fbpx

Филипче апелираше на почитување на мерките за Велигден и да нема причест во храмовите

-

Ако има најава за причестување од иста лажичка тоа го осудувам и апелирам да не се прави, одговори министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање на денешниот настан на примопредавање на донација од Словачка на четири респиратори за Клиниката за детски болести. Тој уште еднаш повтори дека верските лидери се обврзале да апелираат до граѓаните да се придржуваат до мерките.

Во однос на отворањето на храмовите и џамиите, Филипче потенцираше дека тие и сега се отворени, и секогаш постои можност, граѓаните да ги прекршуваат мерките. Оттука, тој повика на одговорноста и свесноста на секој граѓанин за заштита на личното и колективното здравје.

Министерот за здравство вели дека не може Владата да донесува ригорозни мерки, а граѓаните да не се вклучат во нивното почитување, туку целта е секој лично да придонесе.

Филипче апелираше на почитување на мерките, бидејќи како што потсети, сите мини-кластери потекнуваат од масовни собири и граѓаните преку сопствен пример да спречат ширење и да превенираат.

Прашан за индискиот сој на вирусот, информираше дека засега во државата е присутен само британскиот сој и посочи дека колку овој сој и да е пренослив, одговорноста повторно е на граѓаните. Оттука, остануваат препорачаните мерки за заштита.

Во однос на вакцинацијата, таа ќе продолжи по велигденските празници со кинеските вакцини кои ќе бидат распределени по вакциналните пунктови низ државата, каде што ќе се вакцинираат граѓаните кои се пријавени во системот и се очекува бројка од околу 10.000 вакцинирани на ден.

Вкупно до сега се вакцинирани 60.000 граѓани или 18 отсто од оние над 70 години.
Филипче потврди дека на 14 мај ќе се отворат границите со Грција со сертификат за вакцинација или негативен ПЦР-тест, а се чека одговор од грчката влада дали ќе може да се влегува и со брз антиген тест.

Граѓаните кои се вакцинираа во Србија, ќе може да патуваат со сертификатите кои ги добија од таму, бидејќи и македонските ќе бидат исти, односно ќе ги содржат истите податоци со код.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...