fbpx
Таг: Велика Британија

таг: Велика Британија

Камерон: Заговорниците на „брексит“ ги лажат гласачите

Британскиот премиер Дејвид Камерон ги обвини заговорниците за излегувањето на Велика Британија од Европска Унија дека ги лажат гласачите, но додаде дека не е загрижен дека приврзаниците за останување во Унијата ќе ја загубат трката. Анкетите даваат мешани прогнози, но обложувачките квоти за одлука за излез од Унијата на референдумот на 23 јуни се смалија од 4:1 на 2:1. Камерон, кој...

Две експлозии во близина на телевизијата „Ај-ти-ви“

Студиото на телевизијата „Ај-ти-ви“ во Лондон е евакуирано поради дојава за бомба која наводно е сместена во сомнително возило, паркирано во непосредна близина. Според тврдења на очевидци две контролирани експлозии одекнале пред студиото „Саутбенк“. Портпаролот на лондонската полиција соопшти дека експлозиите одекнале два ипол часа откако ја добиле дојавата за сомнителното возило.

Јункер: Британија ќе се смета за „трета земја“ ако излезе од ЕУ

Велика Британија ќе биде третирана како „трета земја“ доколку излезе од Европската унија предупреди претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во интервју за францускиот весник „Монд“. - Доколку Британците на 23 јуни гласаат против останувањето на земјата во ЕУ, животот во државата нема да се одвива како досега. Обединетото Кралство ќе треба да прифати да биде третирано како трета...

Трамп: Ако станам претседател, нема да имам добри односи со британскиот премиер

Кандидатот за претседател на САД, милијардерот Доналд Трамп, изјави дека доколку победи, најверојатно нема да има добри односи со премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, бидејќи тој ја отфрлил неговата идеја за забрана за влез на муслимани во САД, нарекувајќи ја „глупа и погрешна“. Камерон го критикуваше Трамп во британскиот парламент поради неговиот став за муслиманите и порача дека Велика...

ММФ: Излегувањето од ЕУ ќе ја загрози британската економија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска предупреди дека излегувањето на Велика Британија од Европската Унија би имал „негативно и значајно влијание“ на економскиот пораст за земјата, а статусот на Лондон како глобален финансиски центар би можел да биде загрозен. Во редовниот извештај за состојбата на британската економија, ММФ наведува дека гласањето на референдумот за излез од ЕУ може да резултира со „долготраен...

Камерон: Излегувањето од ЕУ го зголемува ризикот од војна

Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, денеска предупреди дека излегувањето на земјата од Европската Унија ја зголемува опасноста за војна во Европа и оти државата ќе плати голема цена ако ѝ заврти грб на 28-члената унија. Говорот на Камерон беше дел од националната кампања во пресрет на референдумот за останување или излегување од ЕУ, која влегува во последните недели. Премиерот рекол...

Јункeр: „Брексит“ би имал несогледливи последици

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија би нанело „несогледливи последици“ на европската соработка, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункeр. - „Брексит“ со сигурност би ѝ нанел несогледливи последици на европската соработка, за што апсолутно не сакам да шпекулирам, бидејќи сум уверен дека Британците ќе донесат разумна одлука - нагласи Јункер во интервју за германската медиумска група „Функе...

Британија е загрижена за посветеноста на Груевски на демократските процеси

Британскиот министер во сенка за надворешни работи, Хилари Бен, синоќа побара објаснување од британскиот државен секретар за надворешна политика и за Комонвелт оценка за владеењето на правото во Македонија, откако претседателот прогласи аболиција. Државниот секретар, Филип Хамонд, се повика на изјавата на министерот за Европа, Дејвид Лидингтон, во која се изразува длабока загриженост. „Како што јасно истакна министерот Лидингтон, ние сме...

Обама во Лондон ќе ги убедува Британците да останат во ЕУ

Американскиот претседател Барак Обама пристигна во Лондон за да се обиде да ги увери британските гласачи да се определат за опстанок во ЕУ на претстојниот референдум, за кој Вашингтон стравува дека може го ослаби Западот. Неговата посета на Лондон оди во прилог на британскиот премиер Дејвид Камерон, кој води кампања за опстанок на Британија во ЕУ во пресрет на референдумот...

Лидингтон: Не сме сигурни дека во Македонија има услови за избори на 5 јуни

Британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон, го повика македонскиот претседател Ѓорге Иванов да ја повлече својата одлука за помилување лица за кои се води истрага. „Претседателската одлука од 12 април, да се помилуваат индивидуи што во моментов се под истрага поради обвиненија за злоупотреба, е прашање кое особено загрижува. Оваа одлука, која ги штити функционерите и поранешни министри кои се обвинети за...

