Фото/Фајесбук-профил Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека од утре осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно-здравствените установи.

„Клучно е да го зголемиме капацитетот и човечките ресурси во битката со овој силен бран. Утрово на редовната дневна координација со директорите на клиниките работевме на реорганизација на системот и обезбедување на потребните капацитети. Притисокот е огромен и на дневна основа се планира и надополнува со цел сите пациенти да добијат соодветна заштита. Апелирам да се почитуваат рестриктивните мерки и сите препораки за заштита со цел да го заштитиме здравствениот систем,“ напиша Филипче на неговиот фејсбук-профил.

Вчера, Филипче најави дека лекари од приватните болници „Аџибадем Систина“ и „Ремедика“ ќе помагаат во лекувањето на ковид-пацинти во Заводот за рехабилитација во Козле.