fbpx
Таг: Велика Британија

таг: Велика Британија

Британија ќе помага со стратегијата за реформи во одбраната и членство во НАТО

Стратешкиот одбранбен преглед, кој е клучен документ за водењето на одбранбените реформи и за членството на Македонија во НАТО, треба да биде готов до средината на следната година. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, за ова на денешната средба го информирала советникот за одбрана и безбедност во Одделот за стабилизација на Велика Британија, Стивен Гловер, кој е во дводневна посета...

Во Брисел трета рунда преговори за Брексит

Во Брисел денеска британскиот министер за Брексит и преговарачот на ЕУ одржуваат трета рунда на преговори за излегување на Велика Британија од Унијата. Велика Британија би требало да ја напушти ЕУ до крајот на март 2019 година, две години откако британската премиерка Тереза Меј на 29 март оваа година официјално ја започна процедурата за излегување од Унијата. Првата етапа на преговори...

Симулиран напад на британскиот парламент – пратениците се лесна мета

Од британскиот парламент протекоа податоци за шокантните безбедносни пропусти откако полицијата извела таен симулиран терористички напад во кој би можело да бидат убиени повеќе од 100 пратеници, пишува британскиот весник „Телеграф“, наведувајќи дека во зградата на парламентот би можело да се влезе за помалку од пет минути. При пробниот напад, кој е извршен сред ноќ, полицајците маскирани како екстремисти користеле...

Полицајци нападнати со нож пред Бакингемската палата

Маж синоќа е уапсен во Лондон, откако нападнал полицајци пред Бакингемската палата. Како што соопшти лондонската полиција, двајца полицајци се здобиле со полесни повреди додека го апселе осомничениот. „Полицајците пред Бакингемската палата синоќа околу 20.35 часот по локално време сопреле маж кој поседувал нож. Двајца полицајци се полесно повредени во пределот на раката“, стои во полициското соопштение. Засега нема информации за други...

Дамаск ги обвини Вашингтон и Лондон дека им праќале хемиско оружје на терористите

Сирискиот заменик министер за надворешни работи, Фејсал Микдад соопшти дека во напуштено складиште за оружје на бунтовниците се пронајдени отровни супстанци на кои се гледа дека во Сирија стигнале од САД и од Велика Британија. - Пронајдени се рачни бомби и минофрлачки гранати опремени со агенсите цезиум и цијанид. Хемиската муниција ја произвела компанијата агенсите „Федерал лабораторис“ од САД, а...

Евакуирана метро станица во Лондон поради дефект на воз

Британската полиција соопшти дека ја евакуирала подземната железничка станица Холборн во Лондон поради чад на платформата, предизвикан од дефект на еден од возовите. Противпожарната служба и полицијата претходно соопштија дека нивните припадници се упатени на лице место по пријавата за пожар и чад, кој избил во еден од вагоните на возот. - Работиме на повторно отворање на подземната станица Хелборн, откако...

Лондон сака привремена царинска унија со ЕУ по Брексит

Велика Британија сака да преговара со Брисел за „привремена царинска унија“, по излегувањето на земјата од Европската Унија, соопшти денеска британското министерство за Брексит. Во соопштението се наведува дека британската влада сака „транзициски период“ за време на кој би се одржала „блиската врска“ со европската царинска унија. „Еден од можните пристапи е привремена царинска унија меѓу Велика Британија и ЕУ и...

Меѓународната заедница загрижена поради актуелната ситуација на Косово

Амбасадорите на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и САД се загрижени поради актуелната ситуација на Косово. Ставот на амбасадорите денеска го соопшти американската амбасада во Приштина. „Косово се соочува со многу предизвици, како актуелни, така и долгорочни, вклучувајќи ја програмата со ММФ, енергетската ситуација, но исто така и потребата за економски развој, јакнење на владеењето на правото, европската перспектива...

Данкан: Договорот помеѓу Бугарија и Македонија е чекор во вистинската насока

Британскиот министер за Европа, сер Алан Данкан, го поздрави потпишувањето на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија, оценивајќи го како чекор во вистинска насока. „При моите неодамнешни посети на Бугарија и на Македонија, видов силна посветеност за подобрување на односите меѓу двете земји. Го поздравувам потпишувањето на Договорот за пријателство помеѓу Бугарија и Македонија како чекор напред во вистинската...

„Опел“ и „Воксхол“ станаа дел од ПСА, се роди вториот најголем европски автопроизводител

„Опел аутомобил ГмбХ“, со своите две марки „Опел“ и „Воксхол“ од денеска е во сопственост на францускиот автопроизводител ПСА, кој ги произведува автомобилите „Пежо“, „Ситроен“ и „ДС“. По половина година преговори, денеска е официјализиран договорот со кој „Џенерал моторс“ ги продава контролните пакети на „Опел“ и на „Воксхол“ на Французите. „Опел“ 88 години беше во сопственост на американскиот автопроизводител. Според...

