Данкан: Договорот помеѓу Бугарија и Македонија е чекор во вистинската насока

-

Британскиот министер за Европа, сер Алан Данкан, го поздрави потпишувањето на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија, оценивајќи го како чекор во вистинска насока.

„При моите неодамнешни посети на Бугарија и на Македонија, видов силна посветеност за подобрување на односите меѓу двете земји. Го поздравувам потпишувањето на Договорот за пријателство помеѓу Бугарија и Македонија како чекор напред во вистинската насока. Добрососедските односи помеѓу Бугарија и Македонија се клучни за обезбедување стабилност во регионот“, оцени Данкан.

Тој изрази надеж дека парламентите на двете земји ќе го ратификуваат Договорот за пријателство и ќе ја искористат оваа можност за напредок.

Британскиот министер во соопштението потсетува дека Обединетото Кралство целосно ја поддржува новата македонска влада во спроведувањето на неопходните реформи во земјата, како и во обновата и во унапредувањето на односите со соседите. Тој, исто така, истакна дека Обединетото Кралство и Бугарија споделуваат цврсто пријателство, во очекување на нивното престедателство со Европскиот совет во 2018 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Лего коцки крај шините – за Коридорот 10 брза пруга, за Коридорот 8 слеп колосек

Изградба на пругата кон Бугарија ветуваа сите политички елити во овие три децении, а нејзината изградба е започната во октомври 1994 година. Само три дена по изборот на новата...