fbpx

Груевски денеска во посета на Битола и на Охрид

-

Премиерот Никола Груевски денеска, како што информираат од Владата, ќе ги посети општините Битола и Охрид.

Според предвидената агенда, во Битола премиерот ќе присуствува на свечено отворање на фабрика за чипс во селото Кравари.

Во Охрид, планирано е Груевски да ја посети специјалната болница за ортопедија и за трауматологија „Св. Ерезмо“ и да изврши увид во градежните активности за реконструкција на болницата.

Премиерот ќе го посети и комплексот од црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, а посетата на градот треба да ја заокружи со промоција на нов апарат за мамографија во општата болница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...