fbpx
Таг: Велика Британија

таг: Велика Британија

Камерон и Брисел постигнаа договор за „специјален статус“ на Велика Британија во ЕУ

Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон и Европската унија постигнаа договор за останување на земјата во унијата, кој, како што соопшти синоќа претседателот на Евроскиот совет, Доналд Туск бил едногласно поддржан од сите 28 членки на ЕУ. „Постигнат е договор. Едногласна поддршка за новиот договор меѓу Велика Британија и ЕУ“, напиша Туск на својот твитер-профил. Претседателот на Европскиот совет навел дека,...

Лидерите на ЕУ се обидуваат да го убедат Лондон да остане во Унијата

Британскиот премиер Дејвид Камерон ја мина ноќта во Брисел, каде се сретна со европските лидери во обид да пронајдат решение што би придонело за задржување на Обединетото Кралство во Европската унија. Одредени лидери на ЕУ сметаат дека сè уште постои можност Камерон да замине во Лондон за да го претстави планот за останување во Унијата. Британскиот премиер допатува во Брисел барајќи...

Мигрантите и излегувањето на Британија од ЕУ, во фокус на самитот на Унијата

Можното излегување на Велика Британија од Европската унија и мигрантската криза се двете главни теми за кои ќе расправаат шефовите на земјите-членки на ЕУ-самитот, кој денеска почнува во Брисел. Европските претставници на дводневниот самит ќе се обидат да постигнат договор меѓу Брисел и Лондон за барањата на британската влада како да се избегне „брексит“, односно излегувањето на Велика Британија од Унијата. Претседателот...

Принцот Вилијам го поддржа останувањето на Британија во ЕУ?

Британскиот принц Вилијам изјави дека британската традиција на соработка со меѓународните партнери е клучна за нејзината безбедност. Принцот Вилијам во говорот во британскиот Форин офис, кој британските медиуми го протолкуваа како поддршка на членството на Британија во ЕУ, рече дека земјата има повеќевековна традиција на сојузништва и на партнерства. - Нашата способност во заеднички акции да се обединиме со други нации...

Де Зајас: Шведска и Велика Британија да ја почитуваат одлуката на ОН за Асанж

Шведска и Велика Британија да ја почитуваат препораката од работната група на светската организација и да му овозможат слободно движење на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, порача денеска експертот за човекови права на ОН, Алфред де Зајас. - Овие земји треба да покажат добар пример и да ја почитуваат одлуката на работната група на ОН - истакна Де Зајас. Лондон и Стокхолм го отфрлија...

Асанж: Британија и Шведска да ја почитуваат одлуката на ОН

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска ги повика Велика Британија и Шведска да ја почитуваат одлуката на работната група на ОН, според која тој е „незаконски притворен“. Официјален Лондон и Стокхолм ја отфрлија одлуката. Асанж смета дека одлуката на ОН е оправдана и рече дека Британија и Шведска не можат да вложат жалба на одлуката на работната група, иако официјален...

ОН бараат ослободување на Асанж, Лондон и Стокхолм го отфрлија барањето

Работната група на независни експерти на ОН денеска соопшти дека основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, треба да биде ослободен и да му се плати оштета затоа што е „арбитражно затворен“ во амбасадата на Еквадор во Лондон. Асанж (44), кој се соочува со екстрадиција во Шведска поради обвинение за силување, побара азил во амбасадата на Еквадор во Лондон во 2012 година. - Работната...

На донаторската конференција за Сирија во Лондон, собрани повеќе од 10 милијарди долари

Повеќе од 10 милијарди долари биле собрани на донаторската конференција за Сирија и за регионот во Лондон, соопштил денеска британскиот премиер, Дејвид Камерон, пренесуваат светските агенции. Како што соопштил Камерон, на конференцијата биле собрани 6 милијарди долари за 2016 година и уште 5 милијарди долари до 2020 година. Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, изјавил дека меѓународната заедница никогаш...

Асанж ќе прифати апсење ако ОН пресудат против него

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ќе ѝ се предаде на британската полиција доколку комисијата на ОН пресуди дека не е нелегално притворен. Асанж веќе три години е во амбасадата на Еквадор во Лондон. „Ако ОН утре објават дека сум го изгубил својот случај против Британија и Шведска, попладне ќе излезам од амбасадата и ќе прифатам британската полиција да ме уапси затоа...

Иванов утре на конференција за поддршка на Сирија и на регионот во Лондон

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре ќе учествува на Самитот за поддршка на Сирија и на регионот, што се одржува во Лондон, Велика Британија, каде ќе има и свое обраќање, соопштија денеска од кабинетот на Иванов. „Целта на самитот на шефови на држави и на влади е создавање фондови и обезбедување помош од меѓународната заедница за обновување на Сирија,...