Принцот Филип оваа недела ќе се повлече од јавноста

Принцот Филип, 96-годишниот сопруг на кралицата Елизабета Втора, ќе се повлече од јавниот живот оваа недела. Како што се наведува во соопштението на Бакингемската палата, тој оваа недела ќе учествува на последниот јавен ангажман. Војводата од Единбург, кој служел како офицер за време на Втората светска војна, в среда ќе присуствува на парадата на Корпусот на кралските маринци во Бакингемската палата. „Со...

Поплава разори село во Велика Британија

Голема поплава вчера го опустоши Корнвол во Велика Британија. Уништени се куќи во селото Коврак, каде со хеликоптери се спасувало загрозеното население. Локалните жители велат дека крајбрежното подрачје во попладневните часови било зафатено од силни дождови и од град. Невремето траело околу два часа, а нивото на водата во некои места достигнало и до метар и пол. Брзаците ги поплавиле куќите...

Двајца мажи со киселина напаѓале минувачи во Лондон

Две лица на украден мопед 90 минути дивееле низ Лондон и нападнале пет луѓе со киселина, пренесува „Индепендент“. Полицијата соопшти дека напаѓачите им фрлале киселина в лице на случајните минувачи, при што еден од нападнатите е потешко повреден. Мажите кои се возеле на мотор прво нападнале 32-годишен маж, кому по нападот му го одзеле моторот. https://twitter.com/IWillRedPillYou/status/885706648471445504

Борис Џонсон: Британија ќе направи сè што може за Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ

Велика Британија ќе направи сè што може за да ѝ помогне на Македонија на нејзиниот пат за влез во Европската Унија и во НАТО, истакнал шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, во рамките на самитот за Западен Балкан во Трст, Италија. Џонсон, кој ја претставувал британската премиерка Тереза Меј на самитот, нагласил дека...

Меј заплакала кога ги слушнала изборните резултати

Британската премиерка Тереза Меј не сакаше да каже уште колку ќе остане на власт откако го изгуби парламентарното мнозинство, но откри дека пуштила солза откако ги слушнала резултатите од изборите во јуни. - Гледам дека имаме многу работи да завршиме, а јас како премиер сакам да продолжам да работам за да го смениме живот на луѓето на подобро – рече...

Пожар на пазар во Лондон

Пожар ноќеска изби во лондонскиот пазар Кемден лок, но нема повредени лица. Засега не се знае причината за пожарот, кој е локализиран, јавуваат британските медиуми. Лондонските пожарникари на „Твитер“ објавија дека пожарот зафатил три ката и покривот на Кемден лок. Не местото на пожарот имало 10 возила на брзата помош, а 70 пожарникари се бореле со огнената стихија. Портпаролката на лондонската брза...

Британската премиерка Меј под притисок за ублажување на мерките за штедење

Водечки британски министри вршат притисок на премиерката Тереза Меј да ги ублажи мерките за штедење и да ги укине органичувањата за платите на вработените во државните служби, пишуваат британските медиуми. Весникот „Обсервер“ денеска пишува дека министерот за здравство, Џереми Хант, лобира да се укине ограничувањето за зголемување на платата од еден отсто за вработените во националната здравствена служба. „Телеграф“, пак,...

Тереза Меј постигна договор со партијата од Северна Ирска за поддршка на владата

Британската премиерка Тереза Меј денеска постигнала договор со Демократската унионистичка партија на Северна Ирска за поддршка на партијата на нејзината малцинска влада пред гласањето за важните закони во британскиот парламент. Портпаролот на Дауининг стрит потврдил дека договорот меѓу конзервативците и унионистите е потпишан, јавуваат британските медиуми. Конзервативците на Тереза Меј го изгубија апсолутното мнозинство во Долниот дом на британскиот парламент на предвремените...

Повеќе од 60 згради во Велика Британија не ги задоволуваат противпожарните стандарди

Британската влада вчеравечер соопшти дека досегашната истрага утврдила дека најмалку 60 згради во Британија не ги исполнуваат и се во спротивност со безбедносните стандарди против пожари. Локалните власти во земјата се на готовс во случај на нови евакуации на станари по неодамнешниот пожар во зграда во Лондон, во кој загинаа 79 лица. „Сите надлежни служби, станари и пожарникари ги добија...

Меркел го поздрави предлогот на Меј за правата на европските граѓани по Брексит

Германската канцеларка Ангела Меркел го поздрави предлогот на британската премиерка Тереза Меј, која на првиот ден од самитот на лидерите на Европската Унија во Брисел изјави дека државјаните на земјите од ЕУ што живеат во Велика Британија ќе можат да останат во земјата и по нејзиното излегување од Унијата. „Тоа е добар почеток. Но, нормално има уште многу прашања“, изјавила доцна...

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...