fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Пост на Фејсбук ја воскреснува лагата дека Мишел Обама била маж

Мишел Обама никогаш не била маж. Таа е родена како Michelle LaVaughn Robinson во јануари 1964 година и родила две ќерки. Не е првпат Мишел во манипулативни постови да биде лажно претставувана дека, наводно, не е жена. Ваквите небулози речиси секогаш потекнуваат од кругови кои се склони кон конспирациски теории, а со цел во лагата да уверат што поголем број...

5Г антените не се камуфлираат затоа што се штетни, туку заради естетика и подобар сигнал

Камуфлирањето на телекомуникациските антени не е ништо ново и бомбастично како што тоа се претставува во постот. Вакви кактус кули има во САД, како и на други места во светот, но во постот не е објаснето зошто тие се градат, туку неосновано се алудира дека 5Г технологијата е штетна и затоа телекомуникациските кули се маскираат.  Камуфлирањето на овие антени...

Научничката Гудал не изјавила дека ѝ пречат 90 проценти од светското население

Во постот е изваден од контекст фрагмент од говорот на научничката Џејн Гудал на Светскиот економски форум во Давос во 2020 година. Гудал говори на панел дискусија за иднината на амазонските шуми. Фокусот на нејзината дискусија е на заштитата на шумите и на локалното население, а растот на популацијата само накусо е споменат. Никаде во нејзиниот говор не се...

Лажна регрутација: Фалсификуван постер повикува бездомници да се борат за Украина

Постерот што се споделува во оваа објава на Фејсбук, со којшто се повикуваат бездомници или лица кои живеат од социјална помош да се приклучат во одбраната на Украина, не постои. Фотографијата којашто се користи во него може да се пронајде од 2021 година на сајтот за фотографии Пекселс. Од украинската амбасада во САД за странски проверувачи на факти изјавиле...

Нема докази за поврзаност меѓу срцеви удари на пилоти и ковид вакцините

Постот манипулира и без никакви аргументи и докази неколку случаи во кои пилоти или копилоти доживеале срцев удар, ги поврзува со ковид вакцината. Во конкретните случаи посочени во постот, воопшто и нема податок дали пилотите били вакцинирани против ковид-19 или не. Наспроти ваквата манипулација, познато е дека случаи кога пилоти и копилоти доживеале срцев удари за време на лет,...

САД не спровеле пуч во Украина во 2014 година

Наспроти тврдењето во постот САД не спровеле пуч во Украина во 2014 година, ниту пак, ги организирале протестите. Демонстрациите кои почнаа во Киев во ноември 2013 година беа резултат на фрустрацијата на граѓаните на Украина, поради одлуката на поранешниот претседател Виктор Јанукович во последен момент да ја смени насоката и после 7 години преговарања да не го потпише договорот...

Не е точно дека Македонец бил прогласен за најдобар стрелец од генералите на Путин

Постот шири невистини дека некој Македонец бил прогласен од генералите на Путин за најдобар стрелец. Такво нешто и според исказот на извесен Дејан Бериќ кој говори во видеото прикажано во рамките на написот што се споделува во постот, не се случило. Како што може да се види во видеото, Бериќ самиот кажува само дека некој Македонец бил многу добар стрелец...

Контраспин: Ковачевски и Владата спинуваат околу дел од Договорот со „Бехтел и Енка“

Изјавите на премиерот Димитар Ковачевски во последните два дена околу деталите од договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-д се проблематични од аспект на вистинитоста и во дел од нив може да се детектира спин. За да може уверливо и без никаква дилема да се потврди дали опозицијата лаже и шири хистерија, сè што...

Народот во Украина е „осакатен“ од воената инвазија на Русија

Последиците од војната во Украина се од огромни размери и допрва ќе се утврдуваат. Голем број факти укажуваат на тоа дека воената инвазија којашто Русија ја спроведува врз Украина не само што го има допрено народот на Украина, туку има предизвикано несогледливи последици. Според Агенцијата за раселени лица на ОН, до 11.04.2023 година има над  8,1 милион лица раселени...

Контраспин: Левица може и на Џугашвили да му се поклони

Во обид да го оправда своето поклонение на гробот на албанскиот револуционер и диктатор Енвер Хоџа, Левица наведува мотиви како што се соработка со албанските левичари и симболиката на Хоџа како борец против фашизмот. Ова е спин, зашто по логиката на Левица, Апасиев утре слободно може да замине за Кремљ и да се поклони пред гробот на Јосиф Висарионович...

