fbpx

Народот во Украина е „осакатен“ од воената инвазија на Русија

Околу илјада здравствени капацитети се оштетени или уништени до крајот на јануари 2023 година вклучително детски болници, центри за лекуање канцер и породилишта, според украинскиот министер за здравство Виктор Лиашко.

-

Последиците од војната во Украина се од огромни размери и допрва ќе се утврдуваат. Голем број факти укажуваат на тоа дека воената инвазија којашто Русија ја спроведува врз Украина не само што го има допрено народот на Украина, туку има предизвикано несогледливи последици. Според Агенцијата за раселени лица на ОН, до 11.04.2023 година има над  8,1 милион лица раселени од Украина во Европа и речиси уште толку внатрешно раселени лица во државата. Сè на сè, речиси една третина од луѓето што живеат во Украина се преселени, а 90 проценти од нив се жени и деца, бидејќи мажите останаа во Украина за да ја бранат татковината, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува фотографија од претседателот на Русија, Владимир Путин и се вели:

12.04.2023.

Путин. 

Нардот во Украина не е допрен.

Голем број на факти укажуваат на тоа дека воената инвазија којашто Русија ја спроведува врз Украина не само што го има допрено народот на Украина, туку има предизвикано огромни последици врз истиот. Според Агенцијата за раселени лица на ОН, до 11.04.2023 година има над  8,1 милион лица раселени од Украина во Европа и речиси уште толку внатрешно раселени лица во државата. Сè на сè, речиси една третина од луѓето што живеат во Украина се преселени, а 90 проценти од нив се жени и деца, бидејќи мажите останаа во Украина за да ја бранат татковината.

Полска и Германија ги примија најголемиот дел од раселените, над еден милион лица во секоја од овие држави засебно. Раселени лица има и во САД, Велика Британија, Франција, Турција, Италија и Шпанија, Чешка.

Од осумте милиони луѓе што мораа да ја напуштат Украина, над 2 милиона ја преминале границата во Русија. Некои од нив тоа го сториле со цел да дојдат до држава на ЕУ, но има и загрижувачки извештаи за присилни трансфери на Украинци во Русија.

Според Глобал Ситизен и нивниот извештај од февруари 2023 година, најмалку 7 илјади украински цивили се убиени. Но, овие бројки се тешки за прецизирање. Канцеларијата на ОН за човекови права верификува 7.110 цивили кои загинале за време на инвазијата на Русија врз Украина до 30 јануари 2023. Од нив 438 се деца.

Дополнително 11 илјади 547 лица се пријавени дека се повредени, а овие бројки е можно да се повисоки.

Околу 9 милиони Украинци живеат без електрична енергија како резултат на нападите од страна на Русија. Ханс Клуге, регионален директор на СЗО Европа, предупреди дека Украина се соочува со најтемните денови во војната досега, по информацијата дека половина од украинската енергетска инфраструктура е оштетена или уништена од руските напади.

Голем број на жени од Украина се силувани, сексуално злоупотребувани, цивили се присилувани голи да одат на улица, според ОН.

Околу илјада здравствени капацитети се оштетени или уништени до крајот на јануари 2023 година вклучително детски болници, центри за лекуање канцер и породилишта, според украинскиот министер за здравство Виктор Лиашко. Осумдесет проценти од здравствената инфраструктура на Мариупол  е уништена.

Да ги нападнете најранливите, бебињата, децата, бремените жени и тие што веќе страдаат од болест, како и здравствените работници кои веќе ги ризикуваат своите животи за да спасат животи е акт на невидена суровост, изјави директорката на УНИЦЕФ Катрин Расел.

Од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина образовниот процес е прекинат за повеќе од 5 милиони деца. Воената агресија претставува огромна криза за жените и девојчињата од Украина.

Бројот на загинати војници е тешко да се утврди. За Русија, државна тајна е бројот на загинати од руската страна, а откривањето на таа бројка се казнува со 7 години затворска казна. Генералот од САД, Марк Мајли рече дека околу 100 илјади руски војници и околу 100 илјади украински војници биле убиени или повредени досега.

Во Русија се уапсени  луѓето коишто се противат на воената инвазија.

Повторното градење на Украина може да чини до 350 милијарди долари. Руската инвазија врз Украина предизвика над 97 милијарди долари директни штети врз Украина.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека народот во Украина „не е допрен од војната“. Последиците се од огромни размери и допрва ќе се утврдуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...