fbpx

Заев: Не излегуваме од владата, на Договорот од Пржино му даваме шанса до 24 февруари

-

Опозицискиот СДСМ одржа централен одбор на кој едногласно била донесена одлука партијата да не учествува на изборите предвидени на 24 април, но да му се даде уште една шанса на Договорот од Пржино со тоа што техничките министри од СДСМ ќе останат во владата до денот кога Собранието ќе се распушти.

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, по завршувањето на централниот одбор, во изјава за медиумите рече дека имало плодна дебата и едногласна одлука да не се учествува на избороте на 24 април.

– Заклучоците што ги донесовме на централниот одбор по дебатата се следните: Фер, регуларни и демократски избори се императив, а не датумот на изборите. На Македонија не ѝ требаат уште едни нерегуларни избори. Затоа менувањето на датумот на изборите не е желба на опозицијата, туку потреба за целосна имплементација на Договорот од Пржино. Квалитетна и кредибилна проверка на избирачкиот список не може да се направи за 40 дена, а без кредибилен и веродостоен избирачки список нема регуларни избори, како и без соодветна регулација на медиумите и создавање фер медиумски простор за сите политички партии со навремен ефект пред изборите. За СДСМ, неприфатливи се избори без навремено прочистен избирачки список и без навремена регулација на медиумите. Затоа, на избори на 24 април СДСМ нема да учествува – изјави Заев.

Тој додаде дека едностраната одлука на власта да го распушти Собранието на 24 февруари и да оди на избори на 24 април без претходно да бидат исполнети условите за фер, регуларни и демократски избори, го ставила СДСМ пред две опции, да ги напушти институциите или да им даде шанса да се коригираат.

Лидерот на СДСМ вели дека тие ќе останат посветени на Договорот од Пржино за да се исполни во целост и дека нема опозицијата да биде таа што ќе го прекрши договореното.

Во одговор на новинарско прашање, Заев рече дека до распуштањето на Собранието ќе останат на сè што е предвидено во Договорот од Пржино, односно остануваат и во Владата и во Собранието.

– Не сакаме на нашиот политички противник да му дадеме шанса да каже дека ние сме тие што го прекршиле Договорот, а притоа да остане и потребата од улогата како барање на опозицијата за техничка влада, секако ако тоа не се случи во овој период да се одложат изборите, а тоа ќе го знаеме најдоцна до денот на распуштање на Собранието, веднаш централниот одбор ќе ги соопшти одлуките коишто и граѓаните очигледно ги очекуваат – одговори Заев.

Околу изјавите на претставниците на меѓународната заедница, Заев рече дека немале никаков притисок ниту, пак, во иднина очекуваат. Тој ја повика меѓународната заедница да држи до принципите и до европските вредности.

Одговарајќи на прашање кој датум за СДСМ е оптимален за избори, тој рече дека тоа е штом се исполнат сите обврски договорени во Пржино.

– Штом ќе биде прочистен избирачкиот список и штом ќе бидат регулирани медиумите и ќе бидат минимум фер основа за сите политички партии да имаат рамноправен простор за фер политички натпревар, веднаш можат да бидат закажани изборите. Напоменувам, изборите можат да бидат закажани од сите политички партии и уште еднаш, Државната изборна комисија соопштува кога и како може да биде проверен избирачкиот список. Ние избравме независна државна институција, која веќе соопшти преку претседателот кој се претпоставките, да оставиме независните државни органи, веќе ги има две институции, да ја работат својата работа и тие се тие што треба да зборуваат кога може да биде прочистен избирачкиот список – рече Заев.

Тој му се заблагодари на амбасадорот на САД, Џес Бејли, за „одличната изјава“ која,  како што рече, е во функција на интересите на државата.

– Во процесот во кој е влезена Македонија, да се донесе еднострана одлука од власта, го нема никаде, во ниту еден демократски свет. Пораката е испратена. Само сите партиципиенти во изборите можат да учествуваат. Како што гледате, тоа не е само СДСМ, огромен број политички партии испратија порака дека не учествуваат на 24 април. Зошто? Сакаат фер шанса, фер шанса за натпревар, фер шанса ако имаат најдобри кандидати и најдобра програма. Тоа во Македонија не беше возможно. Е, тоа ќе го овозможиме, сите заедно здружени со граѓаните – рече Заев.

Околу закажаната расправа на Советот на јавни обвинители за одговорноста на Катица Јанева за непотпишување на записниците за материјалите што ги добила, Заев истакна дека не му паѓа на памет да се меша во, како што вели, светоста на двете драгоцени независни институции во државата.

– Се надевам ќе се охрабрат сите институции да станат независни. Секако верувам во капацитет на нешто за кое јас одлучував заедно со сите четири политички партии, заедно во парламентот и со пратениците од нашата политичка партија, има услови за работа Специјалното јавно обвинителство и до тука може да коментирам – изјави лидерот на опозицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...