fbpx
Таг: Велика Британија

таг: Велика Британија

Четириесет пратеници од редовите на Ториевците се против Меј

Четириесет пратеници од Конзервативната партија на Тереза Меј одлучија да потпишат писмо во кое се наведува дека не ја поддржуваат британската премиерка. По вонредните избори од 8 јуни, Меј се бори да го сочува авторитетот во партијата. Како што јавува весникот „Сандеј тајмс“, потребно е уште осум конзервативци да им се приклучат на 40 пратеници за да се покрене постапка...

ЕУ се подготвува за можноста да не постигне договор за Брексит

Главниот преговарач на Европската Унија за Брексит, Мишел Барние изјави дека Брисел се подготвува за можноста да не постигне договор со Лондон, иако тоа не е сценариото кон кое тежнеат. - Тоа не е моја опција... но е една од можностите. Треба да бидеме подготвени сите, државите и компаниите – вели Барние во интервју за францускиот неделник „Журнал ди...

Во Нигерија убиен киднапиран Британец

Државјанин на Велика Британија, кој на средината од октомври беше киднапиран во Нигерија, е убиен, додека тројца се ослободени, соопштија денеска во Лондон. Британското Министерство за надворешни работи објави дека четворица Британци се киднапирани во нигериската држава Делта на 13 октомври. Како што се наведува, убиен е Јан Сквир, а британскиот Висок комесаријат и нигериските власти успеале да испреговараат ослободување на Алан Карсон,...

Нема докази дека Русија се вмешала во изборите во Велика Британија, смета Џонсон

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, денеска изјави дека нема докази дека Русија се мешала во изборите во Велика Британија. „Не видов никакви докази. Колку што знам, Русија немаше никаква улога“, одговорил Џонсон на новинарско прашање во врска со улогата на Русија во британските избори. Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, неодамна ја обвини Русија дека се меша во...

Британија давала двојно помалку пари во ЕУ отколку што тврделе заговорниците на Брексит

Британската статистичка служба соопшти дека придонесите на Велика Британија во Европска Унија се двојно помали од тоа што го тврделе заговорниците на Брексит во пресрет на минатогодишниот референдум. Канцеларијата за национална статистика соопшти дека од Велика Британија минатата година биле префрлени вкупно 9,4 милијарди фунти (12,4 милијарди долари). Тоа се околу 180 милиони фунти неделно, додека заговорниците на Брексит тврдеа...

Брексит ќе чини до 60 милијарди евра, потврди Тајани

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, денеска изјави дека сметката за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија (Брексит) изнесува меѓу 50 милијарди и 60 милијарди евра, колку што беше и претходната неформална проценка на Брисел. - Треба да бидеме реални, но британската влада не е реална. Се споменуваа 20 милијарди, но тоа е бесмислено. Сметката ќе биде меѓу 50...

Тереза Меј планира да го смени Борис Џонсон

Британската премиерка Тереза Меј навести дека би можела да го смени министерот за надворешни работи, Борис Џонсон. Најавата доаѓа во момент кога таа се обидува да го потврди својот авторитет по низата „политички катастрофи“, коментира „Ројтерс“, повикувајќи се на британскиот весник „Сандеј тајмс“. Весникот наведува дека Меј сè уште не знае какви се нејзините планови за Џонсон, кој ѝ вети лојалност,...

Автомобил влета на тротоар во Лондон – едно лице уапсено

Неколку лица се полесно повредени откако автомобил влета на тротоар во близина на Националниот музеј во Лондон, јавуваат британските медиуми. Британската полиција соопшти дека во Лондон се случила несреќа во која повеќе лица се повредени. Репортерот на „Би-би-си“ јавува дека лицата се полесно повредени и дека нема загинати. Едно лице веќе е уапсено, но засега не се откриваат никакви детали. https://twitter.com/RavensDarkAngel/status/916673546700578816 Ова е...

Британија е подготвена и да не постигне договор со ЕУ

Британската премиерка Тереза Меј вели дека владата се подготвува за секое сценарио во преговорите со Брисел, вклучувајќи ја и можноста да завршат без договор со Европската Унија. Меј во говорот на собирот на конзервативците во Манчестер рече дека длабоко во интересите на Британија е преговорите да успеат и да резултираат со нови односи меѓу Обединетото Кралство и ЕУ. И Британија и ЕУ...

Обвинетиот за нападот во лондонското метро изведен пред суд

Осумнаесетгодишниот Ахмед Хасан денеска е изведен пред судот во Лондон под обвинение за обид за убиство во врска со бомбашкиот напад во метро-станицата Парсонс грин, јави „Би-би-си“. Тој е обвинет и за предизвикување експлозија која може да го загрози животот или да предизвика сериозни повреди. Хасан пред судот го потврдил својот идентитет, датумот на раѓање и адресата на која живее. Во...

