fbpx

Сатирична вест за Спасовски пренесена како вистинска

-

Фотографијата од постот е всушност наслов на сатирична, односно измислена вест објавена на сајтот „Тв вести“. Текстот е објавен во рубриката „сатира“, што јасно се гледа кога ќе се отвори написот. Меѓутоа, во овој пост во кој се споделува принтскрин од насловот на текстот не е наведено дека се работи за сатирична вест. Од коментарите на постот пак, е очигледно дека голем дел од корисниците на социјалната мрежа Фејсбук кои се заинтересирале за оваа содржина, не сфатиле дека воопшто станува збор за сатира, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост на Фејсбук кој споделува фотографија од наводна изјава на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Постот коментира:

Дали има еден нормален во државава

Според фотографијата, Спасовски наводно изјавил дека за да заштедат на струја и греење, ќе ги пуштат затворениците навечер да си одат дома.

Постот е доста вирален, а според коментарите под него, може да се заклучи дека предизвикал доста негативни реакции во однос на министерот.

„Вистиномер“ провери дали Спасовски навистина дал таква изјава, но не успеавме да најдеме ништо слично. Единствено што најдовме е дека фотографијата од постот е всушност наслов на сатирична, односно измислена вест објавена на сајтот Тв вести.

Бидејќи цената на струјата е се повисока а и зимата ќе биде долга и опасна министерството за внатрешни работи се реши да воведе реформи во казненопоправните установи. Спасовски заедно со тим од економски експерти направил анализа на новиот предизвик и сватил дека овој новитет е неопходен, се наведува на почетокот од оваа сатирична вест.

Понатаму е пренесена измислената изјава на Спасовски:

Знам дека сега ќе речете ова е лудост но самата енергетска криза не натера да направиме луди реформи, анализите покажаа дека доколку навечер затворениците ги пуштаме дома ќе се заштеди голема количина на струја, пари, мазут, и храна за време на оваа тешка криза која што ни претстои. Бидејќи новата реформа е топ го повикувам и Груевски да се врати во Македонија и да си ја отслужи казната преку ден ќе биде во затвор а навечер ќе си оди дома па така нема да осети голем притисок додека ја одлежува казната.

На крајот од текстот пишува дека „статијата е 100 проценти сатирична измислица, а сите сличности се случајни“. Ова претставува содржина која користи иронија, претерување или апсурдност, особено во контекст на актуелни политички и општествени настани. Истиот текст е објавен во рубриката „сатира“, што јасно се гледа кога ќе се отвори написот. Меѓутоа, во овој пост во кој се споделува принтскрин од насловот на текстот, не е наведено дека се работи за сатирична вест. Од коментарите на постот пак, е очигледно дека голем дел од корисниците на социјалната мрежа Фејсбук кои се заинтересирале за оваа содржина, не сфатиле дека воопшто станува збор за сатира

Повеќето корисници на социјалните мрежи имаат навика да не ги отвораат написите пред да коментираат, туку да формираат мислење само од насловот кој ќе го прочитаат. Дополнително, во постот што го рецензираме воопшто не е ни посочен линкот кој води до самиот текст. А сето ова создава погрешна перцепција кај корисниците на Фејсбук. Коректно би било при објавувањето на некоја сатирична вест, тоа да се нагласи на самиот почеток или во самата објава на Фејсбук, што не е сторено во случајов.

Поради сето ова, постот  го оценуваме како сатира, со дополнителна препорака истиот да биде обележан како сатиричен и во самата најава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...