fbpx

Камион полн со мигранти откриен на стариот пат Скопје – Куманово

-

Камион полн со мигранти, меѓу кои жени и деца, вчера бил откриен на стариот пат Скопје – Куманово, објави телевизијата „ТВ 21“.

Во напуштениот камион, според „Телма“, која се повикува на информации од полицијата, биле откриени 34 мигранти, од кои 16 биле ирачки државјани. Ним, бидејќи не се сметаат за економски мигранти и можат да го продолжат патот кон европските земји, им биле издадени потврди за 72-часовен легален престој во земјава и биле префрлени во кампот во Табановце.

Дел од преостанатите мигранти биле префрелени во прифатниот центар за странци во Гази Баба, а 15 мигранти со потекло од Иран веднаш побарале азил во земјава.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека камионот, марка „мерцедес“, во кој биле мигрантите, имал лажни велешки регистарски ознаки. Според полицискиот увид, претходниот сопственик на камионот, инаку 33-годишен штипјанец, на 4 јануари годинава, го продал возилото на 24-годишен велешанец со иницијали Џ.И. На истиот датум биле одјавени и регистарските ознаки на камионот.

Според МВР, во камиониот биле пронајдени вкупно 33 мигранти, од кои 16 се ирачки државјани, 15 се од Иран и двајца се од Либија.

За случајот бил известен дежурен јавен обвинител. Полицијата сè уште трага по возачот, кој го оставил камионот и побегнал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...