3 јануари премиерот Груевски соопшти дека ќе поднесе оставка пред 15 јануари за да може да се спроведе Договорот од Пржино. „Во согласност со договореното, на 15 јануари ќе се избира нова влада со претседател на владата за спроведување избори. Претходно, секако, ќе дадам оставка, а за тоа кој ќе биде човекот што ќе биде претседател на владата за...

Груевски денеска во посета на Битола и на Охрид

Премиерот Никола Груевски денеска, како што информираат од Владата, ќе ги посети општините Битола и Охрид. Според предвидената агенда, во Битола премиерот ќе присуствува на свечено отворање на фабрика за чипс во селото Кравари. Во Охрид, планирано е Груевски да ја посети специјалната болница за ортопедија и за трауматологија „Св. Ерезмо“ и да изврши увид во градежните активности за реконструкција на...

Владата најави оперативен план за нови 8.700 вработувања

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека годинава со новиот владин оперативен план за вработување е предвидено да се вработат околу 8.700 лица. Груевски рече дека со планот, за кој од буџетот ќе бидат издвоени 11,5 милиони евра, ќе бидат опфатени 13.500 лица, од кои 8.700 се очекува да се вработат, додека другите ќе бидат испратени на обуки. Конкурсот за првата програма...

Норвешката влада предлага поостри мерки за азил

Норвешката влада денеска ќе предложи мерки за заострување на прописите за азил, соопштија норвешки претставници. Министерот за имиграција, Силви Листхауг, рече дека мерките за кои е потребно одобрување од парламентот, вклучуваат рестрикции во врска со тоа кој може да добие бегалски статус во Норвешка. Норвешка во моментов дава бегалски статус на поширока група луѓе од тие што се сметаат за бегалци според...

Ѓукановиќ покрена проверка на довербата во Владата

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ покрена иницијатива за проверка на довербата на Владата. Владата ја прифатила одлуката, а Ѓукановиќ очекува дека иницијативата ќе биде испратена до Собранието најдоцна за 15 дена. Ѓукановиќ вчера најави покренување на таква иницијатива. - Ќе барам да се испита политичката доверба во Владата за да видиме дали таа во овој состав може да продолжи да функционира до изборите или ќе...

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје, примала мито од 12.500 евра

Поднесена е кривична пријава против 41-годишната И.М. од селото Буковиќ во скопската општина Сарај, а која била вработена во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични...