fbpx
Таг: поделба

таг: поделба

Путин не кажал дека Бугарија треба да се дели

Објава на руски блог којашто е нечие лично мислење, се пренесува прво во бугарски медиуми, па на крај во македонски медиуми и на социјални мрежи, каде што ѝ се прикачува наводен цитат од Путин за поделба на Бугарија, што тој никогаш не го кажал, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   На објава во Фејсбук групата Македонци...

Не полска телевизија, туку руски политичар пред 9 години предложил да се подели територијата на Украина

Оваа објава на Фејсбук неточно тврди дека полската телевизија веќе ја дели Украина. Станува збор за старо известување – прилог од 2014 година на полската телевизија, за предлогот на рускиот политичар Владимир Жириновски да се подели територијата на Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Полската...

Словенечкиот „нон-пејпер“ официјален Брисел не го видел, реакции на балканските политичари

Откако словенечкиот портал „Нецензурирано.си“ денеска го објави неофицијалниот дипломатски документ „нон-пејпер“ со наслов „Западен Балкан - патот напред“, темата за прекројување на границите на Западниот балкан повторно постана главна тема во медиумите од поранешна Југославија. Радио-телевизија Словенија денеска ги пренесе главните делови од објавениот документ на „Нецензурирано.си“, но и информациите од официјален Брисел дека таквиот документ не го виделе. И...

Објавен словенечкиот „нон-пејпер“ за поделба на БиХ, но тој не предвидува поделба на Северна Македонија

Словенечкиот портал „нецензурирано.си“ денеска го објави неофицијалниот дипломатски документ „нон-пејпер“ со наслов „Западен Балкан - патот напред“ за којшто се шпекулира дека словенечкиот премиер Јанез Јанша го испратил во Брисел, а со кој се предвидува распарчување на Босна и Херцеговина и пристапување на Република Српска кон Србија, како и обединување на Косово со Албанија. Како што пишува овој медиум,...

Касами објави дека со судска одлука останува претседател на Беса, Гаши вели дека лаже

Препукување меѓу двете крила на Движењето Беса се случи денеска, откако Биљал Касами објави дека со судска одлука, тој е претседател на Беса. Набргу одговори водачот на спротивставеното крило, Африм Гаши, кој тие наводи ги нарече измама. Тој рече дека работите ќе ги утврди вистински Управниот суд. Гаши отиде и чекор понатаму и го нарече противничкиот табор „фалсификатори“ и најави...

Мекејн: Никому не му е во интерес да дојде до распад на Македонија

Не е во ничиј интерес да се распадне Македонија, коментира Џон Мекејн, влијателниот републикански сенатор од сојузната држава Аризона, кој претседава со Комисијата за вооружените сили во Сенатот на САД. Во интервју за српската редакција на „Гласот на Америка“, кое го пренесе и македонската редакција на овој сервис. Тој вели дека не предвидува војна, но гледа дека ситуацијата излегува од контрола....

СДСМ го повика Јолевски да каже што зборувал со Рорабакер

Министерот за одбрана од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јолевски треба да објасни што се зборувало на неговата средба со американскиот конгресмен Дана Рорабакер и дали таа средба е повод за контроверзните изјави на конгресменот за поделба на Македонија, порача денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Министерството за одбрана, пак, е должно да одговори со кој друг се сретнал министерот...

Руско МНР: Провокација се тврдењата дека Лавров заговарал поделба на Македонија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров никогаш не дал изјава во која наводно заговара поделба на Македонија, стои во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Русија на текст на македонската редакција на „Дојче веле“ со наслов „Предлогот на Рорабакер- верзија на стар руски предлог?“ - Забележавме дека во написот на македонското издание на „Дојче веле“, идејата за поделба...

Рорабакер и на „Твитер“ повикува Македонија да го следи примерот на Чешка и на Словачка

Републиканскиот конгресмен и воедно претседател на Подкомитетот за европски работи на американскиот претставнички дом, Дана Рорабакер, продолжува да ја промовира контроверзната идеја за поделба на Македонија и на „Твитер“. Тој, одговарајќи на пораки и на реакции на „Твитер“ околу неговите ставови за Македонија, меѓу кои и на поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров, вели дека „ако народите во Македонија...

Ристова: Допрва следува битка на УКИМ со власта

Битката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со власта допрва ќе биде офанзивна, вели универзитетската професорка и членка на „Професорски пленум“, Мимоза Ристова, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. - Мислам дека следниот потег е кај нас луѓето кои се спротивставуваат на криминални избори во секој облик, дали на државно или на ниво на оваа организација, која е јавна установа....

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...