fbpx
Таг: Венко Филипче

таг: Венко Филипче

Филипче: Механизмот на солидарност на ЕУ за вакцини дефинитивно ќе профункционира

Министерот за здравство Венко Филипче, во гостување во вестите на телевизија Телма, говореше за новата регулатива на Европската Комисија, која денеска ја објави претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, со што ќе профункционира солидарниот фонд на Унијата, од каде вакцини терба да добие и нашата земја, информираат од Министерството за здравство. За да се подобри механизмот за респределба на...

Филипче: Масовната вакцинација ќе започне со „Астра зенека“ или со кинеските вакцини

Масовната вакцинација би започнала на крајот на март или првите недели од април и тоа со вакцините на „Астра Зенека“ или кинеските, зависно кои ќе пристигнат први, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиумите при посетата на Општата болница во Кочани. „Масовната вакцинација на населението ќе започне или со вакцината на „Астра Зенека“ или со кинеските...

Филипче: Ако растат бројките на новозаболени од ковид-19, подолго ќе трае полицискиот час

Ако сегашните мерки не дадат резултат, тогаш во смисла на дополнителни рестрикции, следни чекори би биле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работното време на угостителските објекти, изјави пред малку министерот за здравство Венко Филипче. Тој информираше за состојбата со болничките капацитети во државата и повторно кажа дека би се вакцинирал со вакцината на „Астра Зенека“. На...

Филипче: Бројките растат, ќе има и затегање на мерките ако овие не дадат резултат

Се наоѓаме во трет бран од почетокот на пандемијата. Во изминатиот месец имаме постојан раст на бројот на активни случаи. Според Институтот за јавно здравје, имаме 11.889 активни случаи и имаме раст од 5.000 нови случаи во последниот месец. Имаме околу 1.100 пополнети болнички места. Притисокот во Скопје беше голем и правевме систем на менаџирање и координација на сите...

Караџоски: Регистрирани 116 случаи на реинфекција со ковид-19

Претседателот на Комисијата за заразни болести Д-р Жарко Караџоски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче информираше дека кај 116 граѓани на земјата е забележана реинфекција со ковид-19. „Во нашата држава досега се регистрирани, заклучно со вчерашните податоци, 116 случаи на реинфекција, официјално верифицирани кај нас во нашиот софтвер-систем и 2 починати“, рече Караџоски одговарајќи на новинарско...

МЗ: Петчлена Комисија ќе утврдува пропусти во болницата во Струга за третманот на родилката Јалдз Веапоска

Венко Филипче-фото: Министерство за здравство
Денеска министерот за здравство Венко Филипче донесе решение за формирање петчлена Комисија за вршење на надзор на стручната работа на ЈЗУ Општа болница Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката Јалдз Веапоска. За извршениот надзор Комисијата во рок од 8 дена од денот на завршување на надзорот над стручната работа треба да достави извештај до...

Филипче: Ако имаше манипулации со вакцините ќе имаше и финансиска штета

Владата и Министерството за здравство од почеток на овој процес на набавка на вакцини, комуницира со голем број на компании со цел таа набавка да биде што поскора. Имаме два принципи кои ги следиме, тоа се принципите на внимателност и на регуларност. Ги отфрлам сите обвинувања на опозицијата дека станува збор за некакви незаконски постапки и за некакви провизии,...

Состојбата со ковид-19 засега не го одлага пописот, до утрово евидентирани 40.397 лица од дијаспората во апликацијата

До утрово во 8:50 часот, вкупно 40.397 лица од дијаспората биле евидентирани во апликацијата за самопопишување на Државниот завод за статистика (ДЗС). Бројот на самопопишани лица на пописот од ден во ден расте, а од ДЗС информираат дека секојдневно го следат процесот и се во постојана комуникација со македонските иселеници. „Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во...

Филипче: Полицискиот час ќе почне од среда и ќе трае секој ден во период од две недели

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека полицискиот час во целата земја би започнал од среда навечер (10 март) и засега е одлучено оти ќе трае во период од две недели, вклучувајќи го и викендот во периодот од 22 часот навечер до 5 часот наутро. „Евидентно беше дека во текот на изминатата недела до 10 дена се...

Комисијата за заразни болести предлага полициски час од 22 до 5 часот

Министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска предложи воведување на полициски час во периодот од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава. Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае истиот. „Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е поради...

Филипче: Вакцинација со „Спутник В“ во земјава ќе почне в среда

Имунизацијата со руската вакцина „Спутник В“ која во нашата земја треба да пристигне утре, се очекува да започне в среда, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој објасни дека завршени се сите административни процедури за вакцината да биде ставена во употреба, информираат од Министерството за здравство. - Од рускиот производител на вакцини ги добивме сите документи за да се...