Туск ги објави отстапките за Британија, Камерон го поздрави напредокот

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на јавноста ѝ ги претстави клучните предлог-реформи што би требало да обезбедат опстанок на Британија во Европската унија, вклучувајќи ја и опцијата земјата на четири години да ја укине социјалната помош за мигрантите, како и заштитни мерки за држави кои не се членки на еврозоната. „Да се биде или да не се биде заедно, тоа...

Британија ќе прима деца-бегалци без родители

Британија ќе прими засега неопределен број деца кои се одвоени од своите родители во судирите во Сирија и во другите земји, соопшти денеска британската влада. - Кризата во Сирија и случувањата на Блискиот Исток и на северот на Африка одвоиле голем број деца-бегалци од семејствата – соопшти британскиот министер за имиграција, Џејмс Брокеншајр. Наведувајќи дека подобро би било повеќето од нив...

Британија: Путин веројатно го одобрил убиството на Литвиненко

Во извештајот на британската комисија што ја води истрагата за смртта на рускиот разузнавач Александар Литвиненко се наведува дека зад неговото труење „стои руската влада“, а претседателот Владимир Путин веројатно го одобрил убиството“. Литвиненко е отруен во Лондон со радиоактивен полониум 2010 пред десет години, а резултатите од истрагата покажаа дека голема е можноста убиството да го извршиле руските државјани Дмитриј Ковтун...

Валс: Да се избегне излегувањето на Британија од ЕУ, но не по секоја цена

Францускиот премиер Мануел Валс денеска предупреди во Давос дека би било многу лошо ако Велика Британија излезе од ЕУ, но оти британските барања не мора да бидат задоволени по секоја цена. - Излегувањето на Британија од ЕУ, без сомнеж, е лоша работа, особено лоша работа – рече Валс пред новинарите во Давос, каде учествува на Светскиот економски самит. Тој рече дека...

Камерон ќе им дозволи на министрите да водат кампања за излез од ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон ќе им одобри на своите министри да водат кампања за излегување од Европска унија на претстојниот референдум, објави „Би-Би-Си“, не наведувајќи ги изворите. Камерон бара нови преговори за нови услови за членството на Велика Британија во ЕУ, тврдејќи дека сака да останат во реформиран европски блок. Сепак, како што вели, не може ништо доколку не се...

Русија и Британија разговараа за избегнување воздушни и поморски инциденти

Руското министерство за одбрана соопшти дека британски воени претставници разговарале со руските колеги во Москва за начини да се избегнат инциденти меѓу вооружените сили на двете земји во воздух и на море. Британија се жалела дека повеќепати морала да ги подигне своите борбени авиони поради руските бомбардери, кои летале премногу близу до британскиот воздушен простор. Во неколку случаите, Британци морале...

Величковски: Политичката криза не се решава само со правна рамка

Политичката криза не се решава само со правна рамка, еднакво како што незрелоста на политичките лидери во земјата не може да биде алиментирана од грижата на меѓународната заедница за политичката криза да не прерасне во безбедносен предизвик, изјавил претседателот на Либералната партија (ЛП), Ивон Величковски, на денешната средба со амбасадорот на Велика Британија во Скопје, Чарлс Гарет. Како што посочил...

Британија почна воздушни напади против ИД во Сирија

Британски авиони утринава почнаа да ги бомбардираат позициите на Исламска држава во Сирија, само неколку часа откако британскиот парламент го одобри почетокот на акцијата. Четири авиони полетале во акција од британската база Акротири на Кипар. Неименуван претставник на министерството за одбрана на Британија соопшти дека мета на нападите биле цели во Сирија и најави повеќе детали во текот на денот. Велика...

Британија: Уапсени четири лица поради терористички планови

Британската полиција денеска уапсила четири мажи во Лутон поради сомнеж дека планирале терористички дела, јавуваат локалните медиуми. Мажите, кои се на возраст ооколу 30 години, се префрлени во притвор во полициска станица во Лондон. Во моментов се изведуваат претреси на адреси во Лутон, северно од Лондон, а се пребаруваат и неколку автомобили, соопшти полицијата. Апсењата и претресите се дел од актуелната истрага...

Евакуиран дел од Лондон поради сомнителен пакет

Полицијата во Саутворк, Лондон, добила дојава дека на улицата Тулиј се наоѓа сомнителен предмет. Пиротехничарите веднаш излегле на терен за да го пронајдат и да го идентификуваат предметот. Бројни деловни згради кај лондонскиот мост се евакуирани откако е пронајден сомнителниот предмет, јавува весникот „Сан“. Информацијата ја потврди и портпаролот на лондонската полиција.  

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...