fbpx
Таг: Венко Филипче

таг: Венко Филипче

Филипче: На почетокот на јуни ќе пристигнат 500.000 вакцини „Синовак“ и 100.000 „Фајзер“ преку Ковакс механизмот

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека 500.000 кинески вакцини „Синовак“ се очекуваат да пристигнат на почетокот на јуни, како и 100.000 „Фајзер“ преку Ковакс. Во меѓувреме, секој понеделник ќе пристигнуваат по 10.000 вакцини „Фајзер“ како резултат на директниот договор помеѓу државата и компанијата. Руските вакцини „Спутник V“ се очекуваат да пристигнат до крајот на месецот, но сè уште не...

Филипче: Термини за вакцинација добиле сите граѓани над 40 години од Скопје кои се пријавиле до 30 април

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека термини за вакцинација добиле сите граѓани над 40 години од Скопје кои до 30.4.2021 година изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата vakcinacija.mk. „Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40-годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за...

Кинеската армија донираше 100.000 вакцини од „Синофарм“ за македонските граѓани

Денеска во поликлиниката „Јане Сандански“ беше извршено примоопредавање на донација 100.000 дози вакцини од Армијата на Народна Република Кина за нашата земја во борбата против пандемијата. Донацијата  ја примија министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски. Донацијата следува по средбата на министерката Шекеринска со кинескиот министер за...

Денеска ќе пристигнат 38.000 вакцини „АстраЗенека“, а утре 100.000 „Синофарм“ донација од кинеската армија, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека денеска треба да пристигнат близу 40.000 вакцини „АстраЗенека“ преку КОВАКС механизмот, а утре 100.000 од „Синофарм“ како донација од кинеската армија. Според Филипче, вакцинацијата оди добро, вакцинирани се 150.000 а ревакцинирани 30.000 граѓани. Министерот информираше дека има пријавено нови 9.000 граѓани кои се над 70 години и со нивната вакцинација, процентот на вакцинирани од...

Денеска 10.000 нови дози вакцини на „Фајзер“, во сабота 100.000 вакцини „Синофарм“ од кинеската армија

Вакцинацијата во земјава се одвива добро, околу 110.000 граѓани се веќе вакцинирани, од кои 23.000 се граѓани се ревакцинирани со втора доза. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој дополни дека денеска пристигнуваат околу 10.000 вакцини на „Фајзер“. Половина од нив се од директниот договор со производителот, а другата половина преку солидарниот фонд на Европската Унија...

Филипче: До крајот на летото ќе постигнеме колективен имунитет

Нашата проценка е дека некаде до крајот на летото може да се постигне колективен имунитет имајќи ги предвид сите количини вакцини кои треба да пристигнат во нашата земја. Се направи пресек на 30 април - сите граѓани коишто се пријавени на сајтот vakcinacija.mk, а тоа се невакцинирани близу 160.000, во период од две недели, значи некаде до 15 мај...

Филипче побара консензус и обединетост околу изградбата на новиот Клинички центар

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја повика опозицијата да го одблокира донесувањето на новиот Закон за клинички центар, за кој има поднесено 2.000 амандмани, бидејќи граѓаните заслужуваат нов и модерен клинички центар каде што на едно место ќе ги добиваат сите здравствени услуги, што е тренд во светот. Тој рече дека од членот на опозицијата во парламентарната Комисија за...

Филипче се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“. Тој изјави дека вакцината долго ја чекавме, и тоа е значаен фактор кој ќе влијае да се смени пандемијата насекаде. Филипче апелираше до граѓаните сите да се вакцинираат, бидејќи несаканите ефекти се мали, а има точни контраиндикации за возрасни групи или некои специфична категориjа на граѓани. Во наредните 10 до...

Се вакцинирале само половината од 9.000 граѓани кои вчера добиле термин за имунизација

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека од 9.000 граѓани кои добиле термин за вакцинирање вчера, само половина или 4.500 се појавиле за вакцина. Тој смета дека одѕивот за вакцинирање треба да биде поголем и апелира до граѓаните да се пријавуваат на сајтот „вакцинација.мк“ за кој вели дека функционира беспрекорно и нема никакви проблеми при закажувањето. „Ќе видиме денеска како ќе...

Пристигнаа 4.850 вакцини „Фајзер“ од вкупно 19.890 предвидени како помош од ЕУ

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, денеска, заедно со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер, во рамки на посетата на нашата земја по повод пристигнувањето на првите вакцини против ковид-19, споделени и финансирани од Европската Унија, го посетија вакциналниот пункт во...