Вистиномер: Четири илјади здравствени работници не беа вакцинирани за десетина дена

На 16 февруари, еден ден пред почетокот на процесот на имунизација против коронавирусот, министерот за здравство Венко Филипче во интервју за телевизија „Сител“ вети дека за десетина дена ќе бидат вакцинирани сите здравствени работници што работат со пациенти заболени од ковид-19. Ова негово ветување  досега (01.03.2021) е неисполнето, пишува Вистиномер.мк во својата анализа. „Ние за десетина дена ми се чини...

Авансот за „Синофарм“ повлечен, надлежните уверуваат дека кинеските вакцини набргу ќе стасаат

Во гостување на Канал 5 телевизија, министерот за здравство Венко Филипче објави дека авансот за кинеската вакцина „Синофарм“ од која требаше да пристигнат 200.000 дози до крајот на февруари, е повлечен „за наша сигурност“. Според него и покрај тоа што авансот е повлечен, вакцините набргу ќе стасаат во земјава. „Со оглед на тоа што самиот процес траеше подолго време од...

Филипче: Во здравството лани 446 нови вработувања, за три години платите на специјалистите зголемени за 40 отсто

Венко Филипче и здравствени работници фото: Мин за здравство
Во текот на минатата година се реализирани 446 нови вработувања во јавно-здравствени установи низ државата. Од почетокот на 2020 година, 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време, соопшти Министерството за здравство. „Вложувањата во човечки капитал во здравството не застанаа ни во време на пандемија. Таа покажа колку се значајни здравствените работници, тие...

Пуштен во употреба модуларниот ковид центар во гостиварската болница

Ковид центар Гостивар фото: Министерство за здравство
Во болницата во Гостивар денеска е пуштен во употреба модуларниот ковид центар. „Ова е модел што го имплементираме во сите градови во државата. Користиме болнички капацитет кој има 35 кревети, а целосно е опремен со медицинска опрема. Треба да пристигне и најсовремениот рентген апарат и ЕХО апаратот со сите потребни сонди за преглед, со што ќе го направи овој...

Филипче: Докажавме дека здравствениот систем има знаење за справување со пандемијата

Здравствениот ситем покажал знаење и искуство да се носи со најголемиот здравствен предизвик во поновата историја, а здравствените работници заслужуваат почит и благодарност. Ова го посочи министерот за здравство Венко Филипче во видео порака по повод една година од првиот регистриран ковид-19 случај во земјата. „Во изминатата година докажавме и покажавме дека здравствениот систем има сили, знаење и искуство да...

Филипче: Moжно е да се пролонгира пристигнувањето на кинеските вакцини

Министерот за здравство Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање посочи дека е можно дa се пролонгира пристигнувањето на кинеските вакцини неколку денови, но не очекува големо одложување. Тој кажа дека е потпишан и договорот за руската вакцина и дека секојдневно траат разговорите со претставниците на таа компанија. „Разговорите траат и со компаниите за кинеската и фајзеровата вакцина. Мислам дека во...

Британскиот сој го зголеми бројот на пациенти затоа што полесно се пренесува

Имаме зголемување на бројот на пациенти заболени од ковид-19. Сè уште траат испитувањата во МАНУ, но вчера разговарав со претставници од лабораторијата во болницата „Жан Митрев“, каде што британскиот сој е присутен во 70 отсто, информираше пред малку министерот за здравство Венко Филипче. Тој заедно со генералниот извршен директор на Стопанска банка Диомидис Николетопулос и директорот на Здравствен дом...

Стаса втората пратка вакцини од Србија, вакцинираните да не се опуштаат откако ќе ја примат првата доза

Министерот за здравство Венко Филипче на граничниот премин „Табановце“ ја прими втората пратка од 3.510 дози вакцини на компанијата „Фајзер“ која е донација од соседна Србија. Филипче изрази благодарност на министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, за овој чин на солидарност. - Денеска го исполнуваме она што го ветивме. Драго ни е да помогнеме на нашите соседи и пријатели,...

Заев дал насоки за нарачка на 100.000 руски вакцини „Спутник“

Премиерот Зоран Зев дал насоки да се направи нарачка од 100 илјади дози од руската вакцина „Спутник“. „Синоќа доцна добив информација од министерот за здравство Венко Филипче дека имаме капацитет, согласно склучените договори и платените, да направиме нарачка од 100.000 дози од следна вакцина, со што би го надополниле севкупниот план, и не би останале вишок вакцини. Да одговорам на...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...