fbpx

Фотографија од 2018 година, претставена како да е од сегашниот протест во Франција

Фотографијата што се споделува во овој пост не е од актуелните масовни демонстрации против пензиската реформа во Франција, туку е направена пред пет години, кога протестира земјоделците против високите цени на горивото и маргинализацијата на провинциите, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

-

Фотографијата што се споделува во овој пост не е од актуелните масовни демонстрации против пензиската реформа во Франција, туку е направена пред пет години, кога протестира земјоделците против високите цени на горивото и маргинализацијата на провинциите, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Француските фармери се обидуваат директно да стигнат до владата.

Во склоп на постот е објавена и фотографија од трактор што е искачен на скали кои водат до објект на кој има знак дека е некоја административна зграда за јавни финансии. Фотографијата и постот се објавени на 2 април 2023 година, кога во Франција се случуваат масовни демонстрации поради пензиската реформа.

Но, оваа фотографија споделена во постот, нема никаква врска со тековните демонстрации во Франција. Тракторот што се гледа дека е на половина скали на една француска институционална зграда на која има знак Центар за јавни финансии, не е поврзана со протестот што сега се одвива во Франција поради пензиската реформа.

На социјалните мрежи во странство, особено на оние во Франција, дополнително се тврди и дека оваа фотографија била прикриена од страна на медиумите за да не се дознае вистината, што исто така не е точно.

Проверувачите на факти од Франција, Опен онлајн, пишуваат дека фотографијата е стара, од 2018 година.

Кога ќе се пребара фотографијата со тракторот на Гугл со обратно пребарување на фотографии, се доаѓа до напис на Le Populaire du Centre, којшто известува за настанот, ама во 2018 година.

Според написот, станува збор за протест кој во 2018 година се одржал во Лимож, град во Франција. Демонстрациите тогаш биле пријавени кај полицијата и таа ги придружувала тракторите на земјоделците, кои со препознатливите жолти елеци протестирале против високите цени на горивото и маргинализацијата на провинциите.

Други написи објавени во Ле парисиен и Нувеле де Франс, содржат фотографии од истиот настан од што произлегува дека за истиот е известувано од страна на медиумите уште во 2018 година. Тракторот тогаш носел големо количество ѓубриво кое останало расфрлано на улиците на Лимож.

За разлика од протестот кој се одвиваше во 2018 година и кој е опишан погоре, овие протести во 2023 година во Франција се против пензиската реформа.

Медиумите известуваат за околу 2 милиони луѓе кои излегле на француските улици, а полицијата на Франција јавува за поскромни бројки од околу 750 илјади демонстранти низ целата земја. Станува збор за 23 -ти последователен ден на протести. Францускиот синдикат прогласи прекин на штрајкот на службите за отстранување отпад, па ќе почне да се отстрануваат околу 7 тони отпад оставени на земјата во последните неколку недели по избувнувањето на протестите против пензиската реформа на Емануел Макрон. Главниот град е со планина од ѓубре на секоја улица. Поради штрајковите беа затворени привремено Лувр и Ајфеловата кула.

Така што, може да заклучиме дека конкретната фотографија во постот што го рецензираме, не е од актуелните протести против пензиската реформа, туку од друг протест од 2018 година. Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека во овој пост се пропушта контекстот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...