Уапсен шести осомничен за нападот во лондонското метро

Британската полиција уапси 17-годишно момче поради поврзаност со минатонеделниот терористички напад во лондонското метро, пренесуваат британските медиумите. Тинејџерот е шестиот уапсен во врска со бомбашкиот напад, кој се случи на 15. септември во близина на метро-станицата Парсонс грин, а во кој беа повредени 30 лица, јавува „Би-би-си“. Сите шестмина уапсени се задржани и остануваат во притвор во полициска станица во...

Лондон со остри критики до Трамп поради „твитовите“ за терористичкиот напад

Високиот британски функционер Демијан Грин денеска го критикуваше претседателот на САД, Доналд Трамп, поради неговите пораки на „Твитер“ во врска со полициската истрага за терористичкиот напад во метро-станицата во Лондон. Грин, кој ја има почесната титула прв државен секретар, за „Скај њуз“ изјавил дека „твитот“ на Трамп за полициската истрага не бил од помош. Тој ѝ се придружи на британската...

Британската полиција трага по бомбашот одговорен за нападот во метро-станицата

Во тек е потрага по лицето одговорно за бомбашкиот напад што вчера се случи во метро-станицата Парсон грин во југозападниот дел на Лондон, во кој 29 лица беа повредени, јавува „Би-би-си“. Полицијата соопштила дека трага по осомничените и дека стотици полицајци ги прегледуваат снимките од безбедносните камери од метро-страницата. Заканата од терористички напад во Велика Британија е подигната на највисоко -...

Бомбата во Лондон не експлодирала целосно

Експлозивната направа што го предизвика утринскиот инцидент во воз во лондонската метро-станица Парсон грин, не експлодирала целосно, а пронајден е и тајмер. Лондонската итна помош соопшти дека 22 патници се примени во болница по експлозијата, но дека никој од нив не е посериозно повреден. Безбедносните претставници за „Си-ен-ен“ рекле дека е пронајден тајмер на експлозивна направа и оти се претпоставува дека...

Пронајдена уште една бомба во Лондон

Лондонските медиуми јавуваат дека полицијата добила дојава за втора бомба и побрзала да ја обезбеди локацијата. Весникот „Дејли телеграф“ објави снимка на која се гледаат полицајци како се подредуваат во кордон за да можат да им овозможат на специјалните единици да ја претресат локацијата. На метро-станица во Лондон утринава се случи експлозија, во која неколку лица добија изгореници, а според најновите информации...

Димитров за „Скај њуз“: Ако не ни се допадне во ЕУ, ќе го следиме примерот на Британија

Тие што се внатре често забораваат колку е студено надвор, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, за „Скај њуз“, одговарајќи на прашање што очекува од Велика Британија која излегува од Европската Унија. - Ако не ни се допаѓа, ќе го следиме вашиот пример. Но, во Лондон сум да ја добијам поддршката од најстарата демократија во светот за тоа што...

Данкан до Димитров: Сакаме да ја видиме Македонија просперитетна и успешна

Сакаме да ја видиме Македонија просперитетна и успешна, му порача британскиот министер за Европа, Алан Данкан, на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, по потпишувањето на заедничката изјава за партнерство и за соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. „Нашите две земји се посветени да работат билатерално и мултилатерално за да се исполни оваа...

Трамп смета дека не е време за разговори со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека не е време за разговори со Северна Кореја и дека сите опции се отворени за одбрана на САД и на нејзините сојузници. Трамп вчера телефонски разговарал со премиерите на Австралија и на Велика Британија, Малком Трнбул и Тереза Меј, за последната нуклеарна проба на Северна Кореја, соопшти денеска Белата куќа, јавуваат светските агенции. Претседателот на...

Британија е подготвена да ги интензивира преговорите со ЕУ

Велика Британија е подготвена да ги интензивира преговорите со ЕУ за напуштањето на Унијата, но тоа сè уште не е формално договорено, соопшти портпаролката на премиерката Тереза Меј. По трите круга преговори, минатата недела европските претставници изјавија дека немало успех во поместување на преговорите од прашањата поврзани со излегувањето кон идните односи на ЕУ и на Велика Британија. Брисел го повика Лондон...

Штрајк на вработените во Мекдоналдс во Велика Британија

Синџирот ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ се соочува со првиот штрајк на вработените во Велика Британија. На две локации вработените престанаа со работа поради договорите за работа без утврдена саатница и лошите работни услови. Вработените во Кембриџ и во Крејфорд, во југоисточниот дел на Лондон, на полноќ почнаа 24-часовен штрајк. Синдикатот го оценил како храбар потегот на вработените. Синдикатот на пекарските работници соопшти...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...