fbpx
Таг: Венко Филипче

таг: Венко Филипче

Филипче најави стратешка соработка со српскиот Институт „Торлак“ за набавка на вакцини за понатаму

Иако министерот за здравство Венко Филипче најави дека Северна Македонија нема да набави руски вакцини „Спутник В“ од српско производство, тој денеска рече дека во вторник ќе замине во официјална посета на Белград каде што ќе се сретне со министерот за здравство Златибор Лончар и директорката на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, Вера Стоиљковиќ. „Ќе имаме разговор за...

Филипче најави 200.000 кинески вакцини кои ќе пристигнат на 28 април

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека на 28 април ќе пристигнат 200.000 вакцини од брендот „Синофарм“ од Кина. Исто така, на 19 и на 26 април треба да пристигнат по 10.000 дози од „Фајзер/Бионтек“. Сè со цел, вакцинацијата да се одвива низ целата држава тој ќе има состанок со градоначалниците и директорите на здравствените домови во Куманово, Битола, Штип,...

Филипче најави 20.000 дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“ кои ќе стигнат на 19 и 26 април

Министерот за здравство Венко Филипче најави 20.000 дози од вакцината „Фајзер“ кои на 19 и на 26 април по 10.000 вакцини треба да пристигнат во државата. Најголема количина се очекува од Кина, од каде што треба да пристигнат 200.000 вакцини, и тие според Филипче ќе направат најголема промена во динамиката на спроведување на вакцинацијата. Тој информираше дека по средбата со...

Владата ги усвои законските измени со кои се ограничуваат профитите на приватните болници од ковид-19

vladina sednica, onlajn
Владата на 65. седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за здравство добива дополнителни овластувања во услови на кризна состојба прогласена заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест. Со овие измени, меѓу другото, владата предлага да биде во можност да ги ограничи цените за...

Со законски измени ќе се ограничува плаќањето за ковид-лекување кон приватните болници, најави Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека утрово на состанокот на Координативниот штаб имало предлог да се донесат измени на Законот за здравствена заштита, со што, за приватните болници ќе има финансиски ограничувања за средствата кои тие ги наплаќаат за лекување на ковид-пациенти. Филипче додаде дека тие го слушнале гласот на граѓаните и предлог-измените утре ќе бидат претставени на владина...

Филипче: Намален е бројот на хоспитализации и преносливоста, но треба претпазливост вирусот е подмолен

Министерот за здравство Венко Филипче утрово имал редовна координација со директорите на Клиниките, ковид центрите во Скопје. „Деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се дополнителни капацитети во болниците како во Скопје така и низ државата. Справувањето со овој трет бран кој е многу силен е исклучително тешко, не само кај нас туку насекаде во Европа. Според...

Филипче: Вакцината Астра Зенека нема да се дава на лица помлади од 60 години

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека утрово во редовната координација со членовите на работната група за имунизација и со директорите на клиниките се разгледувал ставот на бордот на Европската агенција за лекови во врска со безбедноста на вакцината Астра Зенека. Согласно препораките на Европската агенција за лекови секоја држава да завземе сопствен став за употреба на вакцината, одлучено...

„Систина“ одбила, „Жан Митрeв“ изразил спремност да ги намали цените за ковид болните, рече Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека на средбата со приватните болници што се одржала вчера му било кажано од „Аџибадем Систина“ дека нема да ги намали цените за лекување на болните лица од ковид-19, додека „Жан Митрев“ изразиле подготвеност за вакво нешто и дека во текот на денешниот ден ќе потврдат дали ќе ги намалат цените за...

Од утре осум лекари од приватното здравство ќе помагаат во борбата против ковид-19 во јавно-здравствените установи

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека од утре осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно-здравствените установи. „Клучно е да го зголемиме капацитетот и човечките ресурси во битката со овој силен бран. Утрово на редовната дневна координација со директорите на клиниките работевме на реорганизација на системот и обезбедување на потребните капацитети. Притисокот е огромен...

Филипче: Од 2.800 пријавени, 2.500 се вакцинирале вчера, нема датум кога ќе пристигнат следните вакцини

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека вчера се вакцинирале 2.500 граѓани, од вкупно 2.800 пријавени. Имало два случаи на колабирање, но не поврзано со вакцината туку поради паничен напад и страв. Заклучно со вчера 13.000 граѓани се вакцинирани, а 90 проценти од медицинскиот персонал кој работи во ковид-центрите е вакциниран и ревакциниран. Во салата „Борис Трајковски“ се вакцинирал и...

Продолжува вакцинацијата, на првиот ден вакцинирани околу 3.000 лица против ковид-19

Со руската вакцина „Спутник В“, вчера во салата „Борис Трајковски“ во Скопје започна масовната вакцинација против ковид-19 на населението во земјата. Министерот за здравство Венко Филипче информира дека на првиот ден во просек се вакцинирале по околу 300 лица на час, или околу 3.000 лица дневно. Во текот на вчерашниот ден, вакцини против ковид-19 примиле дел од здравствените работници,...

Се затвораат теретаните, кафеаните, обложувалниците, забраната за движење ќе трае од 20 до 5 часот

Владата денеска донесе дополнителни мерки за заштита на јавното здравје, согласно кои полицискиот час ќе трае од 20 до 5 часот наредниот ден, а се забранува и работата на сите угостителски објекти, обложувалници, теретани и фитнес центри. Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција, на која присуствуваа министерот Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски, кажа дека според најновите тенденции кои...

„Борис Трајковски“ подготвен за старт на масовната вакцинација в понеделник, закажани првите 3.000 термини

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска Министерството за здравство направи проба за масовната вакцинација со „Спутник В“ што ќе се спроведе во понеделник, кога се закажи првите 3.000 термини. Викендов ќе се симулира вакцинацијата, местата за прием и преглед на граѓаните, пунктовите за издавање на потврди со термини за ревакцинација и местото за фижидерите, со цел да се остранат...

Филипче: Внимателни сме со „АстраЗенека“, границата со Грција се отвора на 14 мај

Ние одлучивме да бидеме внимателни и да одиме полека, но сигурно кога станува збор за вакцината на „АстраЗенека“ и затоа ќе чекаме дефинитивна потврда дека вакцината е безбедна, рече предмалку во изјава министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека ќе има состанок со претставници на Агенцијата за лекови Малмед, а ќе разменат информации и директно со германското министерство...

Од денеска започнува вакцинацијата со „АстраЗенека“ за граѓани над 77 години, оние под 60 години ќе бидат изземени

Денеска започнува вакцинацијата на граѓани над 77-годишна возраст со вакцината на „АстраЗенека“. Од предвидени 20.000 вакцини, до сега се закажани 5.976 термини за вакцинација. Од Министерство за здравство информираа дека до крајот на оваа и за следната недела, на територија на цела држава пуштени се 9.577 термини. Денеска ќе стартува вакцинацијата во Скопје, односно во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир и...

Преписка меѓу претседателот и министерот за здравство: Филипче изненаден, Пендаровски крајно зачуден

Министерот за здравство Венко Филипче е изненаден од изјавата на Стево Пендаровски дека вакцинирањето во Србија е срам за нашата држава, вели изостанала поддршката од претседателот во набавката на вакцини. Пендаровски, пак, одговори дека е крајно зачуден што министерот не го спомнал фактот дека претседателот ги направил првичните контакти со најголемите фармацевтски компании кон крајот на декември минатата година. Изненаден...

Советот за безбедност утре ќе одржи седница, ќе се разговара за ковид-19 пандемијата

Утре, 30 март 2021 година, вторник, со почеток во 14:00 часот во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи 12-та седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, информираат од претседателскиот кабинет. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Стево Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. „На седницата ќе се разговара за актуелната состојба...

Филипче: Во среда започнува вакцинирањето на граѓаните над 75 години

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека во среда ќе започне вакцинирањето на 20.000 пријавени граѓани кои се над 75-годишна возраст и се во хронична група на заболени, со вакцината на „Оксфорд-Астра Зенека“. Тие треба да бидат исконтактирани преку матичните лекари согласно местото на живеење и да се утврди на кој пункт ќе бидат вакцинирани. Филипче додаде дека од...

Министерство за здравство апелира на исклучителна одговорност на граѓаните овој период за заштита од Ковид-19

Министерот за здравство,Венко Филипче денеска одржа координација со директорите на ковид-центрите во Скопје на која разговараа за моменталната состојба со капацитетите во Клиниките и ГОБ 8 Септември, состојбата на пациентите и ротациите на медицинскиот персонал, информираат од Министерство за здравство. Од таму додаваат дека Филипче секојдневно заедно со директорите го менаџираат здравствениот систем и покрај зголемениот број на хоспитализации, се...

Филипче: Покрај борбата за вакцини се бориме и со лажните вести кои што ВМРО-ДПМНЕ ги шири

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва во Собранието одговарајќи на прашање на пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата дека владини функционери преку ред се вакцинирале против Ковид 19. Филипче посочи дека вакцинацијата во земјата се води исклучиво според Националната стратегија за имунизација и никој не го злоупотребил процесот. „Знам дека сакате да не успееме во нашата борба за да...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...