Британскиот весник „Индепендент“ од утре само во дигитално издание

Британскиот весник „Индепендент“ денеска го објави своето последно печатено издание, а од утре, триесет години стариот весник ќе биде достапен само во дигитална форма. Новинарите на интернет објавија фотографија од тимот како тропа на маса, што е стара традиција кога заминува некој од колегите.   Во последниот уредувачки напис за печатеното издание де наведува дека „историјата ќе биде судија на нивниот храбар...

Британија не е сигурна дека Русија навистина ќе се повлече од Сирија

Велика Британија не е сигурна дека Русија навистина ќе ги повлече своите воени сили од Сирија, изјави британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд, во Багдад. - Веќе имаме искусено слична ситуација во Украина. Русија најави повлекување на своите трупи, а всушност тоа беше само ротација на воените сили. Ако се потврди повлекувањето, ќе биде интересно да се види колку...

Ахмети и Лидингтон разговараа за изборите на 5 јуни

Овие избори ќе бидат најнабљудувани во историјата на земјата, а има повеќе од доволно време за сите подготовки за 5 јуни, стои во соопштението од ДУИ по средбата на претседателот на партијата, Али Ахмети, со Давид Лидингтон, државниот министер за Европа на Велика Британија. „ДУИ има јасна визија за тоа што треба да се преземе до изборите и по изборите и, како...

Германската полиција истражува документи со идентитети на борци на ИД

Германската полиција за борба против тероризмот почнала истрага во врска со документи што ги откриваат идентитетите на голем број борци на Исламска држава (ИД), јавува „Би-би-си“. Според британските и германските медиуми, кои дошле до документите, станува збор за прашалници за регрутирање кои го откриваат идентитетот на илјадници поддржувачи на ИД од околу 50 земји. Како што пренесува британскиот национален сервис, документите содржат...

Хокинг е за останување на Британија во ЕУ

Британскиот астрофизичар Стивен Хокинг и уште 150 универзитетски професори денеска во писмо посветено на останувањето на Велика Британија во Европската Унија, оценија дека излегувањето од Унијата би претставувало катастрофа за науката. - Ако Велика Британија ја напушти ЕУ, тоа би значело губење на слободата на движење на научниците од Велика Британија кон Европа и тоа би било катастрофално за науката и...

Озборн: Напуштањето на ЕУ ќе биде економски шок за Британија

Велика Британија ќе доживее „длабок економски шок“ доколку избирачите одлучат да ја напуштат ЕУ, изјави денеска британскиот министер за финансии Џорџ Озборн. Министерот, кој се наоѓа во Кина на состанокот на групата 20 водечки светски економии, за „Би-би-си“ изјави дека неодамнешното слабеење на фунтата „потсетува дека ова не е некоја политичка салонска игра“. Фунтата ја достигна најниската вредност во последните седум...

Британски експерти ќе помагаат со реформите во УБК

Експерти од Велика Британија ќе ѝ помагаат на македонската тајна полиција да ги спроведе потребните реформи за модернизација, транспарентност, надзор, законитост и за почитување на демократските вредности и принципи. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР), Обединетото Кралство работи со Република Македонија во поддршка на реформите во разузнавачките агенции, како дел од пошироката помош на меѓународната заедница за...

Камерон пред парламентот ќе го претстави договорот со ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон пред парламентот ќе го претстави договорот што во петокот го постигна со своите европски партнери, четири месеци пред најавениот референдум за останувањето или излегувањето на Британија од Европската унија. Камерон се надева дека Британците ќе гласаат за останување во Унијата на референдумот на 23 јуни, иако не го придоби лондонскиот градоначалник Броси Џонсон, кој се приклучи кон...

Референдумот за членството на Британија во ЕУ ќе се одржи на 23 јуни

Британскиот премиер денеска, по состанокот со неговиот владин кабинет, соопшти дека референдумот на кој ќе се одлучува за останување или излегување на Велика Британија од членството во Европската унија (ЕУ), ќе се одржи на 23 јуни оваа година, јавува „Би-Би-Си“. Камерон, како што пренесува британскиот национален сервис, изјавил дека тој ќе води кампања за останување на Велика Британија во реформираната...

Камерон и Брисел постигнаа договор за „специјален статус“ на Велика Британија во ЕУ

Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон и Европската унија постигнаа договор за останување на земјата во унијата, кој, како што соопшти синоќа претседателот на Евроскиот совет, Доналд Туск бил едногласно поддржан од сите 28 членки на ЕУ. „Постигнат е договор. Едногласна поддршка за новиот договор меѓу Велика Британија и ЕУ“, напиша Туск на својот твитер-профил. Претседателот на Европскиот совет навел дека,...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...