fbpx

Не полска телевизија, туку руски политичар пред 9 години предложил да се подели територијата на Украина

Станува збор за известување од 2014 година на полска телевизија за предлог да се подели територијата на Украина, но којшто предлог доаѓа од Владимир Жириновски, сега починат руски политичар

-

Оваа објава на Фејсбук неточно тврди дека полската телевизија веќе ја дели Украина. Станува збор за старо известување – прилог од 2014 година на полската телевизија, за предлогот на рускиот политичар Владимир Жириновски да се подели територијата на Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Полската телевизија веќе ја дели Украина. Мапата покажува дека целиот југ и исток на Украина ќе бидат вклучени во Русија. Западниот дел ќе се приклучи на Полска. Мали делови од територијата ќе им припаднат на Романија и Унгарија.

Тврдењето дека полска телевизија ја дели Украина (дека Украина ќе биде освоена и разделена) е невистинито. Мапата во видеото од постот што го рецензираме е од старо видео емитувано на Полскиот јавен радиодифузер на 24 март 2014 година, а е поврзана со писмо од Владимир Жириновски упатено кон полското Министерство за надворешни работи.

Жириновски ѝ понудил на Полска да учествува во редистрибуција на Украина и мапата е користена за да се визуелизира оваа „редистрибуција”, пишува Мит Детектор, сервис за проверка на факти. 

Значи, мапата не е план за полска инвазија на Украина, ниту пак, намера на Полска да ја дели Украина туку илустрација на писмото коешто Жириновски ѝ го упатува на Полска предлагајќи редистрибуција на Украина.

Оригиналниот напис од конкретното медиумско известување може да го пронајдете на следниот линк.

Во оригиналниот напис од известувањето на ТВП во 2014 година, се зборува за тоа дека полското Министерство за надворешни работи добило официјално писмо од Државната дума со предлог за поделба на територијата на Украина. Информацијата, според наведеното во написот ја добиле новинарите на ,,Виадомоши”.

На 17 март 2014 година, Владимир Жириновски напишал писмо до полското Министерство за надворешни работи со понуда Полска да заземе улога во редистрибуцијата на Украина и да ја добие територијата која историски ѝ припаѓала. Жирниовски повика да се одржи референдум во Полска за анектирање на 5 региони од Украина – Волин, Лвив, Ивано Франковска област, Тернопил и Ривне. Министерството за надворешни работи на Полска потоа потврдило дека го примиле тоа писмо и го нарекоа смешно.

Предлогот е толку смешен што не можеме ниту да го земеме како сериозен, рече Марчин Војчеховски, портпарол на Министерството за надворешни работи на Полска во 2014 година.

Според информациите на јавниот радиодифузен сервис, идентичен предлог од Жириновски за редистрибуција на регионите Транскарпатиа и Чернивци биле доставени до Унгарија и Романија.

Тоа дека Жириновски испратил писмо до полското Министерство за надворешни работи беше потврдено во март 2014 година од страна на Либерално демократската партија, којашто тој самиот ја основа. Службата за односи со јавност на партијата за Интерфакс посочи дека писмата биле пратени до амбасадите на Полска, Унгарија и Романија. Во писмото тие понудиле да се одржи референдум за анектирање на териториите кои претходно им припаѓале.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Мит детектор, Жириновски кажал дека „е време не само да се вратат руските територии под руското знаме, туку и да се врати територијата на западна Украина на Полска, Унгарија и Романија.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека „полската телевизија веќе ја дели Украина”. Станува збор за известување од 2014 година на полска телевизија за предлог да се подели територијата на Украина, но којшто предлог доаѓа од Владимир Жириновски, руски политичар.

Жирновски почина на 6 април 2022 година и беше руски десничарски политичар и лидер на Либерално демократската партија на Русија од нејзиното формирање во 1992 година до неговата смрт. Тој беше член на Државната дума.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бајден се надева на договор до почетокот на Рамазан за прекин на огнот меѓу Израел и Газа

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека се надева дека ќе се постигне договор за прекин на огнот во војната меѓу Израел и Газа до почетокот на Рамазан. Муслиманскиот свет...