fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Сатирична вест за Спасовски пренесена како вистинска

Фотографијата од постот е всушност наслов на сатирична, односно измислена вест објавена на сајтот „Тв вести“. Текстот е објавен во рубриката „сатира“, што јасно се гледа кога ќе се отвори написот. Меѓутоа, во овој пост во кој се споделува принтскрин од насловот на текстот не е наведено дека се работи за сатирична вест. Од коментарите на постот пак, е...

Кремљ во расцеп на сопствената пропаганда и сѐ погласните критики за реалната загубена иницијатива во Украина

Последиците од најновиот развој во Украина за Кремљ сè уште е нејасни, но, експертите велат дека ако украинската контраофанзива продолжи со слично темпо, на Путин ќе му биде сè потешко да се претстави како силен стратег. Тој повеќе од две децении градеше слика за себе како силен воено-политички и двигател на меѓународната политичка сцена стратег кој може да ги надмудри...

Лажна наградна игра повторно ги мами корисниците на Фејсбук

Фејсбук страница, иако се претставува како продавница за велосипеди, нема ни локација, ни купувачи. Eдинствената оставена рецензија за неа, е дека станува збор за лажна страница со цел да се прибават вашите лични податоци. Страницата е креирана на 12 септември годинава. Станува збор за измамнички начин на прибирање на личните податоци на корисниците на социјалните мрежи со лажно...

Нема докази за воени бази што складираат храна и пијалоци за населението од целиот свет

Подземните тунели се „опсесија“ на поддржувачите на теориите на заговор, кои иако никогаш официјално не се откриени, ја пласираат дезинформацијата на социјалните мрежи. Следбениците на Кју Анон користат компилации од фотографии со ниска резолуција од објекти кои не само што немаат никаква врска со пронаоѓање на тони и тони храна и пијалоци, туку и се во приватна сопственост, пишува...

Пост неточно споделува изјава на Папата за С. Македонија и за Бугарија

При посетата на Папата на Македонија и Бугарија во мај 2019 година, тој изјави дека „Македонија е симбол на тоа како христијанството влезе на запад преку Апостол Павле кој сакаше да оди во Азија, но беше повикан во Македонија“. Од друга страна, изјавата што се пренесува во објавата на Фејсбук е без контекст и пренесена со нелогична и погрешна...

Европските организации за проверка на факти усвојуваат Кодекс за професионални стандарди, Фондацијата Метаморфозис потписник од С. Македонија

Повеќе од 40 организации за проверка на факти ширум Европа усвоија професионален Кодекс кој ги дефинира стандардите на методологијата, етиката и транспарентноста потребни за целокупна и ефикасна борба против дезинформациите. „Европскиот кодекс на стандарди за независните организации за проверка на факти“, кој беше објавен денеска, е развиен преку проект кој вклучува организации за проверка на факти од повеќе од 30...

Не е точно дека Британија „тивко“ ја отстранува ковид вакцината за бремени жени

Велика Британија ги нема променето упатствата за користење на ковид вакцината за бремени жени. Корисниците на социјалните мрежи погрешно го интерпретираат делот од извештајот за вакцината на Фајзер кој што беше објавен кон крајот на 2020 година од Британската регулаторна агенција како дел од иницијалниот процес за одобрување на оваа вакцина. Агенцијата потврди за проверувачи на факти на Асошиејтед...

Контраспин: Ако Арсовска се однесува „како четиригодишно дете“, кабаетот, сепак, е кај ВМРО-ДПМНЕ

Проблемите кои сега се на површина меѓу градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ очигледно се многу подлабоки, а на самата партија одамна ѝ се познати. Тие требало да се воочат и да се надминат уште пред локалните избори, кога ѝ понудиле, а Арсовска прифатила (или обратно), партијата да не истакнува свој кандидат на локалните избори, туку да ја поддржат нејзе....

Во Латвија демонстранти не биле приведени оти пееле песна, туку зошто одбивале да се разотидат од протест

Прес Јунајтед објавува дека Латвија отстранила советски споменик, по што 14 луѓе биле уапсени во Рига. Според медиумските извештаи, летонската полиција ги уапсила лицата кои протестирале против отстранувањето на споменикот. Локалните власти посочиле дека од неколку десетици луѓе кои се појавиле на местото, 14 биле уапсени затоа што не ја почитувале полициската наредба да се разотидат, а не затоа...

Нема докази дека синдромот од кој страда Џастин Бибер е поврзан со вакцината против ковид

Како што објавува Њујорк Тајмс, Рамзи Хант синдромот е невролошка состојба предизвикана од вирусот варичела зостер, истиот вирус кој предизвикува сипаници кај децата и кај возрасните. Различни експерти за проверувачите на факти на Ројтерс, потврдиле дека навистина имало испитувања за тоа дали има поврзаност меѓу Ремзи Хант синдромот и вакцината против ковид-19, меѓутоа резултатите досега се инконклузивни. Друг професор...

