fbpx
Таг: влада

таг: влада

ВМРО-ДПМНЕ: Можеби и нема да одиме на избори, можеби ќе излеземе од Владата…

Во тек се интензивни - посредни и засега неплодни  - контакти меѓу партиите, кои ги координира меѓународната заедница преку амбасадорите во земјава за да може до задутре, кога истекува рокот за поднесување кандидатски листи за пратеници, да се најде некакво решение за излез од политичката криза. Од опциите што се во игра, ниту една не е прифатлива за владејачката партија. - Ние...

Можна реконструкција на грчката влада

Ја очекува ли Грција владина реконструкција во следниот период? Сценариото за мерки па владина реконструкција, сè повеќе се слуша во Атина како што се приближува гласањето на новиот пакет мерки од 5,4 милијарди евра. Оценките се дека премиерот Алексис Ципрас е подготвен да го смени владиниот состав штом се постигне договор со европските кредитори. Замислата на Ципрас е преку ова да ја...

„Транспаренси интернешнел“ бара оставка од Иванов и одложување на изборите

Глобалното движење за броба против корупција „Транспаренси интернешнел“ и неговиот разгранок во Македонија бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов и одложување на изборите закажани за 5 јуни сè додека не биде прочистен избирачкиот список и не се ограничи широко распространетата корупција што ја парализира земјата. Од „Транспаренси интернешнел“ и „Транспаренси интернешнел Македонија“ велат дека граѓаните на земјава излегуваат на улица на...

Димитриев: Одржувањето избори на 5 јуни е неопходно

„Одржувањето избори на 5 јуни е неопходно. Нивното одложување, за кое прашање е дали е правно можно, и продолжувањето на времетраењето на техничката влада има реперкусии врз секојдневното функционирање на институциите“, изјави претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев, при посетата на касарната „Илинден“ во Скопје. – Го објаснив ова прашање и повторно ќе го афирмирам мојот став и ставот на Владата...

Демонстрантите пред Владата ги обоија сликите на Груевски и на Иванов

Балоните со боја на „Шарената револуција“ вечерва ги обоија лицата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Големи транспаренти со контурите на ликовите на двајцата функционери беа поставени на оградата пред Владата. Демонстрантите, откако ги обоија лицата, фрлајќи балони со боја, на транспарентот со ликот на Иванов со спреј испишаа „Готов си“ и поставија...

„Шарена револуција“: Што ќе правите кога неправдата ќе затропа на вашите врати?

Мирно заврши и денешниот протест пред Владата на Република Македонија. Граѓаните кои протестираат против одлуката за аболиција на функционери, денеска се движеа од Специјалното јавно обвинителство, преку Собранието сè до Владата. На пат кон Собранието, тие повторно ги обоија фасадите на Министерството за правда, како и на Народната канцеларија на претседателот Иванов. Таму, дел од демонстрантите, во знак на револт,...

Андоновски: УБК максимално будно ги следи протестите

Мора да бидеме максимално будни и да ги анализираме сите информации, вклучувајќи ги и тие што укажуваат дека во протестите (на граѓанската иницијатива „Протестирам“, против одлуката на претседателот Иванов за аболиција, н.з.) се вклучени или дека се оркестрирани од странски државјани, вели во интервју за порталот „Прес 24“, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Љупчо Андоновски. На прашањето како УБК...

Падна скелето, ама Владата уште се држи!

Скелето поставено пред Владата се урна под налетот на силниот ветер и дожд. Нема повредени помеѓу припадниците на полицијата кои стоеја од другата страна на оградата во непосредна близина на скелето. https://twitter.com/meta_agency/status/724669538869088257 Насобраната маса народ веднаш се стрча кон оградата, но откако забележа дека припадниците на безбедносните сили се во добра состојба, почна да извикува „Пада влада“ и „Ружна ви е...

Недела на големи одлуки за грчката влада

Наместо воскреснување на економијата, нови мерки и стеги за грчкиот народ и за бизнисмените. Ова се шпекулира дека ќе биде исходот од оваа Велика недела во Грција, ако се има предвид дека владата се надева до четврток да се затвори првиот дел од преговорите со кредиторите околу мерките за пензиски и за даночни реформи. Во исто време, од ММФ и од...

Спасовски: Владата создаде услови за пуч во МВР

Владата создаде услови за извршување пуч во МВР, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој истакна дека е оневозможен од страна на Владата да раководи со Министерството, „во овие исклучително тешки моменти за државата“ и да одговара за „последиците од ваквиот свесно креиран хаос во министерството“. - Владата, од неразјаснети за мене причини, не ја испочитува мојата...

