fbpx

Наводен билборд, со кој се бара да го пријавите соседот ако се грее над 19 степени, е монтиран

-

Наводниот швајцарски билборд се шири на речиси сите социјални мрежи. Симон Хуг, специјалист за комуникација во Министерството за енергетика, за швајцарскиот медиум „20 минути“ изјавува дека Владата нема никаква врска со овој повик, ниту пак со плакатот. Тој вели дека логото и телефонскиот број на конфедерацијата на плакатот се злоупотребени и дека Владата веќе има покренато истрага за оваа злоупотреба, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се споделува медиумски напис со наслов „Ако соседот загрева дома на повеќе од 19 степени, пријавете на број…!“.

Во објавата на Фејсбук пишува:

Ова ли е таа Европа глобалната светска сила? За другар прашувам

Во уште еден пост на Фејсбук истата тема, пак, се вели:

Јееееј! Нам владата на нашата земја ни дозволила греење дури до 20 С, но си имаме и ние лица одговорни за “кодошење”.
Слава Украини!

Во медиумскиот напис што се споделува пишува:

Рекламен плакат во Швајцарија за „соработка“ со властите: ако соседот ја загрее куќата на повеќе од 19° C, тогаш можете да го пријавите по телефон и да добиете 200 франци. Како соседот би го дознал тоа, не е сосема јасно, ама…

Во написот се споделува фотографија, односно билборд на кој се гледа жена како зборува на телефон, со текст: „дали соседот го загрева станот над 19 степени? Ве молиме известете нè“, со напишан телефонски број за пријава на соседот. Фотографијата веќе ги обиколува социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, а се споделува и на Сигнал и на Телеграм. На фотографијата, на која наводно е плакат изработен од швајцарската Влада, пишува дека ако го пријавите соседот што го грее своето живеалиште над 19 степени Целзиусови, ви следува награда од 200 франци. Ова наводно се поврзува со растечките цени на енергетскиот маркет, а со цел економично штедење во зимскиот период.

Но, ништо од погоренаведеното не е вистина.

Имено, Симон Хуг, специјалист за комуникација во Министерството за енергетика, за швајцарскиот медиум „20 минути“ изјавува дека Владата нема никаква врска со овој повик, ниту пак со плакатот.

Логото и телефонскиот број на конфедерацијата на плакатот се злоупотребени. Нема такви федерални плакати, ниту, пак, повикуваме да се оцрнат или пријават одредени лица. Владата веќе има покренато истрага за оваа злоуботреба“, вели Хуг.

Ако оваа фотографија се пребара преку Google Reverse Image, лесно може да се најде истата, како темплејт за билборд, на бесплатната веб-страна за фотографии, Freepik. Лесно може да се препознае и дека позадината на наводниот билборд во Швајцарија е идентичен со онаа на бесплатниот темплејт.

Лево: Лажниот билборд што се споделува на социјалните мрежи Десно: Image by rawpixel.com on Freepik

Поради сето погоренаведено, оценуваме дека не е вистина дека во Швајцарија постои билборд кој ги повикува граѓаните да пријавуваат доколку некој дома грее над 19 степени Целзиусови и дека за секое пријавување следува награда од 200 франци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...