Фото: Фејсбук-профил на Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека бројот на хоспитализации во болниците, се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со ковид, се намалува и бројот на позитивни пацинети.

Тој оценува дека мерките даваат резултати.

„На редовната утринска координација со директорите на клиниките разговаравме за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид центрите и ротациите со персонал. Без разлика што бројќите паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително претапзливи, поради непредвидливоста на вирусот,“ информираше Филипче на неговиот фејсбук-профил.