Постот шири невистини дека Русија уништила тајна НАТО база во Украина

Изнесените тврдења не се поткрепени со никакви докази или изјави од официјални страни, ниту од руските ниту од украинските власти. Нема потврда ниту од НАТО. Единствен извор на кој се повикува текстот е објава од социјалната мрежа Телеграм, која дури и споделува фотографија од наводното уништување на тајната НАТО база во Украина. Но, со пребарување на Гугл може да...

Ниту Путин се бори против злото, ниту Гејтс ги труе луѓето од воздух

Русија пред повеќе од една година изврши воена инвазија врз Украина, која како суверена држава има сосема легитимно право да се брани. Наративот дека „Путин се бори против злото“ е дело на руската пропаганда којашто се обидува да ги оправдаат злосторствата што ги врши Русија на туѓа територија. Бил Гејтс е омилена фигура во разни теории на заговор, вклучително...

Не полска телевизија, туку руски политичар пред 9 години предложил да се подели територијата на Украина

Оваа објава на Фејсбук неточно тврди дека полската телевизија веќе ја дели Украина. Станува збор за старо известување – прилог од 2014 година на полската телевизија, за предлогот на рускиот политичар Владимир Жириновски да се подели територијата на Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Полската...

5Г технологијата не е оружје за масовно убивање

Научната јавност е категорична дека 5Г технологијата ќе се користи за подобрување на комуникацијата во воените комуникации, но не како оружје за масовно убивање. Експертите велат дека е бесмислено да се шират застрашувачки гласини дека 5Г се користи како оружје од војската. Целиот електромагнетен спектар може да се подели на два вида на зрачење: јонизирачко зрачење, кое убива луѓе...

Во Милано нема билборд за донации со ликот на Зеленски

Станува збор за компјутерски модифицирано видео, во Милано не постои билборд со сликата на Зеленски со дупка во носот преку која се собираат донации за Украина. Според Центарот за борба против дезинформации во Украина, со промоцијата на ова лажно видео се прави обид за дискредитација на претседателот Зеленски и  на Украина воопшто, а со цел да се намали поддршката од...

Измама: Филипс не нуди фритези на топол воздух за 2 евра

Станува збор за лажна фан-страница којашто го (зло)употребува брендот Филипс, иако нема никаква врска со оваа компанија. Наводната понуда за фритеза од само 2 евра, односно „кујнска мултиварка“, како што се нарекува во објавата,  ја нема на официјалната веб-страница на Филипс, ниту на нивните профили на социјалните мрежи. Всушност, цената на вакви фритези се движи од 10.000 до 25.000 денари во зависност...

Тенденциозност: Без докази се тврди дека ковид вакцините предизвикуваат рак, неплодност и инфаркти

Овој пост доаѓа после неколку јавни излагања на кардиолози кои тврдат дека има зголемен број на лица во државата кои имаат срцеви или мозочни удари. Но, сите тие кардиолози зголемениот број на овие заболувања го припишуваат на ковид како болест, а не на ковид вакцината. И многу медицински студии покажаа дека инфекцијата со ковид-19 може да го зголеми...

Фотографии генерирани со вештачка интелигенција ги „здружија“ Кејт Мидлетон и Меган Маркл

Фотографиите се креирани преку алатки за вештачка интелигенција. Во реалниот живот, пријателството меѓу принцезата од Велс и војвотката од Сасекс е многу неверојатно, со оглед на историјата на тензии помеѓу двете семејства. Овие две личности се намерно одбрани за ваква манипулација којашто ќе привлече внимание и кликови на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Стар пожар од црква во Русија, лажно прикажан како да го предизвикале поддржувачи на украинската црква

Не е точно дека видеото од црква во пламен прикажано во постот е од неодамнешен пожар што го предизвикале Украинци на црква под јурисдикција на Московската патријаршија. Станува збор за пожар стар 10 години и се случил во руското село Илинка во регионот Астрахан. Насловот на оригиналното видео преведен од руски гласи: „Црква во пламен кај Илинка 4“, а...

Фотографија од 2018 година, претставена како да е од сегашниот протест во Франција

Фотографијата што се споделува во овој пост не е од актуелните масовни демонстрации против пензиската реформа во Франција, туку е направена пред пет години, кога протестира земјоделците против високите цени на горивото и маргинализацијата на провинциите, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Француските фармери се обидуваат...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...