Утрово пристигнаа 200.000 дози на вакцини од Синофарм, од вторник започнува масовна имунизација низ целата држава

Рано утрово пристигнаа 200.000 дози на вакцините на Синофарм, обезбедени во директни преговори со производителот. Со овие вакцини ќе се овозможи масовна имунизација на населението, информира министерот за здравство Венко Филипче, кој ја најави престојната имунизација од вторник, веднаш после дистрибуцијата на предвидените дози до сите пунктови каде ќе се спроведува вакцинацијата. Вакцините ќе бидат сместени во ладната соба во...

Филипче апелираше на почитување на мерките за Велигден и да нема причест во храмовите

Ако има најава за причестување од иста лажичка тоа го осудувам и апелирам да не се прави, одговори министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање на денешниот настан на примопредавање на донација од Словачка на четири респиратори за Клиниката за детски болести. Тој уште еднаш повтори дека верските лидери се обврзале да апелираат до граѓаните да се придржуваат...

За Велигден и Рамазан без полициски час, а другите денови да почнува од 21 часот, предлага Комисијата за заразни болести

Полициски час да нема за Велигден нoќта на 1 спроти 2 мај, како и за Рамазан Бајрам ноќта на 12 спроти 13 мај предлага Комисијата за заразни болести, а за ова информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче. Предлогот исто така е во наредните денови полицискиот час да почнува од 21 часот, а летните тераси на сите угостителски објекти да...

Филипче: Жените во општина Шуто Оризари од денеска имаат матичен гинеколог

После многу години, 20.000 жени од општина Шуто Оризари добиваат матичен гинеколог. Министерството за здравство набави и опреми специјалистичка ординација со што се решава овој голем проблем со кој се соочуваа жените од оваа општина, посочи министерот Венко Филипче, кој присуствуваше на отворањето на гинеколошката ординација. „Навистина ми е мило што еве денеска можеме да одбележиме еден навистина значаен настан,...

Филипче: Вакцинацијата со „Синофарм“ ќе започне по Велигден, а во мај се очекуваат уште 26.000 дози на „Фајзер/Бионтек“

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека според информациите кои ги добил од компанијата „Фајзер/Бионтек“, во мај се очекува да пристигнат 26.000 дози од нивната вакцина, при што количества од по 5.000 до 7.000 дози ќе се испорачуваат секој понеделник. Следната недела се очекуваат и 200.000 дози од кинеската вакцина „Синофарм“, со што вакцинацијата со нив би започнала во...

Филипче: Се намалува бројот на хоспитализации и на позитивни на ковид-19, а се зголемува бројот на исписи на пациенти

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека бројот на хоспитализации во болниците, се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со ковид, се намалува и бројот на позитивни пацинети. Тој оценува дека мерките даваат резултати. „На редовната утринска координација со директорите на клиниките разговаравме за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид центрите и ротациите со персонал....

Филипче: Институтот „Торлак“ ќе биде наш стратешки партнер на набавка на вакцини идниот период

Министерот за здравство Венко Филипче денеска е во посета на Србија каде што се сретна со српскиот министер за здравство Златибор Лончар. На средбата било разговарано за повеќе прашања поврзани со пандемијата, како и взаемната соработка помеѓу двете држави при процесот на надминување на коронавирусот во двете земји. „Дозволете да изразам благодарност на тоа што Србија ширум ни ги отвори...

Филипче: Постепено се намалува бројот на прием на пациенти, очекуваме ситуацијата да се стабилизира

По денешниот редовен состанок на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на клиниките и ковид центрите, министерот на својот Фејсбук профил соопшти дека постепено се намалува бројот на прием на пациенти. „Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот...

Извршена втора трансплантација на срце во историјата на државата, информираше Филипче

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце, ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија, напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил. „Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше. Ова е огромен успех на...

Бесплатно испитување на антитела на Ковид-19 ќе може да прави само одредена категорија на граѓани

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека граѓаните ќе можат да испитуваат антитела на товар на Фондот за здравствено осигурување, но ќе бидат потребни одредени критериуми и тоа не може да го прави секој. „Разговарав со директорот на Институтот и заклучивме дека, сепак, има индикации да се прават испитувања за антитела. Се договоривме, да се врати повторно одлуката да се прават тие...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...