Британската полиција соопшти дека ја евакуирала подземната железничка станица Холборн во Лондон поради чад на платформата, предизвикан од дефект на еден од возовите.

Противпожарната служба и полицијата претходно соопштија дека нивните припадници се упатени на лице место по пријавата за пожар и чад, кој избил во еден од вагоните на возот.

– Работиме на повторно отворање на подземната станица Хелборн, откако дефектниот воз предизвика евакуација – соопшти полицијата.