Наводен билборд, со кој се бара да го пријавите соседот ако се грее над 19 степени, е монтиран

Наводниот швајцарски билборд се шири на речиси сите социјални мрежи. Симон Хуг, специјалист за комуникација во Министерството за енергетика, за швајцарскиот медиум „20 минути“ изјавува дека Владата нема никаква врска со овој повик, ниту пак со плакатот. Тој вели дека логото и телефонскиот број на конфедерацијата на плакатот се злоупотребени и дека Владата веќе има покренато истрага за оваа...

Министерството за правда не нарачало кафемат кој чини над милион евра

Грешката, која се појави на страницата на електронскиот систем за јавни набавки, а која подоцна беше коригирана, не исчезнува од социјалните мрежи и по повеќе од една година. Имено, стануваше збор за кафемат за Министерството за правда кој бил добиен без надомест, поради годишна набавка на кафе во вредност од 60.000 денари. На социјалните мрежи, пак, сè уште...

Повторно се актуелизира приказната дека роботи убиле 29 научници во Јапонија

Новинарката и теоретичарка на заговор Линда Мултон Хау во својата приказна има многу недостатоци. Таа не го идентификува изворот на информациите, не го кажува името на фабриката каде што се случил наводниот масакр, ниту пак посочува некое од имињата на научниците кои наводно биле убиени. Иако таа тврди дека извештаите за овој инцидент биле сокриени од Владата, сепак,...

Со лесно проверливи невистини се прави обид да се дискредитира Европската Унија

Станува збор за купишта дезинформации, кои се лесно проверливи, а кои имаат за цел да креираат слика дека Европската Унија промовира декаденција и небезбедни политики за децата, базирани врз очигледни невистини, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Зоофилија, марш на гордоста. Сексот со животни е дозволен...

Како дел од медиумите предвреме прогласија смрт на кралицата Елизабета Втора?

Како дојде ситуација голем број медиуми неколку часа предвреме да ја прогласат смртта на кралицата? Како извор на веста, медиумите се повикуваа на британскиот сервис Би-Би-Си, но нашата вчерашна проверка покажа дека во ниту еден момент на веб-страницата на Би-Би-Си не се појави ваква вест, сè додека не беше официјално потврдено. Но, еден лажен профил на Твитер, кој се...

Контраспин: Проблемот не е во Договорот со Бугарија, туку во промената на однесувањето на Софија од 2019 година

Доколку со или без референдум С. Македонија се повлече од Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, преговарачкиот процес со ЕУ, кој сè уште е само формално започнат, ќе биде блокиран сè до постигнување на нов договор, кој, потоа, логично е да се претпостави, ќе доведе и до потреба за изменета преговарачка рамка со ЕУ. Не треба голема експертиза...

Сатирична објава за непостоечки разговор предизвика лавина навреди за министерката Петровска

Сатиричниот текст почнува со тоа дека „во последниот телефонски повик, министерката за одбрана му дала ветување на Зеленски дека Русија и Путин ќе бидат поразени, а тој плачел додека зборувал по телефон, нарачал воена артилерија како помош од Северна Македонија“. Наводниот разговор, уште пред да се прочита докрај, е јасно дека е невистинит, но и покрај тоа од...

Не е точно дека МРП вакцината е небезбедна и дека предизвикува смрт

МРП вакцината може да има одредени несакани ефекти, но тие се далеку од животозагрижувачки, како што се тврди во објавата што ја анализираме. Несаканите ефекти кои може да ги предизвикува оваа вакцина се опишани на официјалната веб страница на Националниот фармакоинформативен центар (НФИЦ). Тие се болка на местото на инјектирање, треска, благ осип и повремена болка и вкочанетост во...

Објава на Фејсбук шири дезинформации за вакцините, економската криза и за климатските промени

Во објавата на Фејсбук се тврди дека вакцините против коронавирусот се експериментални, што е неточно. Вакцините пред да бидат одобрени за употреба имаат поминато повеќе фази на клинички тестирања. Понатаму, се продолжува со тоа дека постои извесно „запрашување од авиони“. Станува збор за уште една широко распространета дезинформација која што Вистиномер во неколку наврати ја дебанкираше. Притоа, се тврди...

Преку лажна наградна игра на Лидл маркетите, се прибираат лични податоци на граѓаните

За наводната наградна игра да изгледа поверодостојно, креирана е фан страница каде што е злоупотребено името и логото на Лидл. Оваа лажна страница не е официјална страница на Лидл на Фејсбук, иако носи исто име. Лидл сè уште нема отворено продавница во С. Македонија, па оттаму не ни може да организира наградни игри, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...