На десеттиот ден од граѓанските протести, боја доби и фасадата на Владата

На десеттиот ден од граѓанските протести, против одлуката за аболиција на функционери, која ја донесе претседателот Ѓорге Иванов, обоена остана зградата на Владата на Република Македонија. Неколку канти со боја беа истурени и на улицата пред Владата, а десетина балони со боја завршија и кон фасадата. Протестот, на моменти со кошкање помеѓу полицијата и демонстрантите, заврши мирно, без инциденти. https://twitter.com/meta_agency/status/723228966987935744 Денеска, како и претходните...

ОН: Бегалците во „Винојуг“ и во Табановце живеат како во притвор и во мизерни услови

Околу 1.000 мигранти и бегалци, кои се сместени во транзитните центри „Винојуг“ и на Табановце, како и во центарот за азил во Скопје, од кои половината се деца, живеат во многу лоши и примитивни услови, со неквалитетна храна и со ограничена слобода на движење, велат агенциите на Обединетите нации. „Агенциите на Обединетите нации се сериозно загрижени поради условите во кои...

Наместо бараните 3,2 милиони евра, државата се задолжи за еден милион повеќе

Наместо бараните 3,2 милиони евра, државата денеска на аукција на хартии од вредност се задолжи за 4,3 милиони евра. Најголем интерес од страна на домашните кредитори имало за десетгодишните записи. Следната аукција е закажана за следниот вторник.

„Не ве амнестираме“, порачаа граѓаните на вечерашните мирни и масовни протести

Во мирна атмосфера, со извици „Оставка“, „Никола на робија“ и „Не ве амнестираме“, пред зградата на Владата заврши денешниот протест на граѓаните против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари од судски процеси. Огромниот број демонстранти пред Владата пристигна од Министерството за култура, чија зграда ја обоија фрлајќи ќесиња со боја. Маршрутата кон Министерството за култура беше дел од...

Провокатори меѓу демонстрантите кај Порта „Македонија“, протестот продолжува пред Влада

Демонстрантите собрани пред Собранието, тргнаа кон Порта „Македонија“ каде што дел почнаа да фрлаат боја и јајца. Неколку граѓани се издвоија од толпата и почнаа со спреј да пишуваат на Портата. Едно лице, кое според демонстрантите е провокатор, почна да ги удира тие што пишуваа, навлекувајќи го гневот на толпата на себе, но дел од редарите успеаја да го издвојат и да го тргнат настрана. Граѓани,...

Владата повторно ги поништила актите на Ременски и на Спасовски

Владата повторно ги поништила одлуките на министрите од СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ташевска-Ременски, на седница во четвртокот, информираат од секторот за односи со јавноста на Владата. Како што пишува во соопштението, поништени се актите кои министрите ги донеле од 7 до 14 април. - Актите се поништени бидејќи не се донесени во согласност со дополнителните заменици-министри и, според тоа, се спротивни...

Хан: Ако партиите не се фокусирани на фер избори, новата влада нема да биде меѓународно признаена

„Навистина сум разочаран од последните настани. Ние инвестиравме многу во договорот од јуни-јули минатата година за да се донесе земјата назад на евроатланскиот пат. Многу од роковите не беа испочитувани кога требаше, но конечно тоа беше направено. И затоа фактот дека сега изборите на 5 јуни се под тешка ситуација, искрено не знам како ќе изгледа по изборите. Мислам...

Шилегов: Владата поништи 448 решенија донесени од министерот Спасовски

„Владата донела одлука со која се поништуваат сите 448 решенија што ги донел министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Во формулација, која е надвор од законот, се вели „се забранува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да носи какви било решенија од правна, финансиска и кадрова природа без притоа потписник да биде и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков“, изјави...

Мирно завршија протестите кај Владата и кај СДСМ

Мирно заврши протестот пред Владата каде што протестираа демонстранти организирани од граѓанските организации. Заедно со граѓаните, се повлекоа и припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Протестот помина без поголеми инциденти. Граѓаните протестот го почнаа пред Специјалното јавно обвинителство, од каде што се упатија кон Собранието, но од полицијата беа спречени да стигнат таму. Од Порта „Македонија“ демонстрантите потоа се упатија до Камениот...

Демонстрантите стигнаа пред Влада, атмосферата е мирна

Полицискиот кордон кој го имаше блокирано приодот кон Владата на крстосницата кај зградата „Тифани“, се повлече. Демонстрантите се пред Влада и таму го продолжија протестот во организација на граѓанските задруженија кои се против одлуката за аболиција на политичари за кои се води кривична постапка. Засега во мирна атмосфера, демонстрантите пред Владата извикуваат „Заедно сме посилни“ и „Оставка“. Генералот Стојанче Ангелов заедно со уште...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...