fbpx

Бомбата во Лондон не експлодирала целосно

-

Експлозивната направа што го предизвика утринскиот инцидент во воз во лондонската метро-станица Парсон грин, не експлодирала целосно, а пронајден е и тајмер.

Лондонската итна помош соопшти дека 22 патници се примени во болница по експлозијата, но дека никој од нив не е посериозно повреден. Безбедносните претставници за „Си-ен-ен“ рекле дека е пронајден тајмер на експлозивна направа и оти се претпоставува дека напаѓачите планирале напад од поголеми размери.

Британската премиерка, Тереза Меј се враќа во Даунинг стрит бидејќи за време на нападот била надвор од Лондон, во својата изборна единица.

Лондонската полиција и официјално ја прогласи утринската експлозија за терористички напад и соопшти дека голем број луѓе се повредени и дека полициските сили задолжени за борбата против тероризмот водат истрага. Скотланд јард сè уште нема извештај за постоење на друга експлозивна направа, ниту за човек со нож.

Најавено е дека попладне ќе се одржи состанок на комитетот за итно дејствување, со кој ќе раководи британската премиерка.

Шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, за „Скај њуз“ рече дека особено е важно во моментов да не се изнесуваат шпекулации.

– Очигледно, сите треба да останеме мирни и да продолжиме да водиме живот на нормален начин, колку што е тоа можно – рече Џонсон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...