fbpx
Таг: Велика Британија

таг: Велика Британија

Кабинетот на Меркел ја одобри одлуката за интервенции против ИД во Сирија

Кабинетот на германската канцеларка, Ангела Меркел, го одборил планот за вклучување на земјата во борбата против Исламска држава во Сирија, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-Би-Си“, гласањето по одлуката во германскиот парламент е закажана за утре, среда. По истото прашање, утре, според медиумите, треба да се изјаснат и членовите на британскиот парламент. Вклучувањето на Велика Британија во војната против ИД, за...

Лидерот на лабуристите против вклучувањето на Британија во војната против ИД во Сирија

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, испратил писмо до членовите на парламентот од неговата партија во кое вели дека не го поддржува планот за вклучување на Велика Британија во воздушните напади против Исламска држава (ИД) во Сирија, јавува „Би-Би-Си“. Корбин во писмото ги отфрлил тврдењата на британскиот премиер Дејвид Камерон дека бомбардирањето на цели на ИД ќе ја направи...

Камерон: Британија треба да се приклучи на коалицијата против ИД

Британскиот премиер Дејви Камерон во обраќањето пред парламентот рече дека Велика Британија треба да се приклучи на меѓународната коалиција во воздушните напади против исламистите на Исламска држава во Сирија. - Милитантите се закана за нашиот начин на живот – рече Камерон. За барањето на Камерон, парламентот ќе одлучува следната недела. Во понеделникот Камерон ѝ одобри на Франција да ја користи британската воздухопловна база во...

Украдено возило со белгиски регистарски таблички е причина за блокадата на Лондон

Украдено возило со белгиски регистерски таблички е причина за блокадата на Лондон. Полицијата го забележала возилото, по што го запрела и ги уапсила тројцата мажи што биле во него. По акцијата, во која учествуваше и полициски хеликоптер, амбулантно и противпожарно возило, сообраќајот во овој дел на градот е нормализиран.

Дел од Лондон под полициска блокада

Лондонската полиција целосно ја блокирала улицата Блекфрајарс, откако запрела комби и уапсила тројца мажи. Засега не се откриваат причините зошто комбито било запрено, но сообраќајот во овој јужен дел од градот и понатаму е блокиран. Локалните медиуми јавуваат дека на местото се наоѓа најмалку едно возило на итната помош, а полициски хеликоптер го надлетува овој дел од градот. Полициската акција доаѓа...

Повеќе од 50 отсто од Британците се за излез од ЕУ

Повеќе од 50 отсто од Британците сакаат Велика Британија да ја напушти Европската унија, додека 47 отсто од испитаниците и понатаму сакаат нивната држава да остане членка, покажуваат последните анкети. Премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Камерон, рече дека Велика Британија до крајот на 2017 година треба да се изјасни дали ќе остане во ЕУ или не. Камерон рече дека се залага...

ММФ: „Брексит“ и бегалската криза се закана за интеграциите на Европа

Бегалскиот бран во Европа и можното излегување на Велика Британија од Европската унија – „брексит“, претставуваат закана за економските интеграции на континентот, оцени Меѓународниот монетарен фонд. - Загрижен сум поради силниот тренд во Европа за повлекување од пазарот на интеграции – изјави главниот економист на ММФ, Маурис Обстфелд, додавајќи дека главна причина за влошување на трендот се „бегалската криза, која...

Соботка: Слободата на движење во ЕУ е од клучна важност

Чешкиот премиер, Бохуслав Соботка, денеска рече дека евентуалната промена во врска со слободата за движење во ЕУ ќе предизвика „сериозен проблем“. - Правото да се живее и да се работи каде било во ЕУ е апсолутно од фундаментална важност, имајќи го предвид нашето историско искуство – рече Соботка, реагирајќи на говорот на британскиот премиер Дејвид Камерон за промените што ги бара...

Камерон во вторник ќе ги изнесе предлозите за реформи на ЕУ

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, во вторник треба да открие кои се реформите што ги бара од Европска унија, за Велика Британија да остане членка. Откако на Британците им вети референдум за членство на Велика Британија во ЕУ до крајот на 2017 година, Камерон во вторник ќе ги објави барањата на својата земја во писмо до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Писмото што треба...

Како порталот Спутник, гласноговорник на Кремљ, известуваше за македонските избори?

Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци...