fbpx

Денеска ќе пристигнат 38.000 вакцини „АстраЗенека“, а утре 100.000 „Синофарм“ донација од кинеската армија, најави Филипче

-

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека денеска треба да пристигнат близу 40.000 вакцини „АстраЗенека“ преку КОВАКС механизмот, а утре 100.000 од „Синофарм“ како донација од кинеската армија.

Според Филипче, вакцинацијата оди добро, вакцинирани се 150.000 а ревакцинирани 30.000 граѓани.

Министерот информираше дека има пријавено нови 9.000 граѓани кои се над 70 години и со нивната вакцинација, процентот на вакцинирани од оваа возрасна популација би бил 42 отсто, што според Филипче е добар резултат.

Иако Филипче најави дека заклучно со 30 април, сите што се пријавиле за вакцина, до 15 мај ќе добијат термин, тој изјави дека помладите до 40 години ќе почекаат, бидејќи по новопријавените над 70 години, тие ќе бидат приоритет.Граѓаните, термините за вакцинација треба да ги добијат до утре или до понеделник.

Во однос на рестриктивните мерки, тој рече дека во понеделник ќе се разговара со Комисијата, но лично е за тоа овие рестриктивни мерки кои се на сила да продолжат и за една недела.

Ќе се разгледува опцијата да се укине забраната за носење на маски на отворено, но не и во затврен простор, а ќе се земат предвид и барањата на угостителите за дозвола за зголемување на бројот на гостите. За сега, според епидемиолошката ситуација, нема најава за влошување на состојбата со ковид-19.

На новинарско прашање во врска со тоа, кој сој на вирусот во Македонија доминира, Филипче одговори дека тоа се уште е британскиот сој, иако имало поединечни случаи на заболувања од друг сој, како што бил граѓанин од Делчево кај кој бил детектиран јужноафрикански сој.

Филипче потенцираше дека ниту јужноафриканскиот ниту бразилскиот сој не можат да доминираат над британскиот и нема таква тенденција.

Тој информираше дека имал средба со неколку поранешни министри за здравство и имало консензус дека изградбата на нов клинички центар е најдобро решение што би решил повеќедецениски проблем.

Филипче ги повика ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат во дебати и да бидат конструктивни во интерес на граѓаните и развој на здравствениот систем по европски и светски стандарди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...