Шилегов: Владата поништи 448 решенија донесени од министерот Спасовски

„Владата донела одлука со која се поништуваат сите 448 решенија што ги донел министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Во формулација, која е надвор од законот, се вели „се забранува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да носи какви било решенија од правна, финансиска и кадрова природа без притоа потписник да биде и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, во синоќешното издание на „Топ-тема“ на телевизија „Телма“

Според Шилегов, ова е вторпат Владата да поништува решенија што ги донел министерот Спасовски.